Последен Удар — македонска панк рок, ои и стрит панк музичка група од Скопје.

Последен Удар
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровипанк рок, ои панк, стрит панк
Период на активност(2018 прв настап) 2017–денес
Членови
Григориј Јовановски (вокал)
Владимир Соколовски (гитара)
Горан Стојанов (гитара)
Димитар Апостоловски (тапани)
Андреј Торбаков (бас-гитара)
Поранешни членови
Ерик Шутуш (бас-гитара)

Историја

уреди

Првите почетоци на групата датираат од летото 2017 година, кога се започнува со проби и создавање на првите песни и делови од песни. Кон крајот на есента 2017 и почетокот на 2018 година се комплетира конечниот и сегашен состав на членови на групата по што на почетокот на Март 2018 бендот го има својот прв самостоен настап во Скопје, при што во истиот месец остварува и втор настап во рамки на Пролетниот Урбан Денс Фестивал во Скопје заедно со Ритам Нереда[1]. Во средината јуни одржуваат промоција на своето прво снимено EP со 5 песни на компакт диск, а во текот на летото одржуваат серија настапи и тоа свирки на: доделувањето на Македонските алтернативни награди (МАН) на Школка во Градскиот парк во Скопје, свирка на брод на Охридското Езеро во рамки на „United Along the Lake 2“ фестивалот, настап на Д Фестивал во Дојран и настап на Пивскиот фестивал во Ладовица, Србија. На 24 август 2019, Последен Удар го издаваат својот прв студиски албум насловен „Не сме како вас“[2], за што се одржала слушачка промоција на платото пред Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Албумот содржи 10 песни од кои 9 на македонски и 1 на англиски јазик, снимени во студиото „1060“ во Скопје. Успешната година, бендот ја завршува со настап на петтото издание на фестивалот „Востание“ во МКЦ, на крајот на декември 2019 година. По сеопштиот застој во секојдневното општествено живеење и свирки и настани на музичката сцена поради светската пандемија од корона вирус, Последен Удар продолжува со настапи одржувајќи свирка заедно со Лоши Деца во скопскиот клуб „Хавана“ кон крајот на септември 2021 година. Во април 2023 година го промовирале и својот втор студиски албум насловен „Сега и засекогаш“, при што летото истата година оствариле и негова промоција преку свирки во Куманово, Охрид и есента на две свирки во Скопје. На почетокот на февруари 2024 оствариле и мала турнеја во соседна Србија со две одржани свирки во Белград и Смедеревска Паланка.

Го негуваат звукот на панк рок, ои и стрит панк како и делумни хардкор примеси со изразени гитарски солажи, бас-линии и тапани, а текстовите на песните се целосно на македонски јазик во духот на дружењето, животот на улицата, фудбалот, другарувањето со пиво и алкохол, како и теми и од секојдневното општествено живеење во Македонија. Музичко влијание црпат од англиските ои панк бендови како Cock Sparrer, Cockney Rejects, Macc Lads, SHAM 69, The Business, канадскиот Bishops Green и др.

Дискографија

уреди
  • ЕP (2018) - 5 песни
  • „Не сме како вас“ (2019) - 10 песни
  • „Сега и засекогаш“ (2023) - 10 песни

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Последен Удар - официјална facebook страна на бендот
  • Последен Удар - официјален канал на YouTube (со снимки од настапи и студиски снимки на песни)

Наводи

уреди
  1. „Ritam Nereda, Talamasca,Tryambaka,Blisargon – Urban Spring Fest“. Евенти. Посетено на 29 мај 2018.[мртва врска]
  2. „„Последен удар" го промовираше својот прв албум“. Нетпрес. 26 август 2019. Посетено на 26 август 2019.