Пред божји суд
Пред божји суд е збирка поезија од македонскиот поет Васил Пујовски.
Технички одлики
уредиЗбирката „Пред божји суд“ е објавена во 1969 година од издавачката куќа „Македонска книга“ од Скопје, во рамки на едицијата „Наша современа поезија“. Книгата, која има 73 страници, била испечатена во графикиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во 1 000 примероци. Техничкото уредување и нацртот на корицата ги направил Коста Бојаџиевски, а коректурата била дело на Вера Арсовска.[1]
Содржина
уредиВо збирката се застапени песни и песни во проза, распоредени во следниве пет циклуси: „Првото и последно писмо“, „Сам од себе распнат“, „Прогонство од рајот“, „Пред божји суд“ и „Првото и последно писмо“. Збирката се состои од следниве песни: Твојот воз, Ти мојата најголема Блискост, Има нешто во твоите очи, Да Лавинија, Ех што не можам, Изгледа секогаш, Ти знаеш колку, Јас љубам Лавинија, Ме налегнува некаква тежина, Кога ќе зазори, Манастир пред мене, Маѓосник пред мене, Распнат на крст, Откаде таа маѓија, Ајде да поиграме, Речи ми го зборот, Мечот на небесата, Ливада во дворот, Така нацртав икона, Повторно сум ранет, Каде ќе е небото, Просторот ми застанал, Времето носи приказни за злиот, На неизбежната граница, Го гледам тој враг, Жив мртов, Сега сум и добар, Жалосно што не сум, Ако нешто мразев, За колку би рекол, На секое лице, Наместо фалбоспевки, Се гледам во рајот, Чуден е овој рај, Господ е сè, Убаво ми е мене, Кога ги затворив, Така сум прогонет, А сега пред божјиот суд, Кој господ ми суди, Јас во песната, Ја отворам душата, А кој ме измами, Мудрец на птицата, Кој враг ќе ми суди, Речи ми, Потребен ми е суд, Толку Лавинија, Кога би бил, Толку Лавинија.[2]