Геолошки топографски институт на САД

(Пренасочено од USGS)


Геолошкиот топографски институт на САД (англиски: United States Geological Survey, крат. USGS)[3] — научна служба на владата на САД. Се заминава со проучување на топографијата на САД, нивните природни ресурси и осознавање на природните опасности што им се закануваат. Дејноста на институтот е распоредена на четири поважни полиња: биологијата, географијата, геологијата и хидрологијата. Геолошкиот топографски институт е организација задолжена за осознавање на факти и нема надлежност врз прописи и регулативи.

Геолошки топографски институт на САД
United States Geological Survey
Амблем
Службено обележје
Податоци за органот
Основан 3 март 1879
Седиште Рестон, Вирџинија
Вработени 8.670 лица (2009)
Годишен буџет 1,1 милијарди долари[1]
Раководител Марша Мекнат[2]
(директор)
Матичен орган Министерство за внатрешни работи
Мрежно место
usgs.gov

Како служба во состав на Министерството за внатрешни работи на САД (со сосем поинаква надлежност од македонскиот истоименик), ова е единствениот негов огранок што се занимава со научна дејност. Во институтот работат околу 8.670 лица,[4] а седиштето се наоѓа во Рестон (Вирџинија). Поважни филијали има и во Лејквуд (Колорадо) и Менло Парк (Калифорнија).

Мотото на установата гласи „Science for a changing world“ („Наука за свет кој се менува“).[5]

Историја

уреди

Институтот е основан како одговор на извештај од Националната академија на науките со законски акт на Конгресот, донесен на 3 март 1879. Новооснованата установа била задолжена со „класификација на државното земјиште и испитување на геолошкиот состав, минералните ресурси и производите во општествена сопственост.“ Главен двигател на задачата била неопходноста од попишување на огромните површини стекнати со купувањето на Луизијана во 1803 и Американско-мексиканската војна во 1848.

При неговото основање, првиот директор на институтот, Кларенс Кинг, го составил со обединување на различни неповрзани регионални геодетски служби По кратко време на директорското место го наследил Џон Весли Пауел.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. U.S. Department of the Interior (22 октомври 2009). "Secretary Salazar Applauds Senate’s Confirmation of Dr. Marcia McNutt as Director of the U.S. Geological Survey". Соопштение за печат.  посет. 7 ноември 2009 г
  2. Straub, Noelle (22 октомври 2009). „Senate Confirms Nominees for Interior, DOE“. The New York Times. Посетено на 22 октомври 2009.
  3. или Геолошка служба на САД
  4. The Associated Press (23 октомври 2009). „Monterey Aquarium's McNutt new USGS director“. Google Вести. Посетено на 25 октомври 2009.
  5. „USGS Visual Identity System“. Геолошки топографски институт на САД. 27 јули 2006. Архивирано од изворникот на 2009-01-30. Посетено на 29 декември 2008.

Надворешни врски

уреди