Ретем (Алер)

(Пренасочено од Ретем)

Ретем (службено познат како Ретем (Алер); германски: Rethem или Rethem (Aller)) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Алер, околу 25 километри југозападно од окружниот град Бад Фалингбостел и 18 километри југоисточно од градот Ферден.

Ретем

Rethem

Градската црква од 1839 година
Градската црква од 1839 година
Градската црква од 1839 година
Грб на Ретем
Ретем (Алер) во рамките на Германија
Ретем (Алер)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хајдекрајс
Општ. заед. Ретем/Алер
Градски единици 4
Градоначалник Франк Леференц (ДХС)
Основни податоци
Површина 33,76 км2
Надм. височина 16 м
Население 2.297 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 68 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SFA
Пошт. бр. 27336
Повик. бр. 05165
Портал www.rethem.de
Местоположба на градот Ретем во рамките на округот Хајдекрајс
Карта
Карта
Координати 52°47′5″N 9°22′41″E / 52.78472° СГШ; 9.37806° ИГД / 52.78472; 9.37806

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ретем/Алер.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Ретем се наоѓа на реката Алер, во рамки на туристичката областа долина на Алер/Лајне. Во околината се наоѓаат помеѓе стари ракави на реката Алер, кои денес се користат како мали езерца за бањање.

Градски единици

уреди

Кон градот Ретем покрај самиот град припаѓаат и местата:

  • Ретем-Мор
  • Штекен
  • Волендорф

Историја

уреди

Градот бил место на тешки борби во периодот 10-11 април 1945 година помеѓу единиците на британската војска и делови на германската војска со тешки загуби од обете страни. Повеќето германски војници не биле постари од 23 години.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 13 избрани членови. На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:[2]

  • CDU: 7 места
  • SPD: 6 места

Збратимени градови

уреди

Ретем е збратимен со следниве градови:[3]

Знаменитости

уреди
  • Замок Ретем, денес повторно изграден (од 2004 г.) како културен дом
  • Брегот на Алер со парк од скулптури
  • Градското собрание
  • Воденицата Боквинд
  • Градската црква „Св. Богородица“

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-08-12. Посетено на 2020-05-21.
  3. „Mitgliedsgemeinden der Samtgemeinde Rethem (Aller)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-19. Посетено на 2017-03-19.

Надворешни врски

уреди