Ресулјани

село во Општина Рупишта, Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Ресулја)

Ресулјани (Ресул или Ресула; грчки: Βέλος, Велос; до 1928 г. Ρεσούλιανη, Ресулјани;[2] 1928-1959 г. Καλονέρι, Калонери[3]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција.

Ресулјани
Βέλος
Ресулјани is located in Грција
Ресулјани
Ресулјани
Местоположба во областа
Ресулјани во рамките на Рупишта (општина)
Ресулјани
Местоположба на Ресулјани во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°22.47′N 21°17.41′E / 40.37450° СГШ; 21.29017° ИГД / 40.37450; 21.29017
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000640000000640 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно77
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа на околу 10 км јужно од Рупишта, на левиот брег нареката Беливод.[4] На југ се граничи со селата Девла и Сломиште.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

На крајот на XIX век Ресулјани било грчко село во Населичката каза. Се наоѓа на самата македонско-грчка јазична граница — на север од него се македонојазичните села Бела Црква и Песјак, како и двојазичното Моласи.

Во 1874 г. во селото е изградена црквата „Св. Илија“.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ресулја живееле 100 Грци христијани.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ресулјан е село сочинето од Грци-муслимани село во Населичката каза на Серфичкиот санџак со 15 куќи.[7]

Во Грција уреди

Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Ресулјани имало 129 жители кои во 1920 г. се намалиле на 117 лица.[4] На пописот од 1928 г. Ресулјани е заведено со 145 жители.[4] Истата 1928 г. селото е преименувано во Калонери, а во 1959 г. името е сменето во Велос.

Селото поризведува жито, тутун, а делумно се занимава и со сточарство.[4]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 193 169 135 88 109 115 98 77
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 38–39. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. Δήμος Άργους Ορεστικού, Архивирано од изворникот на 23 декември 2010, Посетено на 2021-02-20
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 78.

Надворешни врски уреди