Список на претседатели на Кралското друштво

список на статии на Викимедија

Претседател на Кралското друштво (англиски: President of the Royal Society, PRS) — лице кое стои на чело на Кралското друштво во Лондон и (академијатата на науките на Британија) и претседава со состаноците на неговиот совет.

Грб на Кралското друштво

По една неформална средба, Кралското друштво е основано на 28 ноември 1660 г. од група научни дејци, со замисла да се создаде „друштво за унапредување на физичко-математичките опитни изучувања“,[1] На 15 јули 1662 г. друштвото добило кралска повелба, со што е признаен неговиот статут.[2] Во основачкиот документ се вели дека прв претеседател на друштвото ќе биде Вилијам Браункер, а дека секој понатамошен претседател, по потреба, ќе се бира на денот на годишното собрание на Андреевден (30 ноември) — годишнина на друштвото.

Должностите на претседателот се опишани во втората кралска повелба, иако истата не пропишува колку време лицето може да се задржи на функцијата. Ова се должело на тоа што лицата се бирале според нивната имотна состојба и влијателност како начин на обезбедување средства. Кон средината на XIX век е решено дека претседателите мора да се бираат само на основа на научна заслуга. Почнувајќи од 1870-те е воведен обичај секој претседател да служи по пет години (со неколку исклучоци), што е горната граница на службување согласно тековниот статут на друштвото.[3]

Претседателот има службена и друштвена улога. Во минатото бил главен (но неформален) советник на владата по научни прашања. Има улога на домаќин при посета на државни и научни делегации или поединци од странство.[4]

Новоизрбраниот претседател стапува должност на годишнината на друштвото (30 ноември) или првиот работен ден по неа.[5]

Список на претседатели

уреди
Служел Име и презиме Занимање
1662–1677   Вилијам Браункер математичар
1677–1680   Џозеф Вилијамсон чиновник и политичар
1680–1682   Кристофер Рен архитект, астроном и физичар
1682–1683   Џон Хоскинс адвокат
1683–1684   Сирил Вич адвокат, политичар
1684–1686   Семјуел Пипс морнарички чиновник и пратеник
1686–1689   Џон Вон политичар
1689–1690   Томас Херберт политичар
1690–1695   Роберт Саутвел дипломат
1695–1698   Чарлс Монтагју поет и државник
1698–1703   Џон Сомерс правник и државник
1703–1727   Исак Њутн физичар, математичар, астроном и природонаучник
1727–1741   Ханс Слоун лекар и собирач
1741–1752   Мартин Фолкс старинар
1752–1764   Џорџ Паркер астроном
1764–1768   Џејмс Даглас астроном благородник-пратеник
1768-1768   Џејмс Бароу правен известувач
1768–1772   Џејмс Вест политичар и старинар
1772-1772   Џејмс Бароу правен известувач
1772–1778   Џон Прингл лекар
1778–1820   Џозеф Бенкс природонаучник и ботаничар
1820-1820   Вилијам Хајд Воластон хемичар
1820–1827   Хамфри Дејви хемичар и пронаоѓач
1827–1830   Дејвис Гилберт инженер, писател и политичар
1830–1838   Принц Август Фредерик Војвода од Сасекс, шести син на кралот Џорџ III
1838–1848   Спенсер Комптон благородник
1848–1854   Вилијам Парсонс астроном
1854–1858   Џон Ротсли астроном
1858–1861   Бенџамин Колинс Броди физиолог и хирург
1861–1871   Едвард Себајн астроном, геофизичар, орнитолог и истражувач
1871–1873   Џорџ Бидел Ери математичар и астроном
1873–1878   Џозеф Далтон Хукер ботаничар и истражувач
1878–1883   Вилијам Спотисвуд математичар и физичар
1883–1885   Томас Хаксли биолог
1885–1890   Џорџ Стоукс математичар и физичар
1890–1895   Вилијам Томсон Келвин математички физичар
1895–1900   Џозеф Листер хирург
1900–1905   Вилијам Хагинс астроном
1905–1908   Џон Страт физичар
1908–1913   Арчибалд Гејки геолог и писател
1913–1915   Вилијам Крукс хемичар и физичар
1915–1920   Џозеф Џон Томсон физичар
1920–1925   Чарлс Скот Шерингтон неврофизиолог, хистолог, бактериолог и патолог
1925–1930   Ернест Радерфорд физичар и хемичар
1930–1935   Фредрик Гоуленд Хопкинс биофизичар
1935–1940   Вилијам Хенри Брег физичар, хемичар и математичар
1940–1945   Хенри Халет Дејл фармаколог и физиолог
1945–1950   Роберт Робинсон органски хемичар
1950–1955   Едгар Адријан електрофизиолог
1955–1960   Сирил Норман Хиншелвуд физички хемичар
1960–1965   Хауард Флори фармаколог и патолог
1965–1970   Патрик Блекет физичар
1970–1975   Алан Хоџкин физиолог и биофизичар
1975–1980   Александар Тод биохемичар
1980–1985   Ендру Хаксли физиолог и биофизичар
1985–1990   Џорџ Портер хемичар
1990–1995   Мајкл Атија математичар
1995–2000   Арон Клуг хемичар и биофизичар
2000–2005   Роберт Меј математички биолог
2005–2010   Мартин Рис космолог и астрофизичар
2010–2015   Пол Нерс генетичар и цитолог
2015–present   Венкатраман Рамакришнан биофизичар

Наводи

уреди
  1. „History of the Royal Society“.
  2. The Royal Society. „Royal Charters“. Посетено на 14 март 2012.
  3. „The role of President of the Royal Society“. The Royal Society. Архивирано од изворникот на 9 јуни 2008. Посетено на 6 декември 2009.
  4. „The Presidency of the Royal Society of London“. Science. American Association for the Advancement of Science. 6 (146): 442–3. 1885. Bibcode:1885Sci.....6..442.. doi:10.1126/science.ns-6.146.442. PMID 17749567.
  5. „The Role of President of the Royal Society“. The Royal Society. 2008. Посетено на 2 април 2008.
Литература
  • „Presidents of the Royal Society (1662–2006)“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press. 2004.