Разговор со корисник:Виктор Јованоски/Архива IV

Македонци

уреди

Јас сум крајно збунет зошто се брише тој официјален став кој може да се најде во учебници за основно и средно образование, и се бришат податоци и резултати од истражување, кое е претставено и верифицирано од високи светски научни установи, И ДОСЕГА ОД ГРЧКА СТРАНА НЕ Е НЕГИРАНО!!! И ве молам, тоа не е мое гледиште, тоа се официјални, потврдени и верифицирани и научно докажани тврдења и истражувања, кои јас само ги имам прифатено. Не знам зошто тоа не би било неутрално, едноставно во современи тенденции се наведени сите денешни тези за нашето потекло, покрај познатата чисто-словено-славјанска наметната и форсирана во комунизмот. Повеќе од реално е дека во денешната македонска научна и општествена јавност се застапени 3 тези за македонското национално потекло: словено-славјанската, античко-македонско - словенската и чистата античко-македонска, и не гледам каде се крши неутралноста во тоа ако се наведат сите 3 (во моментот, втората е отстранета и не е застапена!!!). И на крајот на краиштата, тоа е страница за нас лично за Македонците и бидејќи е на македонски е наменета за оние што се Македонци или имаат нешто македонско и нема потреба од страв и повлекување! - МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! 22:05, 10 октомври 2007 (UTC)

PDF-документите кои ги имам дома, а и книгата што ја испечати МАНУ се со наслов „По трагите на писмото и јазикот на Античките Македонци“ и тоа може да се наведе како извор на податоците. Во најскоро време ќе додадам и некои други податоци за потеклото на Македонците, се разбира научно докажани и поткрепени со факти, а не искажани во национал-романтичарски занес. Уште еднаш ти благодарам за разбирањето. Поздрав! - МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! 23:23, 10 октомври 2007 (UTC)

Виктор, како достоен член на македонската википедија протестирам за неџентлменското однесување на корисникот МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ!, кој со клевети во коминтерновски стил го напаѓа моето со макотрпна посветена работа заработено добро име. Со изјавата “Ревизионист не е овластен уредувач на статијата за Македонци“ тој само го руши нашето единство. Јас ниту еднаш не сум рекол дека јас сум овластен, ниту пак сум се спротиставувал на тоа други да придонесуваат. Јас едноставно барав (и пак ќе барам) поголемо администратерско присуство и надзор во дообликувањето на статијата Македонци. Затоа што оваа статија разработува многу важна а во исто време и чувствителна тема, од големо значење е да се разграничи тоа што е официјален став од она што е недокажана претпоставка или предмет на истражување. Затоа што ако се инсинуира со невистини, тоа само ќе им штети макеедонските читатели. Првобитната форма на статијата објаснуваше кој е официјалниот и кој е неофицијалниот став. Корисникот МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ! додаде текст во кој се објаснуваат истражувања кои од македонски академици се прогласени за штетни и невистинити(како што изјави на академик Зузана Тополинска на меѓународната конференција за Македонистика во Охрид), како прво, и како второ се ирелевантни за статијата штом првобитната форма на статијата веќе објаснува кои се официјални а кои неофицијални ставови. Според мене најдобро и најповолно решение би било да се отвори статија во која се објаснуваат новите неофицијални ставови на Тентов и Бошевски, или пак да им се оддели поголемо место во статијата етногенеза на Македонците - а статијата Македонци дас не ја претвораме во место кадешто секој може да си пишува свои непризнаени од официјалната наука ставови. Неутрслноста на првобитната верзија на статијата Македонци е во тоа што освен официјалните, беа објаснети и неофицијалните ставови - тоа и ја прави вистинска вики статија. А сега, по ревизијата на МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ!, делот со неофицијалните ставови е трипати поголем од оној на официјалните, што според мене е апсурдно. Но еве, според договореното, јас нема да правам промени без претходно да се консултирам на страницата на разговор. Предласгам и да ја избришеш ревизијата на МАКЕДОНЦИ ЗАСЕКОГАШ!, додека не се реши прашањето. Поздрав. --Revizionist 00:49, 11 октомври 2007 (UTC)

Компромисно решение за статијата Македонци.

уреди

Мислам дека сме многу блиску до оформување на прифатливо за сите и пред се неутрално и информативно решение за делот од статијата Македонци за неофицијалната верзија за етногенезата:


Современи тенденции

уреди

Покрај официјалниот став, постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу древните со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци[1].

Податотека:Makedonci 2.JPG
Македонци во народна носија го играат “Тешкото“ оро.

Треба да се спомене и истражувањето на Каменот од Розета спроведено од академик Томе Бошевски и проф. д-р. Аристотел Тентов, кои сметаат дека средниот текст од каменот е напишан на античко-македонски јазик, кој наводно бил сличен со денешниот современ македонски јазик[се бара извор].

Овие теории ја негираат словенската врска во етногенезата, и не се подржани од официјалната македонска наука.


Мислам дека ова е убаво решение. Поздрав. --Revizionist 20:35, 12 октомври 2007 (UTC)

Повик...

уреди

Виктор те молам да го дадеш своето мислење околу текстот што предложив да се вметне во неофицијалниот став за етногенезата на Македонците, а се однесува на истражувањето на Тентов и Бошевски. Ти препорачувам да го прочиташ разговорот од моментот кога ја испразни страницата (со архивирањето), па до крај. Имавме напната дискусија... Поздрав! --Фичо 15:14, 17 октомври 2007 (UTC)

На денешен ден

уреди

Конечно и јас добив избрана статија, фала за предложувањето! :) Те молам отвори го шаблонот Главна страница / на денешен ден, ќе увидиш дека го нема денешниот празник (жива срамота), те молам додај го (јас немам таква моќ). Патем, за многу години! :D Поздрав, Поречанец A? 17:43, 23 октомври 2007 (UTC)

Статии за бришење

уреди

Виктор, извини што ќе ти попречам малку, ми требаш да избришеш некои шаблони набрзина, по грешка ги направив, не ми требаа: 1, 2, 3, 4, 5 и 6 (немој другите да ги бришеш:D). Благодарам однапред. Поречанец A? 16:29, 24 октомври 2007 (UTC)

Дури го спомна, и јас имам неколку статии за бришење. Тука, тука и тука. Благодарам. Фрајтнер R.I.P, Тоше 16:55, 24 октомври 2007 (UTC)
Ај само уште едно бришење, два-три клика се потребни, се надевам не ти пречи: Категорија:Германски географски никулци и Корисник Латиница-5. Благодарам, Поречанец A? 09:37, 27 октомври 2007 (UTC)

Виктор, што велиш да им ставиме <includeonly>[[Категорија:Страници за бришење]]</includeonly> на шаблоните за бришење? Така, страниците што ќе бидат означени со тој шаблон (за бришење) ќе се додаваат во Категорија:Страници за бришење, а самиот шаблон нема да биде во таа категорија. Многу е просто. Би го направил тоа и сам да можев да го уредувам шаблонот, ама заштитен е. Е, и те молам погледни ги категориите за бришење. Поздрав, Поречанец A? 00:39, 31 октомври 2007 (UTC)

српски

уреди

да ли могу да пишем неке странице на српском,пошто не знам добро Македонски?

Вандализирање на статијата македонски јазик

уреди

89.253.181.218 неколку пати ја вандализираше статијата македонски јазик, те молам види што можеш да сториш, заштити ја страницата или блокирај ја адресата (мислам дека е статична). Поречанец A? 04:01, 11 ноември 2007 (UTC)

Апсурдно вандализирање на страницата Македонци.

уреди

Здраво Виктор. Жалам што ти се обраќам за ваква работа но сум должен да го направам ова. Корисникот Марио неколку пати на официјалната бројка од 2 милиони Македонци во светот, ја додава апсурдната бројка од 4 милиона. И според него, тоа го прави само затоа што и Хрватите го направиле тоа. Но знаеш дека јас сеогаш сум за фер решение и компромис, и затоа не ја избришав бројката од 4 милиона, туку ја вметнав подолу во текстот. Од тогаш Марио, ја вандализира страницата влегувајќи анонимно, а потоа и користејќи го неговиот јузернејм - со што го прекрши правилникот за 3 менувања, а ја прекрши и твојата забрана за промени од страна на анонимни корисници. Те молам интервенирај. Поздрав. --Revizionist 21:11, 11 ноември 2007 (UTC)

Te молам да интервенираш и кај корисникот Ревизионист, кој се смета дека е „крал“ и „овластен“ уредувач на страницата Македонци и го држи монополот на уредување, а се смета и дека е законодавец тука, односно администратор, па поставува правила (со гласање) за измени на статии, а ова е ВИКИПЕДИЈА - СЛОБОДНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, а не Словено-википедија енциклопедијата на Ревизионист! Исто така искривоколчува изјави и смета дека јас сум водел инает на Хрватите. Јас само наведов правилен извор за бројката и наведов пример дека на хрватската википедија постојат 2 податоци за бројноста на Хрватите со цел да го поткрепам моето настојување да се вметне и вториот податок без разлика колку и да му се чини апсурден на Ревизионист, кога тој податок може да се смета за поофицијален од неговиот бидејќи се користи во наставата во средното образование и се наоѓа во учебник одобрен од Министерството за Образование. Те молам интервенирај. Поздрав. - Марио Шаревски - Македонец 21:19, 11 ноември 2007 (UTC)

ПРОТЕСТИРАМ Виктор, гласањето не може да трае само 2 часа. Нека потрае барем 2 3 дена, за да можат и други корисници да се изјаснат !!! --Revizionist 22:41, 11 ноември 2007 (UTC)
И јас протестирав многу пати, ама залудно беше! Виктор ти благодарам многу што пресуди така правично! - Марио Шаревски - Македонец 12:22, 12 ноември 2007 (UTC)
Здраво Викторе. ЗНаеш дека секогаш употребувам аргументи и неутрална гледна точка за сите статии, дуи и за статии поврзани со Македонија и македонскиот народ. Затоа инсистиртам да бидеме неутрални и кога кажуваме колку Македонци има во светот. Ти самиот призна дека си избрзал со одлуката - само два саата траеше гласањето, а тоа е недопуштливо. Така да сметам дека најфер би било да се врати податокот на инфобоксот на 2 милиона додека се не се разреши и да има ново гласање кое ќе трае подолго. П.С. Во учебникот не пишува дека има 4 милиона, туку пишува: “Се шпекулира и бројка од 3-4 милиона“. Значи не може шпекулација да биде објавена за факт во инфобоксот, како што ти направи. П.С. За шпекулацијата јас напишав подолу во статијата. Поздрав. --Revizionist 10:59, 16 ноември 2007 (UTC)

Не знам дали не е официјален податок 3,5 до 4 милиони, ако го има во учебник по географија за 2 година реформирано гимназиско образование кој е и опфатен со програмата за државна матура од 10.10.2007! Епа Ревизионисту не знам дали ова не е ОФИЦИЈАЛНО (збор кој ти го милуваш), значи таа програма е озаконета изгласана во Собрание, потпишана од премиериот, владата и министерот за образование, а таа програма го содржи материјалот во кој е напишан тој податок за бројноста на Македонците! Немам намера да се расправам повторно да се врати таа бројка, реков дека се откажувам од секакво натамошно уредување тука, зошто очигледно дека тука не владеат фактите туку твојата самоволност! - Марио Шаревски

Здраво Марио. Како сте колега? Прво да ви ја честитам Нова Година, и Божиќните празници и би сакал да ви посакам се најубаво. Јас како што гледате долго време не ја сменив апсурдната бројка од 4 000 000 Македонци, затоа што секоја промена самак да ја подржам со цитирани факти. Пред два дена бев наљ гости кај едни пријатели, и таму буричкајќи по нивната библиотека налетав на учебникот кој ти го цитираше. Го разлистав и таму не пишуваше 4 000 000 како апсолутна цифра, туку беше напишано: “..а некои споменуваат и бројка од 3 до 4 милиони.“ Значи овој податок е наведен во учебникот како шпекулација. Јас не го тргмнав овој податок од статијата. НАПРОТИВ, тој уште си стои во статијата - Македонци#Бројот на Македонците во странство, туку едноставно го тргнав од инфо-боксот. Исто така цитирав бројки од грчкиот и бугарскиот хелсиншки комитет кои ја претставуваат реалната бројка на етнички Македонци во грција и Бугарија. Поздрав и се најдобро. --Revizionist 14:12, 16 јануари 2008 (UTC)

Јазици

уреди

Те нема цели два дена човеку! :D Сакав да те замолам да размислиш малку за употребата на јазиците на Википедија на македонски јазик. Навистина не е фер, сме добиле Википедија на јазик што го разбираме, а сепак мора да читаме јазик што не го разбираме (бугарскиот), само затоа што некои луѓе сметаат дека тоа е истиот јазик. Мислам дека треба или да бидат обврзани да пишуваат исклучиво на македонски јазик или да стават една корисничка кутија mk-1 или mk-2 и да побараат помош секогаш кога нема да можат да се снајдат со јазикот. Навистина е бесмислено! Нас не нѐ интересира нивното гледиште за нашиот јазик, туку само дали го разбираме јазикот 100%. Те молам размисли. Поздрав. -- Поречанец A? 17:48, 24 ноември 2007 (UTC)

Никулци за Македонија

уреди

Бајаги сум зафатен со никулци, поточно со шаблоните и категориите, можеби си приметил, па дојдов до една тешка точка. Никулците за Македонија се катастрофа. Организацијата е подолу од нула, огромен хаос е. Е сега, јас би ги средил за ден-два, ама тоа ќе бидат големи промени, па мислев прво да се консултирам. Од почеток, главната категорија, Македонски никулци содржи многу статии, а дури ни името не ѝ е погодено (треба да биде „Никулци за Македонија“). Ако имаш време, погледни Корисник:INkubusse/Стандарди, таа страница ја направив за да се организирам подобро. Кажи ми дали се сложуваш да ги направам шаблоните и категориите за никулци за Македонија според тој пример. Види Категорија:Никулци за Шпанија или Германија. Сѐ е правено според стандардите на англиската Википедија, освен мали измени, па мислам дека ќе се сложиш. Поречанец A? 03:04, 3 декември 2007 (UTC)

Здраво Викторе, long time no see :P. Добредојде назад! Среќна нова и стара нова година и Божиќни празници! Се надевам дека повторно ќе ни се придружиш активно, Бога ми, ни фали редар овде. Поздрав!--Филип 22:08, 13 јануари 2008 (UTC)

Thanks Виктор Јованоски

уреди

Thanks so much! That was great, I really appreciate it. Whenever you can, it would be great to expand it as much as possible. But it's a wonderful start! Thanks again for your great help!!! Marxist-Theory&Praxis 20:56, 14 јануари 2008 (UTC)

Бугарски владетели

уреди

Виктор, зошто владетелите на Самоиловото царство се вбројуваат како бугарски? Да бидам директен: зошто ја откажа мојата промена? --Филип што бе? 17:14, 28 јануари 2008 (UTC)

Здраво, Виктор. Се согласувам со се', само за да бидеме наjточни, требе да се кажува дека во Србиjа преовладува теориjата дека е македонски цар, но се наогат немал броj историчари како Острогорски, Доц. д-р. Срджан Пириватрич (цела книга напишал - "Самуиловата държава - обхват и характер, София, 2000 (превод от сръбски)") кои сметат дека Самоиловото царство било бугарско. --Мизиец 18:35, 28 јануари 2008 (UTC)

Здраво, Виктор. Во бугарската е како во мк. Во српската пишува (sr:Самуило (цар)): "Српска историографија, опет, редовно наводи Самуилово царство као Царство Македонских Словена, и проучава је заједно са другим српским земљама Средњега века: Рашком, Зетом, Травунијом, Захумљем, Паганијом, Босном, Дубровником и Српском Деспотовином у данашњој Војводини, што би требало да имплицира суштински српски карактер Македонаца. (Владимир Ћоровић, Историја Срба)." --Мизиец 18:52, 28 јануари 2008 (UTC)


Секако дека промената била ненамерна! Подобро е да се има некаков администратор, одошто никаков (а во последно време тука ни фалат такви!) :D. Како и да е, само би забележал на нешто, без да ме сфатиш дека ја презирам твојата работа и труд: не ми се допаѓа, ниту ја поддржувам оваа пракса на „на ти го-дај ми го“ со бугарските корисници на мк.вики, од проста причина што правејќи вака одиме во противречност со сопствената историја: признаваме дека Самоил и неговите наследници биле Бугари (што лично, овака како што изгледа во табелата, го доживувам како да е официјална наша позиција!), додека ставаме став, мнение на „група“ историчари кои не се согласуваат со ова. Ова е деликатно прашање, а од искуство велам дека со наведените корисници не може да се соработува људски. Како капак на сета нивна пропаганда овде, ни цитираат и српска! Поздрав и те молам не ме сфаќај погрешно :))) --Филип што бе? 20:12, 28 јануари 2008 (UTC)


Друже админе, сосема те разбирам... Знам дека е тешко да се биде објективен (а од тебе се бара „беспрекорност“, непогрешливост и, секако, да бидеш пример за останатите корисници тука). Меѓутоа, за жал, јас немам ниту едно решение кое не би ме етикетирало како националист, шовинист, србоман, комуњар, заговарач на редуцирање на слободата на мислата и говорот, бла, бла, бла... Но, во едно нешто сум сигурен: ние треба да решиме што ќе правиме со ваквите случаи. Сега треба да објаснам некои работи.

  • Ако кажам дека „ние“ подразбира „ние, Македонците“, Македонци во нашето сфаќање на зборот, тогаш Википедија на македонски јазик нема да биде слободна енциклопедија... Ќе спадне на ниво на енциклопедиски блог...
  • Ако кажам дека „ние“ подразбира „ние, корисниците и активни уредувачи на Википедија на македонски јазик“, тогаш тука ќе се појават и такви кои отворено ќе застапуваат националистички тези против народот на чиј мајчин јазик ја прошируваме и градиме оваа енциклопедија.
  • Ако кажам дека „ние“ подразбира „ние, човештвото минус бугарскиот народ“ ќе испаднам (прости на следново) дебил и ќе треба да платите некој да ме скине.

...поентата: што и да кажам, постои можност да ме сфатат погрешно, т.е. да предложам погрешна политика за разрешување на овој спор (а според марфиевите закони, штом постои можност да ме сфатат погрешно - ќе ме сфатат погрешно). На крајот на краиштата сета работа и нервоза се сведуваат на следново: треба да се решиме, или Википедија на македонски јазик ќе ги застапува и брани интересите на македонскиот народ, или нема да го прави тоа... Знаејќи каква е политиката на (од последнава моја мисла) засегнатите Википедии, тогаш сметам дека е јасно што треба да сториме... Меѓутоа за ова треба да се има консензус (кога би се решиле - би го имале!), а за жал ние на нашава Википедија последиве месец дена немаме ни администратор (не му мислам лошо на никого, луѓе знам дека немате време!!!), а камо ли консензус... Него, се распишав јас рано по сабајлечки :))))) Озбилно, со ова треба да се реши што ќе се прави зашто трае веќе предолго, станува безобразно, на моменти дури и патетично! Како од нивна, така и од наша страна! Гласање ли, конференција ли - треба нешто да се стори... Поздрав! --Филип што бе? 02:21, 29 јануари 2008 (UTC)

Ти си веќе вториот, покрај Revizionist, што ми го дава тој предлог. Како нему, така и тебе, ти ветувам дека ќе размислам на оваа тема после сесијава. Во секој случај останувам на ставот дека темата која ја начнавме треба длабоко да се обработи. Меѓутоа, секако, тоа да не се претвори во лов на вештерки :))) Поздрав! --Филип што бе? 17:16, 30 јануари 2008 (UTC)

Good Evening Виктор Јованоски ,

Could you please write a stub http://mk.wikipedia.org/wiki/Auckland_Grammar_School - just a few sentences based on http://en.wikipedia.org/wiki/Auckland_Grammar_School? Only 2-5 sentences enough. Please. --Per Angusta 08:41, 1 февруари 2008 (UTC)

79.125.135.165

уреди

Виктор, би те замолил анонимниот корисник 79.125.135.165 да биде блокиран поради нарушување на three-revert правилото на статијата Кирил Пејчиновиќ каде постојано врши измена на презимето во целата статија од Пејчиновиќ на Пејчинович, што е ниту точно според правилата за транскрипција (авторот се потпишува како КYРIЛЛЪ ТЕТОЕЦ ПЕИЧИНОВИЋЬ, а Ћ се транскрибира со Ќ), ниту пак е прифатено во македонската книжевна терминологија, што и му го објаснив на дотичниот корисник овде. Сметам дека истиот корисник се крие зад ИП адресите 79.125.150.199, 79.125.146.94 и 79.125.130.88. Поздрав. --Филип 15:28, 4 февруари 2008 (UTC)

браво

уреди

многу брзо избриша тоа што го предложив. експресно

хорок удар

уреди

Додадов и 6от блокирач и малку поработив на страната. Фала за комплиметите. Луге, по принцип повеќе знаат за своте интереси од колку други работи, па ако имавме повеке википедијанци, и тие би пишувале за тоа што ги интерестира, би имале подобри и повеке статии.

СЕ ЌЕ СРЕДАМ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА Te nikola 23:43, 16 февруари 2008 (UTC)ТЕ НИКОЛА

уреди

Албанците во Струмица

уреди

Според најновите и официјални податоци од http://www.strumica.gov.mk (официјална веб-страница на Општина Струмица), бројот на Албанците е 3(фала му на Господ). Ги променив и другите податоци за бројот на останатите малцинство. По се изгледа кога сум ја пишувал статијата за Струмица сум користел стари податоци. Поздрав!--Астрион 08:20, 18 февруари 2008 (UTC)

Портал:Биографија

уреди

Здраво! Погледни го горенасловениот портал, рубриката на денешен ден / одбрани годишнини се генерира дневно, се исплатеше работата на денешен ден за главната страница, сега овде ја искористивме. Треба да ги средиме избраните статии и портрети за 2008 година (очекувам помош од тебе), а планирам избран цитат да се генерира по случаен избор. Може и избран портрет по случаен избор да се генерира од однапред избрани портрети, можеби така ќе е подобро, помалку ќе има за одржување. --brest 00:44, 2 март 2008 (UTC)

Солун

уреди

Виктор, би сакал ли подетално што би требало да се среди за главната страница околу Солун, или ти тоа сам ќе го направиш--Астрион 14:52, 3 март 2008 (UTC)

Закана за слики

уреди

Колеги администратори, добив огромна закана од администратор на англиската за подигање на слики (нивно лиценцирање и наведување на соодветни извори) на нашата Википедија, не само за мене, туку и за целокупното подигање на проектов. Администраторот се заканува дека ќе го санкционира целиот проект ако ова не се среди. Што да се прави? --Б. Јанкулоскиразговор 08:58, 5 март 2008 (UTC)

  • Милош на техничкиот оддел на Порталот предложи систематско бришење со распределба на задачите. Од друга страна, FlavrSavr ми рече дека нема да има поголем проблем и дека ќе може да се интервенира за да не настанат некои поголеми компликации на Мета. Впрочем имаме соодветен рок, а и самите бришења не мора да се толку темелни. Ќе се видат дека се трудиме и тоа би било тоа. Ние, се разбира, ќе направиме сѐ што можеме, но сепак нема простор за паника. --Б. Јанкулоскиразговор 23:38, 8 март 2008 (UTC)

Филмови на мк.википедија

уреди

Здраво Виктор,

Милош ми препорача тебе да ти пишам. Во последно време пишувам текстови за филмови следејќи ја локалната филмска програма. Главно се мали статиички базирани на англиската википедија. немам многу време за подетална работа, па сакав да предложам некој од поискусните тука да се погрижи барем за додавање на онаа десна лента (со постер и сл.) на сите такви статии. Новица 20:07, 29 март 2008 (UTC)

мислење?

уреди

Википедија:Портал/Идеи#Важно   гитардемон  16:09, 22 април 2008 (UTC)

ВикиПроект:Филм

уреди

Здраво! Гледам дека се интересирате за филм, па затоа Ве поканувам да учествувате во новоформираниот ВикиПроект Филм. Наскоро планираме да отвориме и филмски портал на википедија. Вашата соработка би била ценета. Поздрав, --Brainmachine 12:49, 9 мај 2008 (UTC)

Преводи

уреди

Крајно време е да ја средиме администрацијата на Википедија, односно сите оние policies и guidelines. Ги пишувам на англиски бидејќи досега официјално не сме се договориле како ќе ги преведуваме. Како за почеток, барам мислење за соодветни македонски изрази. Досегашните преводи од разни корисници (како и моите размислувања) се следниве:

1. За policies
  • политики (мислам дека е многу несоодветно)
  • правила (Википедија нема правила)
  • начела (мислам дека е најсоодветно, а верувам и дека ќе се сложи секој што добро ја познава суштината на Wikipedia's policies)
    • Сепак, начело не секогаш е соодветно. На пример, како би го превеле Wikipedia's image policy?
2. За guidelines
  • напатствија (мислам дека е најсоодветно)
  • упатства (мислам дека тоа е повеќе како на лекови, играчки и слично (instruction manual); напатствието само ви дава курс)
  • прирачници (така го имаат преведено на српската Википедија, ама прирачник е manual, односно повеќе како за автомобили, пушки и слично)
  • водичи (исто така мислам дека е многу несоодветно и мислам дека е јасно зошто).

Сите предлози и размислувања се добредојдени, само те молам изнеси ги на мојата страница за разговор, бидејќи прашав повеќе корисници. --iNkubusse A? 10:45, 25 мај 2008 (UTC)

Ханибал Лектор

уреди

Виктор, сменив од Лектeр во Лектор и го сменив насловот на филмот, но не можам да ја преместам страницата, односно да ги сменам - пренасочувањето со главната статија. Вели дека веќе постои таква статија, а пак погоре пишува дека е можно ако другата статија е само пренасочување итн итн и пак не сака.. Можеби причината е што ставив и други пренасочувања до Ханибал Лектeр, не знам.. :S Ако можеш среди го тоа, те молам. Поздрав, --Brainmachinewtf? 16:21, 30 мај 2008 (UTC)

Средено е... нев'рмајнд --Brainmachinewtf? 21:23, 30 мај 2008 (UTC)

Шишево ?

уреди

Во податоците за население во село Шишево,Сарај,Скопје има грешка,голема.Во Шишево односот Македонци/Албанци е 1 - 1 , 957 гласачи во избирачкиот список на ДИК од последните парламентарни избори од пред неколку дена,од кои Македонци се повеќе од 460,така да Албанци вкупно не може да се повеќе од 600 вклучувајки ги и децата.Но 3300 колку сто се написани Албанци тоа е смешно.Како да се исправи тоа? Благодарам однапред за одговорот,кој може да се прати на skorpy81@live.com (Ѓоко Јовчевски Шишево)

Мораш да направиш објаснување за неслободна употреба (fair use rationale), инаку не важи праведната употреба. :/ --iNkubusse A? 23:12, 24 јуни 2008 (UTC)

Романски/Romansh

уреди

Приметив дека en:Template:Rm icon е за јазикот Romansh, а во Шаблон:Rm icon си напишал „романски“. Те молам провери. Инаку ние тие икони ги именуваме само како {{}} (за романски). --iNkubusse A? 00:47, 25 јуни 2008 (UTC)

Блокирање

уреди

Виктор, бргу блокирај го овој - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8:Contributions/91.148.129.183 . Ги вандализира страниците. --Brainmachinewtf? 01:37, 29 јуни 2008 (UTC)

  1. Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци. Александар Донски
Назад на корисничката страница на „Виктор Јованоски/Архива IV“.