Росен (грчки: Σιταριά, Ситарија, до 1926 година Ρόσνα, Росна) — леринско село во Егејска Македонија, Република Грција.

Росен
ΒΣιταριά
Поглед на селото Росен од патот кон Овчарани
Поглед на селото Росен од патот кон Овчарани
Росен is located in Грција
Росен
Росен
Координати: 40°47′N 21°23′E / 40.783° СГШ; 21.383° ИГД / 40.783; 21.383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаОвчарани
Заедница
 • Население714
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΗΜ

Географија и местоположба

уреди

Селото Росен се наоѓа на ддесетина километри источно од Лерин, крај железничката пруга, расположено на надморска височина од 640 метри[2], крај реката Сакулева (Елешка). Со одлука од 1918 година тоа претеставувало самостојна општина во Леринската околија со атар кој опфаќал површина од 9 килокилометри квадратни[2].

Историја

уреди

На основа на податоците запишани од Ѓорче Петров во 1896 година, селото Росен било чифлик во кое живееле 40 Македонци под духовенство на егзархијата[3]. Во своите статистики од 1900 година К’нчов го споменува селото со 400 жители, а Милоевиќ со 50 македонски куќи[2]. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Росен се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[4] Селото потпаднало под власта на Грција, по Втората балканска војна во 1913 година со Букурешкиот договор. Селото било зафатено и со борби во познатата Граѓанска војна во Грција поради што 8 семејства и неколку поединци го напуштиле, пребегнувајќи во Македонија.

Стопанство

уреди

Росен е мошне богато село чиишто главни производи се тутун, жито и грозје[2]. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, најплодна и најскапа била земјата во атарите на селата Росен, Лажени и Попожани.

Население

уреди

Селото Росен е населено само со Македонци и во етнички поглед не е променето сè до денес[2]. Во пописот од 1913 година се попишани 552 жители, а во 1920 година 805 жители[2]. Поради Граѓанската војна како и поради иселувањето во прекуокеанските земји забележан е незначителен пад на бројот на жителите, но сепак селото покажува извесна стабилност по Втората светска војна[2]. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 805 805 847 733 714 736 814 708
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Иселеништво

уреди

Поради Граѓанската војна во Грција селото го напуштиле 8 семејства и неколку поединци коишто се населиле главно во Македонија, но постои емиграција и во прекуокеанските земји[2].

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ (X/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172–173.
  3. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 445 и 467. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.