Јован Митрески
Јован Митрески (20 ноември 1980 во Струга) — македонски политичар и економист. Во јануари 2024 година, тој бил избран за претседател на Собранието на Македонија.
Јован Митрески | |
---|---|
Претседател на Собранието на Македонија | |
На должноста 26 јануари 2024 – 28 мај 2024 | |
Претходник | Талат Џафери |
Наследник | Африм Гаши |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 ноември 1980 Струга, СР Македонија, СФРЈ |
Животопис
уредиЈован Митрески е роден во 1980 година во Струга. Основното образование го завршува во родниот град, а средното образование во соседниот Охрид. Во 2004 година дипломира на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.[1] По дипломирањето работи како сметководител, а од 2007 година е професор по стручни економски предмети во СОУ „Нико Нестор“ – Струга.[2]
Митрески едноподруго е избиран за пратеник во Собранието од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на парламентарните избори во 2014, 2016 и 2020 година. Во вториот и третиот мандат е координатор на пратеничката група на коалицијата предводена од СДСМ.[1]
На 26 јануари 2024 година Митрески е избран од мнозинството пратеници со 64 гласови „за“ и 40 гласови „против“ за претседател на Собранието. Тој го наследува Талат Џафери, кој има мандат за формирање нова влада која согласно Пржинскиот договор ќе функционира до парламентарните избори закажани за 8 мај.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Јован Митрески ја презеде функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија“. www.sobranie.mk. Посетено на 2024-01-27.
- ↑ „За претседателот – Јован Митрески“. Собрание на Република Северна Македонија. Архивирано од изворникот на 27-01-2024. Посетено на 27-01-2024. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |archive-date=
(help)