Цитологија

гранка на биологијата
(Пренасочено од Цитолог)

Цитологија или клеточна биологија — наука која ги проучува градбата и функцијата на клетката. Зборот цитологија доаѓа од грчките зборовите citos (kytos) = клетка и logos = наука. Со помош на микроскоп може да се видат физичките својства на клетката, животниот циклус, поделбата на клетката, физиологијата и комуницирањето на клетките меѓу себе.

Цртеж на прокариотска клетка.

Поделба на клетка

уреди

Клетките се делат на прокариотски и еукариотски клетки. Прокариотските имаат поедноставна градба од еукариотските. Немаат вистинско јадро туку јадренце во кое се среќава ДНК без хистонски белковини. Генетскиот материјал (ДНК и РНК) не е одвоен со мембрана туку е во допир со надворешната средина на клетката додека кај еукариотска клетка генетскиот материјал е заграден со мембрана. Мембраните кај еукариотската клетка имаат важна улога во структурата на различни органели. Органелите се меѓуклеточни структури кои имаат прецизна одредена функција во клетката напоредно со органите што имаат јасно одредени функции во организмот.

Надворешни врски

уреди

Поврзани изданија

уреди