Добре дојде!

Здраво, Muad'Dib, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Добро бе не се секирајте

уреди

Само сакам да знам кои се тие глупаци што мислат дека прават нешто со тоа што додаваат статија со 3 збора и потоа се фалат со тоа колку придонесле!!?

За коментарот погоре

уреди

Твојот коментар погоре е ги крши правилата и политиките на Википедија. Статии со по три збора се создаваат чисто заради индексирање, како уредниците би можеле подоцна да видат статија што ги интересира и да ја работат. Тоа им дава поголем поттик отколку кога им е оставено на самите да се снаоѓаат, особено ако се почетници.

Навреди и недолични критики врз корисници (макар и недефинирани) се нешто дијаметрално спротивно на академскиот дух на енциклопедиајва и се третираат како многу сериозен прекршок. Овој пат нема да преземаме никакви мерки и ова нека биде само една мала опомена. --Б. Јанкулоски 12:09, 18 Април 2006 (UTC)
Не зборувај глупости, не си во право, ниту мислев да нападнам некој, ниту нападнав туку само ПОКАЖАВ на ситуацијата. Ако тоа тебе те иритира тоа е твој проблем. Се трудам да помогнам, а не да нападнам. Со вакво однесување ќе губите корисници. My 2 cents. Корисник:Muad'Dib
Вака - твојот коментар го видов пред неколку месеци и не коментирав на него, тоа е твое лично мислење. Не сум слушнал дека некој се фали со такви статии, а што се однесува до конкретниот мој став - подобро две реченици за одреден поим одошто ништо, подобро формулар, одошто ништо. Поентата ти е добра, сепак, има(ше) мал проблем во генералниот настап - имено дури и некој да згрешил на Википедија, не е воопшто добро да му викаш дека е глупак и дека зборува глупости. Не сакам да ти солам памет - идејата е дека тој некој ќе се навреди, па ќе ти врати со навреда, и генерално се креира една негативна и непродуктивна атмосфера: Википедија ама баш нема никаква корист од тоа. Википедија е проект заснован примарно на соработка - секое потценување на интелигенцијата на оние што се спремни да соработуваат, едноставно е штетен по проектот. Бојан Јанкуловски можеби реагираше малку престрого (ретки се банирања заради лични навреди), но сепак, во право е, непочитување на другите соработници се коси со начелата на Википедија. А тие главно се напишани од негативни искуства на Википедија. Значи, да не правиме од играчка-плачка, важно е само тоа дека и ти, и Бојан мислите само добро на проектов. Поздрав! --FlavrSavr 22:09, 18 Април 2006 (UTC)
Убаво кажано, и би сакал да додадам дека 1. Се може да се смета за лична навреда, и 2. Не сум рекол дека некој е глупак туку дека зборува глупости бидејќи, ако коментира што јас сум мислел преку тоа што сум го напишал, прво треба мене да ме праша. Ок, се е ок! :) Корисник:Muad'Dib
Сѐ може да се смета за лична навреда, навистина, но користењето на "глупаци" и "глупости" во реченица Х, значително ја зголемува тенденцијата реченицата Х да се сфати како навреда, не? :-) Како и да е, Бојан има направено зилион уредувања на Википедија, и практично, во овој момент тој го турка целиот проект напред, па тоа е дополнителна причина ако коментираш дека "зборува глупости", прво прво него да го прашаш што мислел. Значи, мило ми е што сѐ е ОК, те ценам како уредник, но мислам дека имаш лош настап на моменти, а Бојан ти ги фатил баш тие моменти. Едноставно не е добро, не е корисно, да не се почитуваат другите соработници. Тоа го мислам и јас, а го мисли и Велештрумф. Поздрав! --FlavrSavr 14:33, 23 Април 2006 (UTC)
Добро, нема да има нови лични напади. Поздрав! Корисник:Muad'Dib
Велештрумф вели вака: „Disagreements about content such as "Your statement about X is wrong" or "Your statement is a point of view, not fact" are not personal attacks.“ Да цитирам „Не зборувај глупости, не си во право, ниту мислев да нападнам некој, ниту нападнав туку само ПОКАЖАВ на ситуацијата.“

Тоа е во ред, но сепак, ова е лична корисничка страница за разговор :-) Boyan 13:25, 18 Април 2006 (UTC)

Некои работи да ти бидат појасни

уреди

Бидејќи веројатно не си Македонец и не си од Скопје (се гледа од неколку твои постапки и коментари), а незнаеш ни што е навивање односно “тифо-движење“ не мрчи таму кај што не ти е местото. Комити беа најдобри (веќе не се) и тоа е факт, а ти ако си Чкембар, Мајмун и др. тоа си е твој проблем. Пошто не си бил на стадион и навивање не те интересира незнам како се осуди да го коментираш тоа дека поради Ѕинго опадна квалитетот на навивањето. ТОА Е ВИСТИНА. Тој не забрани гостувања на Комити или зашто беа најдобри туку на сите им забрани! НЕ СЕ МЕШАЈ КАЈ ШТО НЕ ТИ Е МЕСТО И КАДЕ ШТО НЕ ЗНАЕШ И НЕ СИ ЗАПОЗНАЕН СО НЕКОИ РАБОТИ!!! И мене ме нервира тоа што го тргна знаменцето од статијата Капиштец,па не мрчам! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!! Македонец 20:58, 24 Мај 2006 (UTC)

Човек, ти изгледа не сфаќаш дека немам ништо против тебе или комитите, но имам против уредување спротивно на правилата на една енциклопедија. Не можеш ти да ставаш македонско знаме на населба!! Ако е тоа официјалното знаме на населбата, тогаш е дозволено, но мислам дека не е, па затоа го тргнав.
Второ, јас сум роден во Скопје и цел живот живеам во Скопје. Нема врска дал живеам во Скопје, и ако живеам, дека треба да навивам за Комити или да ги подржувам - мене Комитите ми се лично доста агресивна група која, и ма колку делеле цда, оделе на натпревари итн. нема да добијат поголема оцена кај мене. Тоа е поради тоа дека се однесуваат како дивјаци. И не, не зборувам за сите Комити - туку за оние кои се однесуваат така.
Трето, велиш Ѕинго не забранил на Комити посебно или зошто биле најдобри, туку на сите. Зошто тоа така не го напишеш во статијата? „Ѕинго забранил на сите, па и на Комитите“. А не да пишуваш дека зошто биле најдобри, биле забранети.
Нека живее Македонија, јас немам против. --Muad'Dib

За блогот

уреди

Ти го видов блогот. Е, баш слатко сум се изнасмеал. Си ставил инструкции за тинејџерки :-) Видов и дека ја промовираш Википедија на сајтот, што е многу добро од твоја страна. Малку такви места имаме. Еве, како администратор ти се заблагодарувам. Патем, приметив дека ниеднаш не порекна дека не си македонец (настрана тоа што корисникот Македонец го зборува). Во тој случај, што би бил? (се разбира, ако сакаш да кажеш). Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 10:39, 26 Мај 2006 (UTC)

Јас сум екстремен либералист, односно сметам дека се треба да биде дозволено (освен правење лошо на некој друг). Еве ѕирни тука http://www.wikocracy.com/wiki/index.php/The_perfect_constitution , статија создадена (и одржувана) од мене според мојот идеал на совршен устав. Ако баш морам да бидам одбележан со некое име, одбележи ме како граѓанин (ама не баш). Јас не сум националист.

--Muad'Dib, 14:09, 26 Мај 2006

Иницијатива 22,222

уреди
Иницијатива 22.222
         Здраво, Muad'Dib!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии

уреди
Иницијатива
           Здраво, Muad'Dib!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 02:10, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000

уреди
Иницијатива
         Здраво, Muad'Dib!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 02:10, 13 декември 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата

уреди
Иницијатива
           Здраво, Muad'Dib!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:25, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии

уреди
Иницијатива 500 (избрани) статии
           Здраво, Muad'Dib!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:03, 1 февруари 2009 (UTC)

10 години Википедија

уреди
        Здраво, Muad'Dib!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:48, 13 јануари 2011 (CET)Одговори