Африм Гаши
Африм Гаши (албански: Afrim Gashi; 9 ноември 1977 во Скопје) — македонски политичар.
Африм Гаши | |
---|---|
Претседател на Собранието на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 28 мај 2024 | |
Претходник | Јован Митрески |
Претседател на Алтернатива | |
На должноста 10 март 2019 – 27 мај 2024 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 9 ноември 1977 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | Беса (2014-2019) Алтернатива (2019-денес) |
Животопис
уредиАфрим Гаши е роден на 9 ноември 1977 година во Скопје, тогаш во СР Македонија, СФР Југославија. Тој е етнички Албанец. Основно и средно образование завршува во родниот град. Во 2007 година дипломира на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Во 2021 година магистрира политички науки на Институтот за правни, социолошки и политички студии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]
Гаши е претседател на политичката партија Алтернатива од нејзиното основање во 2019 година до 2024 година. Тој е пратеник во Собранието од 2016 до 2020 година[2] и од 2020 до 2024 година.[3]
Гаши е избран за претседател на Македонското собрание на 28 мај 2024 од Коалиција "ВРЕДИ" предводена од Беса, Алтернатива и Демократско Движење.
Наводи
уреди- ↑ „Kryetari Afrim Gashi“. alternativa.org.mk (албански). Посетено на 2024-05-22.
- ↑ „Африм Гаши 2016–2020“. www.sobranie.mk. Посетено на 2024-05-22.
- ↑ „Африм Гаши 2020–2024“. www.sobranie.mk. Посетено на 2024-05-22.