Роберт Кајо (роден 26 јануари 1947) — Белгиски компијутерски научник кој заедно со Тим Бернерс-Ли ја развиле World Wide Web.

Роберт Кајо во 2019 година

Животопис

уреди

Роберт Кајо е роден во Тонгерен, Белгија. Во 1958 со своите родители се преселил во Антверпен. По завршувањето на средното училиште тој го завршил факултетот за инженер по електроника и машинство на универзитетот во Гент во 1969 година. Тој исто така има и магистрирано на универзитетот во Мичиген по компјутерско, инфоматичко и контролно инженерство во 1971 година. Во текот на својата воена служба во белгиската војска тој веќе почнал да пишува примитивни Фортран програми за симулација на движењето на војската.

Во декември 1974 тој почнал да работи во Церн како помошник во дивизијата за Протон Синхотронот, кои работат на системот за контрола во акцелераторот. Во април 1987 тој ја оставил дивизијата за да стане водач на групата канцелариски компјутерски системи во делот за средување на податоци. Во 1989 Тим Бернерс-Ли предложил хипертекстуални системи за пристап на многу облици и документации во врска со Церн. Бернерс-Ли го создал системот кој го нарекол World Wide Web, меѓу септември и декември 1990. За време на ова и Кајо соавторираа предлог за финансирање на проектот. Кајо подоцна станува клучен предлагач на овој проект.

Во декември 1993 во соработка со Фраунхофер Геселшафт, Кајо го започнува првиот Web-Site на Европската Комисија за ширење на информации во Европа. Како резултат на неговата работа со Легалниот систем на Церн, Церн ја објави веб технологијата во јавно власништво на 30 април 1993.

Во декември 1993 Кајо повикан на првата WWW Меѓународна Конференција која била одржана во Церн мај 1994 година. На конеференцијата биле и 380 Web пионери и претставувала пресврт во развојот на интернетот. На конференцијата дошло до формирање на меѓународна World Wibe Web конференција на одборот која од тогаш организирала годишна конференција.

Во 1994 година Кајо го започнал проектот "Училиште за Web" со Европската Комисија, кој бил со цел за збогатување на образованието. После помошта за развојот на Web преносот од Церн на УЗС тој го посветил своето време на јавните комуникации. Тој повремено се пензионирал во јануари 2005 година и го напуштил Церн јануари 2007 година.

Кајо сега е член на нов европски трансевропски полотички проект. За овај проект тој и Луца Коминаши во блиското минато напишале предлог за Европско информационо друштво.

Кајо на своите Web страни изјавува дека тој е личност која му припаѓа на опшествениот живот