Разговор со корисник:Ehrlich91/Архива 12

Последен коментар: пред 1 година од Ehrlich91 на темата Долно Количани

How we will see unregistered users

уреди

Hi!

You get this message because you are an admin on a Wikimedia wiki.

When someone edits a Wikimedia wiki without being logged in today, we show their IP address. As you may already know, we will not be able to do this in the future. This is a decision by the Wikimedia Foundation Legal department, because norms and regulations for privacy online have changed.

Instead of the IP we will show a masked identity. You as an admin will still be able to access the IP. There will also be a new user right for those who need to see the full IPs of unregistered users to fight vandalism, harassment and spam without being admins. Patrollers will also see part of the IP even without this user right. We are also working on better tools to help.

If you have not seen it before, you can read more on Meta. If you want to make sure you don’t miss technical changes on the Wikimedia wikis, you can subscribe to the weekly technical newsletter.

We have two suggested ways this identity could work. We would appreciate your feedback on which way you think would work best for you and your wiki, now and in the future. You can let us know on the talk page. You can write in your language. The suggestions were posted in October and we will decide after 17 January.

Thank you. /Johan (WMF)

19:18, 4 јануари 2022 (CET)

Помош

уреди

Здраво Тони. Итно ми треба помош. Во Српската википедија пишуваат северномакедонски наместо македонски. Јас секако не го дозволив тоа, и ги заклучија статиити со промени. Им објаснив дека според Преспанскиот договор само името на државата се смени, а не и придавките и националноста. Те молам оди кај статијата 2bona на српската статија и види во „разговор“ и „историја на уредувања“. Администраторите одлучија да направат дискусија и ќе видат што ќе направат на нивната Википедија. Помогни :) Поздрав. Andrew012p (разговор) 20:52, 8 јануари 2022 (CET)Одговори

@Andrew012p: Одговорив на страницата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 21:19, 8 јануари 2022 (CET)Одговори

Здраво, кога ми ги отповика уредувањата за Македонија, ми се отповика и уредувањето кога одбив вандализам. Тие информации се многу важни кај инфокутијата. Сега како да го вратам, а да не е рачно? Многу време би се изгубило. Да се откаже твоето отповикување, па така ќе го нема вандализмот и тогаш рачно ќе се тргне акцентот? Поздрав. —Andrew012p (разговор) 18:07, 10 март 2022 (CET)Одговори

 Ок Готово Средено :) Ehrlich91 (разговор) 18:11, 10 март 2022 (CET)Одговори

Здраво, е зошто сега ми ги отповика уредувањата кај статијата Вештерот? :) Мошне сигурен сум дека така се транскрибираат од полски. Погледнав низ српски, руски, бугарски па и македонски титлови и така ги транскрибирале. Поздрав. Andrew012p (разговор) 20:10, 13 март 2022 (CET)Одговори

Отповикувањето било заедно кога беше за акцентите. Вратено назад. Andrew012p --Ehrlich91 (разговор) 21:10, 13 март 2022 (CET)Одговори

Статија: Македонци

уреди

Здраво! Во разговорот на страницата Македонци извесен корисник "Ф. Т." додал нова тема, ја преместил најгоре, и не се потпишал. Сакав да одговорам на темата, но бидејќи темата не е соодветно додадена решив најпрво да пријавам. Поздрав. --Горец (разговор) 21:48, 14 јануари 2022 (CET)Одговори

@Горец: Можеш да бидеш малку појасен, бидејќи јас како што знам и како што прегледав уште еднаш, јас неговите уредувања на таа статија му ги имам отповикано. --Ehrlich91 (разговор) 22:09, 14 јануари 2022 (CET)Одговори
Во страницата за разговор има тема „Вратете ја старата верзија на страницата!“, според Историја на измените додадена на 4 јануари 2022‎. Гореспоменатиот корисник ја додал темата, ја преместил најгоре, и не се потпишал. Горец (разговор) 22:26, 14 јануари 2022 (CET)Одговори
@Горец: Фала ти, не сум обрнал внимание во празничниот период на ова. Одговорив на страницата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:41, 15 јануари 2022 (CET)Одговори

Бришење на страница

уреди

Здраво ме интересира зошто моите две статии се избришани од Википедија.мк иако се научни трудови една од нив е „Пајонија и Пајонското Кралство“, а втората статија е „Република (Северна) Македонија 0д 1991 година до 2022“ ве молам за одговор. А не само преку ноќ да ме известите дека е избишана страната тоест немав никакво известување, а најмалку образложение зошто се избришани.

Причината е едноставна, содржините се веќе достапни во други енциклопедиски статии на Википедија на македонски јазик. Воедно, ние не сме простор за објавување на „научни трудови“ како што милуваш да кажеш, туку на енциклопедиски статии. --Ehrlich91 (разговор) 20:57, 21 март 2022 (CET)Одговори
добар Equestian (разговор) 23:35, 22 март 2022 (CET)Одговори

Страницата за Гоце Делчев

уреди

Здраво Тони, бидејќи немам пристап за уредување на статијата за Гоце делчев, те молам во делот „Гоце Делчев како мотив во уметноста“ да го додадеш следново:

Благодарам и те поздравувам, ГП (разговор) 23:09, 12 мај 2022 (CEST)Одговори

 Ок Готово --Ehrlich91 (разговор) 11:20, 13 мај 2022 (CEST)Одговори

Please delete and protect my talk page.

уреди

Hello Ehrlich91. Sorry for the interruption, I'm sorry that I came here to make a request for deletion and protect my talk page because an LTA called GRP trolled me a lot using his IP socks. Could you lend a hand to protect it? Thanks in advance!--PAVLOV (разговор) 08:14, 29 мај 2022 (CEST)Одговори

Персиска мачка

уреди

Ти го вратив уредувањето, не знам зошто си го отповикал уредувањето на Velkovski.b. Човекот има подобрување на статијата. Позз--Никола Стоіаноски 13:27, 24 јуни 2022 (CEST)Одговори

Стадион Никола Мантов

уреди

Си ми го отповикал уредувањето. Натпревар Македонија - Бугарија никогаш не се играл во Кочани. Натпреварот е игран во Струмица на стадионот „Младост“. Еве ти записник, имаш и видео каде што се гледа кој стадион е: https://macedonianfootball.com/mkd-bul-match-report-4/ Имам и извештај од весник каде јасно стои во кој град се играл. Ако треба и него ќе ти го сликам. Karl Fletcher (разговор) 13:19, 23 јули 2022 (CEST)Одговори

@Karl Fletcher Моја грешка, ете ги вратив твоите уредувања на стадионот во Кочани и го додадов натпреварот на стадионот во Струмица. Убав ден --Ehrlich91 (разговор) 13:38, 23 јули 2022 (CEST)Одговори
Фала, поздрав! Karl Fletcher (разговор) 14:36, 23 јули 2022 (CEST)Одговори

Џингиби

уреди

Дали има некој начин да се ограничи Џингиби со неговата злоупотреба на Википедија врз Македонија и се поврзано на тема Македонија? Буквално тера бугарска политика и не почитува друга страна различно,дури иде до степен на блокирање на членовите со перманентен бан од Википедија? 92.53.60.235 (разговор) 02:07, 16 август 2022 (CEST)Одговори

Корисникот го следиме на Википедија на македонски јазик и во минатото веќе беше еднаш блокиран на подолго време. Доколку забележиме дека повторно се однесува на тој начин, нормално дека ќе биде соодветно санкциониран. --Ehrlich91 (разговор) 08:28, 16 август 2022 (CEST)Одговори

Здраво Елрих

уреди

Дали би сакал да ми помогнеш да ми ја тргнеш блокадата која ми ја стави Џингиби ?!

Претеризам е веќе што работи .Еднаш ти пишав,ако се сеќаваш на мене за Џингиби.Со добро :) Voritlas (разговор) 10:37, 20 септември 2022 (CEST)Одговори

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Macedonian_mafia


Исто ако може да остане странава шо ја тргa намерно Bbb23. Членот Меглен шо ја уреди е почитуван член од Кајгана Форумот за Криминални групи. Полицаец е по професија. Уредно ја направи сѕранава и не знам Џингиби и Ббб23 зошто ја бришат ?!! Voritlas (разговор) 10:41, 20 септември 2022 (CEST)Одговори

@Voritlas Јас не наоѓам дека си блокиран на Википедија на македонски јазик, а додека за Википедија на англиски јазик, јас не сум администратор и сум само обичен корисник и не можам да помогнам. За страницата, гледам дека не е избришана, туку е избришан некој нејзин дел додаден во септември. Моја препорака е да се најдат извори (по можност на англиски јазик) и да се преработи текстот и така ќе го прифатат. --Ehrlich91 (разговор) 11:05, 22 септември 2022 (CEST)Одговори

Моментално сум на одмор без пристап толку на интернет, ќе видам откога ќе се вратам. Ehrlich91 (разговор) 13:14, 20 септември 2022 (CEST)Одговори

Чудовиште од Борско Езеро

уреди

Da du deutsch sprichst, möchte ich dich der Einfachheit halber in meiner Heimatsprache fragen, warum du meine Bearbeitung rückgängig gemacht hast. --Bernd Bergmann (разговор) 18:41, 6 октомври 2022 (CEST)Одговори

@Bernd Bergmann Du kannst hier sehen, dass ich mache deine Bearbeitung dann. Ich habe deine Bearbeitung rückgängig gemacht, weil du zwei Symbolen == geloscht hast. --Ehrlich91 (разговор) 08:42, 7 октомври 2022 (CEST)Одговори
Ja, das war ein Fehler von mir. Das hatte ich nicht bemerkt. Danke für deine Erklärung! --Bernd Bergmann (разговор) 22:24, 7 октомври 2022 (CEST)Одговори

Xsoundbeatz (продуцент)

уреди

Зашто е избришена страницава сите наводи постоја ? Digeile81 (разговор) 06:31, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори

Wann kapierst du das endlich? Du bist nicht relevant. Wahlweise: Dein Bruder ist nicht relevant. Ein Artikel ist nicht erwünscht. Dein spamming in mehreren Wikipedien nervt. Geh woanders spielen. --Pentachlorphenol (разговор) 07:25, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
@Виолетова ве молам блокирајте го овој корисник и даде спап на страницава Xsoundbeatz (продуцент) и страницава е избришена од Erhlich91 ќе може ли страницава назад да се врати
ви бладорам Digeile81 (разговор) 09:26, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
@Digeile81 Страницата нигде не постои, зашто не реагираш така на германската Википедија истото е веќе дискутирано. --Ehrlich91 (разговор) 09:27, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
Страницава постоеше на македонската Википедија јас ја создадев и беше прегледена од админ Виолетова а за на германската не знам затоа не сум зоздал ништо на германска википедија
ќе ве молам дали ќе можете пак страницава назад да ја вратите Digeile81 (разговор) 09:33, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
@Digeile81 Да, но на сите Википедии е прогласена за „спам“ и јас само постапив по барањето за бришење. Исто така, на обично пребарување на Гугл, нема ниеден релевантен извор за личноста, туку има само сопствени страници. --Ehrlich91 (разговор) 09:40, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
За на други Википеди немам поима стварно јас на прв пат напишав на македонска викепдија за овој продуцент и како што напишав, беше прегледам од админ виолетова она би можела да ја избрише ама сите баци постоја само нешто она си променела
ве молам пак ќе може ли да се врати страицава назад ? И ако напревив нешто прогрешно или напишав нешто прогрешно ќе си ја поправам
ви благодарам Digeile81 (разговор) 09:45, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
@Digeile81 Тоа ти кажувам, нема извори за да постои страницата и не опфаќа релевантна тема. Википедија не е страница за промовирање, туку опфаќа енциклопедиски статии. --Ehrlich91 (разговор) 09:47, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
Ве молам ќе може ли ? или треба од поново да си ја создавам ? Digeile81 (разговор) 09:51, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
И ќе може ли ве молам страницава никој да не ја промени само тој што ја создаде и администраторите ? Digeile81 (разговор) 09:47, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
Falls Du mit der IP user:41.139.44.169 identisch sein solltest: Du solltest dringend an Deinen Umgangsformen arbeiten. --Pentachlorphenol (разговор) 11:17, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
Zitat: "di se zali kakva kurvetina si da blokiraju ovu stranu kao pederu kao ti hasley !" und "ima da mi ga pusis djubre" by Proxy auf Wikidata. --> Mangelhafte Umgangsformen. --Pentachlorphenol (разговор) 11:23, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
Was ist das den ? Sagst du es mir gerade ? Oder hat es dir das jemand gesagt ? Digeile81 (разговор) 11:51, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
wie ich schon schrieb: Zitat von IP 41.139.44.169. --Pentachlorphenol (разговор) 11:55, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори
Das bin ich nicht und außer dem das ist serbisch geschrieben Digeile81 (разговор) 11:56, 18 октомври 2022 (CEST)Одговори

Избришана страна и промени во исчекување

уреди

Здраво, ќе може информација зошто два пати ми ја бришете страната со информации за Александар Томовски ?

Јас сум лично тој и стојам зад напишаното.

Друго, измените за Бисера Чадловска се од нејзе лично напшишани и долго време чекаат на прифаќање, ќе може да ги погледнете во догледно време?

Поздрав. Tomowiki123 (разговор) 08:17, 7 декември 2022 (CET)Одговори

@Tomowiki123 Страницата не содржеше никаква енциклопедиска вредност и беше напишана пристрасно, како што и самиот кажуваш, самиот си ја пишувал. Промените во статијата за Бисера Чадловска се внесени на неадекватен начин и ќе бидат одбиени особено кај делот со настапи во опери. --Ehrlich91 (разговор) 08:53, 7 декември 2022 (CET)Одговори
Не разбирам што уште треба човек да постигне за по твое да се стекне со „енциклопедиска вредност“ но нејсе.. објективни, јавни факти, информации и признанија се користени, како е тоа пристрасно?
Во однос на измените кај Бисера, посочи ми примери како треба да изгледа за да е адекватен начинот (бидејќи и за тоа се водев по постоечки примери од светот), или земи го напишаното и адвекатно измени ја статијата. Tomowiki123 (разговор) 23:20, 11 декември 2022 (CET)Одговори

Долно Количани

уреди

Здраво Елрих, Ахмед Чобан пишува од Долно Количани, неколку пати пробувам да изменам и ставам неколку интересни факти и историски спомени за нашето село. Но ми се одбиени во повеќе наврати. Сакам да знам кај ми е грешката што ми се бришат измените за Долно Количани. Благодарам. Cobancik (разговор) 02:17, 24 декември 2022 (CET)Одговори

Здраво, внесот што претпоставувам сакаш да го направиш е од некоја монографија за селото, но е внесен целосно неенциклопедиски и надвор од статијата и со тоа изгледа прелошо. Исто така, цитати ретко поставуваме во статиите. --Ehrlich91 (разговор) 09:23, 24 декември 2022 (CET)Одговори
  1. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 72-74.
Назад на корисничката страница на „Ehrlich91/Архива 12“.