Разговор за Википедија:Кандидати за избрана статија

Последен коментар: пред 14 години од MacedonianBoy на темата Новиов концепт...

Сакам да укажам на нешто: делчето повеќе треба да изгледа вака: '''([[ИМЕНАСТАТИЈАТА|повеќе...]])''' Значи заградите се задебелени, но не се во врската (не се сини). Повеќе се пишува со мала буква, а се остава место од последната точка, извичник (или било кој интерпункциски знак е последен), а не да се пишува веднаш после тоа. И да замолам пред да се објави статијата на главната страница, тоа делчето да се провери 2-3 пати за секакви ситници, вики-форматирање, печатни грешки или било што, сепак излегува на главната страница. --√ гитардэмонговори со мной √ 17:02, 9 февруари 2009 (UTC)

Точно е ова. Мислам дека малку треба да го средиме овој дел од рутината на Википедија — да го направиме постандардизиран и поефикасен (еден ВикиПроект?). Треба да ја архивираме страницата со предлози, оти со текот на времето станува преголема и „напорно“ се отвара (мислете на dial-up корисниците!). И веќе еднаш, for the love of god(!), прочитајте го ова! --Brainmachinewtf? 21:53, 9 февруари 2009 (UTC)
Веќе има, ВикиПроект Одржување, но очигледно дека во последно време не функционира. Со тој ВикиПроект може с да се направи, само треба желба.
ВП:ОД започна како едно место во кое може да се соберат сите ресурси за средување заедно и од каде може почетно да се обидеме да го расчистиме проектот. Тие содржини сепак служат (знам дека јас ги користам), но целиот проект е застарен и нефункционален. Треба малку да се организираат сисопите за неколку задачи, први две кои ми паѓаат на ум: 1) патролирање на Специјални:НовиСтраници; 2) патролирање на Специјални:НовиСлики. На пример, јас, тој и тој да ги патролираат новите страници, тој и тој да ги патролира сликите, сите заедно да набљудуваме определена листа на страници и да не дозволуваме ниту едно прашање на селска чешма или порталите за помош да не остане заборавено. Вака не можеме убаво да се договориме, дајте преку mirc или skype или MSN, мора да ја подобриме некако комуникацијата за добро да се организираме. --Brainmachinewtf? 22:29, 9 февруари 2009 (UTC)
Го подржувам она што го рече Brainmachine, треба ни подобра комуникација односно соработка помеѓу нас.--Астрион (разговор) 22:37, 9 февруари 2009 (UTC)

Избор на статии

уреди

Бидејќи имаме Портал:500 и поголем број на добри и квалитетни статии, предлагам да се ставаат избрани статии на главната страница од тој портал. Со други зборови, наместо да предложуваме статии тука на оваа страница, тоа да се прави на порталот со што статијата ќе биде дел од тие 500 избрани статии. Наместо оваа содржина на оваа статија, можеме да вметнеме хронолошки распоред на статии што ќе бидат ставени идните недели. Поздрав--MacedonianBoy (разговор) 22:45, 10 март 2009 (UTC)

Повеќекратно гласање

уреди

Извинете ме, можеби не сум упатен во договорените методи, но гледам луѓе дека гласате за по повеќе од една статија во една иста конкуренција! Нели мислите дека тоа е малку неконструктивно? --Б. Јанкулоски (разговор) 04:37, 12 август 2009 (UTC)

Ако има повеќе кандидати во исто време, не мора да значи дека тоа е конкуренција. Напротив, кандидатите го добиваат статусот „избрана статија“, поради тоа што ги исполнуваат критериумите. Ова не е натпревар меѓу статии, па најдобрата да биде избрана или да бидат избрани сите, ако добијат гласови од различни корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:04, 12 август 2009 (UTC)

Новиов концепт...

уреди

... не е практичен, ефикасен и прегледен. Мој предлог е да се врати назад овој начин и да се врати овој принцип на дискусија и гласање. На страната за разговор да се врати стариот шаблон каде информира дека е предложена статијата, без субституирани шаблони, автоматски категории и архиви. Ова го велам да не ја комплицираме работава, секако само јас и Кирил (така мислам) го чепкаме ова и нам ни е тешко. Од ова наведеново:

Вашата прва статија → Инкубатор (критериуми) → Рецензија → Кандидати за избрана статија (критериуми) → Избрана содржина

чекорот (Кандидати за избрана статија (критериуми) не е добар. Сè друго е ок. Поз--Никола Стоіаноски 01:08, 12 јули 2010 (CEST)Одговори

Сите горе наведени чекори кои водат кон избрана статија ги оставив не чепнат (многу се добри а особено тоа за добра статија) освен начинот на номинирање и гласање за избрана. Ги вратив назад по старо, нема потреба од архиви и комплицирање. Вака е поедноставно и поефикасно. Поз--Никола Стоіаноски 12:19, 13 јули 2010 (CEST)Одговори
Назад на проектната страница „Кандидати за избрана статија“.