Разговор:Кочо Рацин

Последен коментар: пред 10 години од Crazy-nomce на темата Untitled
Оваа статија е избрана статија на Википедија на македонски јазик. Таа ги задоволува соодветните критериуми и со согласност од вики-заедницата беше избрана за една од најдобрите статии на Википедија на македонски јазик. Доколку сакате нешто да дополните или промените во истата, слободно направете го тоа!
Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.
Оваа статија е дел од ВикиПроект Книжевност, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за книжевноста. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектниот тим.


Untitled

уреди

И според моето мислење смртта на Рацин е трагична грешка, ама дека во оптек е и верзијата дека тој бил намерно убиен исто така е факт. Поради тоа и тој дел мора да стои. (Zdravko 08:58, 20 Февруари 2006 (UTC))

На сајтот на A1on има подробна статија за убиството на Рацин. Со оглед на тоа што ова е само од еден извор, дали е доволно за да се вметне во статијата? Сведоштво на Мино Миновски, човекот што пукаше во Рацин crazy-nomce (разговор) 12:54, 13 јуни 2014 (CEST)Одговори


Поподробна биографија??

уреди

За најголемиот поет на Македонија само тоа ли знаеме? Некој, кој што ја има целата биографија, да ја додаде, ве молам! Комита 23:08, 27 Февруари 2006 (UTC)

Еве, Комито :), случајно најдов доста добар извор за Рацин, па сега мислам дека должината на статијата и нејзиниот квалитет е на високо ниво. Се разбира, има простор и за понатамошно подобрување. Сепак, ако некој е заинтересиран, и англиската статија за Рацин треба да се прошири и подобри (Zdravko 08:26, 28 Февруари 2006 (UTC))

„Бугарска мирудија во секоја македонска манџа “

уреди

Ве молам да не ставете бугарски „мирудии“ во македонската „манџа“ од простата причина што мнозинството од бугарските изјави во однос на Македонија и Македонците не се со научно-истражувачки побуди, туку со однапред смислена цел за докажување на „бугарштината кај Македонците“. Во основа, во бугарските тези има многу вистина, но начинот на кој се прикажуваат и толкуваат фактите е премногу подмолен. Добро испробана техника: се земаат 90 % вистински факти, а одозгора се ставаат 10% лични толкувања, или се прави вешта селекција на прикажаните факти. Наивниот читател тешко би можел да открие каде завршува вистината, од каде тргнува лагата!

Зошто секоја статија за Македонија и Македонците треба да биде зачинета со некоја бугарска мирудија? Да не се тие најповиканите да ја пресудуваат веродстојноста на информацијата!?

Конкретно за Рацин: ги имам прочитано сите негови дела (проза, поезија..) и гледам јасно човекот за што се залагал. Пишува за богомилите, и воопшто за минатото на Македонците. Насекаде јасно го брани македонскиот национален идентитет, како македонски борец за Македонија. И, ете, доаѓа некаков бугарски шизофреничар кој во последниот миг на животиот на К.Р. нашол „бугарска национална свест“! EvLa 08:03, 28 Февруари 2006 (UTC)

Го избришав линкот до http://knigite.abv.bg/kc/cyrn23.html Ако некој гледа зошто бугарската пропаганда е релевантна за статијата на Рацин, нека ја врати.

Pauderic 20:04, 23 мај 2007 (UTC)

За основоположништвото

уреди

Со сета почит кон генијалниот великан Рацин, не ми е јасно по која основа тој се нарекува „основоположник на македонската литература“. Можеби основоположник на современата литература (книжевност), но основоположник на македонската книжевност во целина малку потешко. --Б. Јанкулоскиразговор 11:38, 9 август 2006 (UTC)

Се согласувам. Мене веќе ми посочија на оваа работа. Треба да се преформулира во „еден од основоположниците на македонската литература“ (Zdravko 12:35, 9 август 2006 (UTC))

Мислам дека еден од основоположниците на современата македонска литература е најдобра варијанта, бидејќи не смеат да се заборават Неделковски, Вапцаров, Караманов, Богоевски итн, иако несомнено најголемото влијание го има токму Рацин. --FlavrSavr 13:16, 9 август 2006 (UTC)

Токму така. Но незнам дали може да се нарече дури и еден од основоположниците. Јас од секогаш сум ги сметал дејците од 19 в. за основоположници, иако македонската книжевност навистина почнува од 18 в. со профаните дела на извесни владици, чии имиња во моментов не ми текнуваат. --Б. Јанкулоскиразговор 00:15, 10 август 2006 (UTC)

Бели Мугри на Википедија

уреди

Сакав за празнициве да ја прекуцам Бели Мугри и да ја ставам некаде на Википедија. Ама гледам на некои врски на тесктот за Рацин дека веќе има дигитални верзии на песните. Зошто тие не се додадени, т.е. има ли посебен дел за песни (литература) на Википедија? --Новица 17:40, 2 јануари 2007 (UTC)

Да, има и тој моментално е на Викикниги, иако со тек на време би требало ваквите дела да ги префрлиме на Викиизвор. --FlavrSavr 17:46, 2 јануари 2007 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:23, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Назад на страницата „Кочо Рацин“.