Пролетна офанзива (1918)

Пролетна офанзива е серија германски напади во текот на пролетта во 1918 година по линијата на Западниот фронт во Првата светска војна. Пролетната офанзива претставувала најголемо напредување на германските трупи на Западниот фронт од 1914 година. Германија заклучила дека единствена шанса за да ги победи сојузниците пред Соединетите држави да влезат на фронтот со голем број војници и софистицирани средства. Германците реално имале голема предност на западниот фронт, бидејќи по руската предавство и потпишувањето на договор во Брест-Литовски имале 60 нови дивизии од источниот фронт. Пролетната офанзива се реализирала преку четири посебна германски напади, кои се наречени: Мишел, Жорже, Гнајзенау и Блихер-Јорк. Првичната намера била да сојузничките сили се одвлечат од пристаништата, кои биле клучни за британското снабдување, па потоа да ги нападнат пристаништата и линиите на комуникација.

Тактика

уреди

Германската војска имала тренирани јуришни единици, со пешадија, војската била тренирана да ја користи Хутиеровата тактика, со која би се пробиле и би ги заобиколиле непријателските единици, додека најсилните точки би ги оставале зад себе за да ги совлада останатиот дел од војската. Јуришната тактика предвидувала да се нападнат непријателски главни штабови, артилериске единици и складовите во непријателската заднина, како и да заземе теритирија во краток временски период. За да се овзможи почетниот пробив, германскиот генерал-пуковник Георг Брихмилер смислил тактика под име „огнен валцер“; шема на ефикасен и економичен артилериски напад кој се состоел од три фази. Прво би се извршил краток напад врз командата и комуникациите, потоа би се уништила алтирелијата и на крајот се предвидувал напад на непријателските предни пешадиски единици. Нападот секогаш требало да биде со куса огнена стрелба, за да се постигне ефект на силно изненадување. Сојузниците имале развиено длабинска одбрана, а со тоа го намалиле бројот на војниците на предната линија, а резервите во складовите ги поместиле надвор од артилерискиот дострел на Германците. Теоретски, фронталната линија се држела со снајпери, патроли и митралески гнезда. Потоа била поставена борбена зона, која требало да го запре евентуалниот напад, а зад неа се наоѓала заднинската зона, каде што се наоѓала резервната војска подготвена за противнапад или спречување на непријателскиот продор. Секторот кој го држела Петтата британска армија, малку пред офанзивата го презеле Французите, одбранбената структура не била завршена и на позициите имало многу малку војници за да ги држат длабинските позиции. Задинската зона речиси не ни постоела, а борбената зона ја сочинувале баталјоните, кои меѓусебно не се поддржувале, па германските напаѓачи можеле лесно да поминат меѓу нив.

Мишел

уреди

На 21 март 1918 година Германците ја започнале големата офанзива против Петтата британска армија и против десното крило на Третата британска армија. Во офанзивата Германците ги вклучиле Седумнаесеттата германска армија под команда на Ото фон Белов, Втората германска армија на Фон дер Марвиц и Осумнаесеттата германска армија на Оскар фон Хутијер, заедно со групата Гајл од Седмата армија, која ја поддржувала Осумнаесеттата армија. Британците биле изненадени од силината на нападот и гранатирањата што му претходеле, иако биле информирани за приближното време и локацијата на офанзивата. Германците имале среќа што нападот бил изведен во магла, што им дозволило на германските јуришни единици неприметено да навлезат длабоко во британските позиции. До крајот на првиот ден на офанзивата Германците се пробиле низ неколку точки на фронтот каде што била Петтата британска армија, кој пак започнала големо повлекување. При тоа повлекување голем број важни точки на линијата на фронтот останале заобиколени и биле совладани од германската пешадија. Исто така и десното крило на Третата британска армија било принудено да се повлече пред да биде опкружено. Германскиот командант Ерих Лудендорф не ја следел јуришната тактика. Немал кохерентна стратегија со која би ја следел новата тактика. Лудендорф сматал дека најсилно се држат најзначајните делови на сојузничките линии. Повеќето германски напредувања биле изведени на местата кои не биле од стратешка важност. Поради тоа Лудендорф постојано ја исцрпувал својата војска напаѓајќи ги добро утврдените британски единици. Кај Арас на 24 март се обидел со брз напад да го расшири пробојот на левото крило на Трета британска армија, но бил одбиен. Германскиот продор бил изведен северно од границата помеѓу француските и британските армии. Според мислењето на британскиот главен командант, маршал Даглас Хејг, главниот командант на француските сили маршал Петен многу бавно испраќал засилување во тој сектор. Сојузниците реагирале со именување на францускиот маршал Фердинанд Фош како координатор за сојузнички активности во Франција, а потоа и како главен командант на сите сојузнички сили.

По три дена германското напредuвање било забавено поради тоа што пешадијата била исцрпена, а движењето на артилеријата станало отежнато како и самото снабдување. Сојузниците добиле засилување со свежи британски и австралиски едници, а со тоа и одбраната била значително зацврстена. Ерих Лудендорф на 25 март 1918 година ја запрел операцијата Мишел. Според стандардите на тогашните мерила Германците суштествено напредувале на фронтот, но тоа всушост била пирова победа поради огромен број жртви. Освен тоа новоосвоената територија не била од голема важност, зашто Амјен и Арас останале во рацете на сојузниците. На таа територија движење било отежнато,зашто најголемиот нејзин дел била дивина преполна со урнатини и дупки од гранатирања останати по Битката на Сома. Таа територија била тешка за одбрана од противнапади. Сојузниците загубиле 250.000 војници (Британци, од Британската Империја, Французи и Американци). Освен тоа загубиле и 1.300 парчиња артилериски оружја и 200 тенкови. Сето тоа можело да се надомести или од британските фабрики, или со доаѓање на американската војска. Германците загубиле 239.000 војници, а највеќе специјални јуришни единици. Загубата на тие единици била ненадоместлива. Германците на почеток славеле победа, но потоа биле горчеливо разочарани кога ги согледале резултатите на офанзивата.

Жорже

уреди

Се создал слабо бранет дел на железничката пруга низ Хазебрук и пристапите кон пристаништата Кале, Булоњ сир Мер и Динкерк. Германските успеси на тој дел од фронтот можеле да предизвикаат пораз на Британија. Нападот започнал на 4 април 1918 година со артилериски валцер. Португалците биле брзо совладани и на нивните позиции бил извршен германски продор, но Британците пружиле отпор на двете крила и го загрозувале германскиот продор. Наспроти сите британски акции, Германците извеле продор и брзо напредувале. Британците се плашеле дека француските засилувања, за седам дена Германците можат да дојдат до витално значајни пристаништа, који биле оддалечени околу 25 километри. Но германските сили имале премногу изложени крила, лесни за напад, а и логистиката им била слаба, па офанзивата била запрена. Противнапади на Британците, Французите, Американаците, Канаѓаните и Австралијанците го запреле германското напредување. Лудендорф ја запрел операцијата Жорже на 30 април1918 година. Како и во операцијата Мишел загубите биле подеднакви на двете страни, околу 110.000 мртви или ранети на секоја страна. Резултатите повторно биле поразителни за Германците. Хезебрук останал во рацете на сојузници, а германските крилја биле излоежени на противнапади. Во таа операција Британците ја напуштиле релативно безвредната територија, која ја зазеле по голема цена во тек на 1917 година во Битка кај Ипр.

Блихер-Јорк

уреди

Уште додека траела операцијата Жорже Германците планирале нов напад на француските позиции со цел да ги одвлечат силите од каналот Ламанш, со што би се овозможило напредување на новите германски трупи кон север. Стратешката цел била да се разделат британските и француските сили и да се победи пред доаѓање на американската војска. Германците го извеле нападот на 27 мај 1918 година, помеѓу Соасон и Ремс. Тој сектор делумно го држеле четири британски дивизии, што се одмарале по претходниите борби и напори. Во тој сектор не била развиена длабинска одбрана, мајмногу поради тврдоглавоста на командантот на француската Шеста армија Дени Душен. Поради тоа „огнениот валцер“ бил многу успешен, а речиси сиот сојузнички фронт се распаднал. Душен ја концентрирал својата војска во предните ровови, така што немал резерви, кои би ги задржале и забавиле Германците во случај на пробив на фронтот. Иако француските и британските сили дале отпор на крилјата, германската војска напредувала до реката Марна со цел освојување на Париз, што во така создадените услови не изгледало како невозможно. Германското напредување го запреле американски митралесци и сенегалски стрелци кај Шато-Тијер. И во оваа операција загубите на двете страни биле огромни; сојузниците загубиле околу 137.000 војници, а Германците 130.000 жртви. Германските губитоци повторно биле најголеми во редовите на елитни јуришни дивизии.

Гнајзенау =

уреди

Лудендорф барал начин операцијата Блихер-Јорк да ја прошири на запад. Намерата му била да повлече што повеќе сојузнички сили на југ и да се спои со германскиот џеб кај Амјен. Од заробената германска војска Французите добиле информации за тој план, што придонело за нивни прегрупирања. Одбраната во длабочина на фронтот го намалила учинокот на германското почетно гранатирање на 9 јуни 1918 година. Германското напредување било видливо големо и покрај силниот отпор на француските и американските сили. Германското напредување го запрел изненадниот контрнапад на Французите во Комјен на 11 јуни, а со тоа на 12 јуни операцијата Гнајзенау била завршена, а жртвите повторно биле значителни на двете страни;сојузниците имале 35.000, а Германците 30.000 жртви.

Последен германски напад

уреди

Во последната офанзива Ерих Лудендорф имал намера да ги повлече сојузничките резерви од Фландрија и да го прошири џебот, создаден во офанзивата Блихер-Јорк, кон исток. Нападот источно од Ремс бил одбиен со француска длабинска одбрана кај Ремс. Германските сили југозападно од Ремс успеале да ја поминат реката Марна, но Французите започале голема офанзива на западноата страна на џебот на 18 јуни и со тоа им се заканиле на Германците со одсекување на џебот. Ерих Лудендорф успеал да го запре нападот и да го евакуира џебот. Сепак ова бил судир со кој иницијативата се префрлила на страна на сојузниците.

Стратешка важност

уреди

Пролетната офанзива ја сочинувала серија операции со кои Германците освоиле голема територија. Не била реализирана стратешка цел на брза победа, германските армии биле исцрпени, претрпеле големи загуби и се наоѓале на изложени позиции. За шест месеци војната бројна состојба на германската армија паднала од 5, 1 милиони војници на 4,2 милиони, а војската била исцрпена до крајни граници. Германската команда предвидувала дека ќе има потреба од 200.000 нови војници секој месец, но реално на располагање имале само 300.000 војници за цела година. Сојузниците исто така имале огромни загуби, но имале и можност за надополнување на своите редови со американската поддршка.

Наводи

уреди
  • Baldwin, Hanson (1962). World War I: An Outline History. London: Hutchinson. OCLC 988365.
  • Brown, Ian. British Logistics on the Western Front: 1914–1919. Praeger Publishers, 1998. ISBN 978-0-275-95894-7
  • Blaxland, Gregory (1981) [1968]. Amiens 1918. War in the Twentieth Century. London: W. H. Allen. ISBN 0-352-30833-8.
  • Edmonds, J. E.; Davies, H. R.; Maxwell-Hyslop, R. G. B. (1995) [1937]. Military Operations France and Belgium: 1918 March–April: Continuation of the German Offensives. History of the Great War Based on Official Documents by Direction of the Historical Section of the Committee of Imperial Defence. II (Imperial War Museum & Battery Press. изд.). London: Macmillan. ISBN 978-0-89839-223-4.
  • Edmonds, J. E. (1994) [1939]. Military Operations France and Belgium, 1918 May–July: The German Diversion Offensives and the First Allied Counter-Offensive. History of the Great War Based on Official Documents By Direction of the Historical Section of the Committee of Imperial Defence. III (Imperial War Museum & Battery Press. изд.). London: Macmillan. ISBN 978-0-89839-211-1.
  • Gray, Randal (1991) Kaiserschlacht, 1918: The Final German Offensive, Osprey Campaign Series 11, London: Osprey, ISBN 1-85532-157-2
  • Griffith, Paddy (1996). Battle Tactics of the Western Front: British Army's Art of Attack. 1916–18. Yale. ISBN 0-300-06663-5.
  • Hart, Peter (2008). 1918: A Very British Victory, Phoenix Books, London. ISBN 978-0-7538-2689-8
  • Herwig, Holger H. (2014). The First World War: Germany and Austria-Hungary 1914–1918. A&C Black. ISBN 9781472508850.
  • Gerhard Hirschfeld, Gerd Krumeich and Irina Renz (2018). 1918. Die Deutschen zwischen Weltkrieg und Revolution, Chr. Links Verlag, Berlin 2018, ISBN 978-3-86153-990-2. (in German)
  • Keegan, John (1999). The First World War, London: Pimlico, ISBN 978-0-7126-6645-9
  • Marshall, George C. (1976). Memoirs of My Service in the World War 1917–1918, Houghton Mifflin Company, Boston, ISBN 0-395-20725-8
  • Marix Evans, Martin (2002) 1918: The Year of Victories, Arcturus Military History Series, London: Arcturus, ISBN 0-572-02838-5
  • Middlebrook, Martin. The Kaiser's Battle: 21 March 1918: The First Day of the German Spring Offensive. Penguin. 1983. ISBN 0-14-017135-5
  • Simpson, Andy. The Evolution of Victory: British Battles of the Western Front, 1914–1918. Tom Donovan, 1995. ISBN 1-871085-19-5
  • Robson, Stuart. The First World War. Longman. 2007. ISBN 978-1-4058-2471-2
  • Zabecki, David T. (2006) The German 1918 Offensives. A Case Study in the Operational Level of War, London: Routledge, ISBN 0-415-35600-8
  • Greenhalgh, E. (July 2004). „Myth and Memory: Sir Douglas Haig and the Imposition of Allied Unified Command in March 1918“. The Journal of Military History. 68 (3): 771–820. ISSN 0899-3718. JSTOR 3396728.