Разговор:Македонски Бугари

Последен коментар: пред 10 месеци од Ehrlich91 на темата Наслов
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Сенко Велинов

уреди

Стварно е Бугар овој глумец? Не сум знаел за ова--Никола Стоіаноски 13:58, 15 декември 2011 (CET)Одговори

Хахах, да, интересно, а мислам дека токму тој зборуваше "С'л с Боз'ум" (Сал со Бога сум; демек тоа значел еден натпис на камен од Говрлево на античкомакедонски) во еден филм што го гледав на телевизија.
Сал со Бога сум
Еднооки Сенко
-- Бојан имаш за кажување? 14:10, 15 декември 2011 (CET)Одговори

Сенко има корени од Босилеград, меѓутоа како тој национално се чуствува тоа си е негова работа... Го додадов на страницата бидејќи како Бугари од Македонија се напишани само личности кои го до доведуваат во прашање постоењето на Македонците...--Јоханес Климакус (разговор) 14:54, 15 декември 2011 (CET)Одговори


Бугарите од Општина Босилеград во Република Македонија

уреди

Во периодот помеѓу 1945 - 1991 година додека Србија и Македонија беа дел од Југославија имаше миграција на бугарското население од Босилеград во Република Македонија, најголемиот дел од нив се населиле во Скопје. Денес тие и нивните потомци живеаат во Македонија, некои од нив имаат 2 или три пасоши: македонски, српски и бугарски, меѓутоа тие никогаш не го довеле во прашање македонскиот национален индивидуалитет, ... Страницава 90 % се однесува само за Македонци кои имаат бугарско национално чуство, а каде се останатите... --Јоханес Климакус (разговор) 14:54, 15 декември 2011 (CET)Одговори

Колку што јас знам, во Македонија скоро и да нема Бугари по родум кои живеат во Македонија, или тој број е многу мал. Јас воопшто не познавам дека има некој малку познат Бугар во Македонија. Поздрав--Никола Стоіаноски 15:25, 15 декември 2011 (CET)Одговори

Бугарофили

уреди

Не можеме да се противиме на фактот дека поголем број од тие кој се декларираат за Бугари во републиката се македонски бугарофили. Според официјални истражувања на повеќе македонски, но и странски научни организации и автори бројот на македонските бугарофили во Македонија е поголем од самите Бугари кои живеат во неа. Затоа предлагам да не се трга изразот „бугарофили“ од оваа статија и да не се крие вистината од читателите на Википедија. Благодарам --Romanski1996 23:22, 15 декември 2011 (CET)Одговори

Предлагам да не фантазирааш. Jingiby (разговор) 07:52, 16 декември 2011 (CET)Одговори

Наслов

уреди

@Forbidden History Насловот како и за сите етнички припадности на сите Википедии треба да си остане вака и покрај денешните политички сфаќања за поимот. Ние имаме статија за Американски Македонци, а не за Македонци во САД, па така и оваа треба да си остане вака. --Ehrlich91 (разговор) 20:47, 21 јануари 2024 (CET)Одговори

Во ред. Тогаш треба да се направи дистинкција од бугарско малцинство со бугарофили и бугаромани, а во статијава се редат луѓе кои на секои 5 години си менуваат етничка припадност. Forbidden History (разговор) 21:21, 21 јануари 2024 (CET)Одговори
@Forbidden History Доколку имаш време и волја, слободно навлези во содржината на статијата, јас реагирав на насловот. --Ehrlich91 (разговор) 21:30, 21 јануари 2024 (CET)Одговори
Назад на страницата „Македонски Бугари“.