Сломиште
Сломиште или Сломишта (грчки: Στέρνα, Стерна; до 1927 г. Σολομίστι, Соломисти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Сломиште Στέρνα | |
---|---|
Координати: 40°21.45′N 21°18.44′E / 40.35750° СГШ; 21.30733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Лапчишта |
Надм. вис. | 740 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 20 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено околу 8 км северозападно од Лапчишта, на патот за Нестим и Рупишта. На северозапад се граничи со костурското село Ресулјани.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиОд името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Сломиште било село во северниот дел на Населичката каза.
Сломиште е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век, како и од грчката статистика од 1904 г. на конзулатот во Еласона и онаа од 1910 г. издадена во Атина.
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Сломиште е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 125 жители, а во 1920 г. имало 120.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Стерна. Во 1928 г. населението се накачило на 145 лица, а во 1940 г. достигнало 163 жители. Во следниот период почнало да опаѓа и неговото население продолжило да се смалува до денес.
Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1913 г. врз темелите на постар храм.[4]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 163 | 137 | 120 | 101 | 94 | 76 | 46 | 30 | 20 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σολομίστι -- Στέρνα
- ↑ 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 346.
- ↑ „Ιεροί Ναοί του Αγίου Νικολάου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-03. Посетено на 3 јануари 2015.