Решани
Решани (грчки: Βρυσάκι, Врисаки; книжевно: Βρυσάκιον, Врисакион, до 1927 година: Ρέσιανη, Ресјани[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Решани Βρυσάκι | |
---|---|
Координати: 40°38′N 22°24′E / 40.633° СГШ; 22.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Гида |
Надм. вис. | 14 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 669 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на дваесетина километри североисточно од градот Бер, исто толку километри јужно од Ениџе Вардар и четири километри западно од градот Гида, крај главниот пат од Гида за Бер, на надморска височина од 14 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 9 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
уредиЖителите на Решани, како и на другите околни села, по народност се Грци или погрчени Македонци.[3]
По Првата светска војна во 1922 година во селото се населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото станало мешани со 46 бегалски семејства со вкупно 174 жители.[4] Во 1927 година селото е преименувано во Врисаки (Βρυσάκι).
Стопанство
уредиСелото е доста богато, бидејќи земјиштето е многу плодно и дава високи приноси. Основни земјоделски производи се памукот и шеќерната репка.[3]
Население
уредиСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Решани е село во Берската каза и во него живееле 45 Грци христијани.[3][3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Решани (Rechani) живееле 45 Грци.[6]
Во пописот од 1913 година во селото се забележани 11 жители. Во 1920 година, Решани имало 127 жители, меѓу кои и бегалци, бидејќи тука непосредно по Балканските војни биле населени бегалски семејства со 174 жители. Во 1928 година селото имало 292 жители, а во 1940 година бројот на жителите пораснал на 533, благодарение на исушувањето на Ениџевардарското Блато и ослободувањето на нови обработливи површини, со што се создале можности да се населат и други, претежно бегалски семејства. Решани во 1951 година имало 557, во 1961 година 638, во 1971 година 629, во 1981 година 615, а во 1991 година 700 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 716 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 669 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 533 | 557 | 638 | 629 | 615 | 700 | 716 | 669 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Решани, во кој е единствено село.
Личности
уреди- Родени во Решани
- Георгиос Скарлатос — грчки учител од XVIII век
- Мосхос Гиконоглу (р. 1932) — грчки политичар
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ρέσιανη -- Βρυσάκι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 24.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.