Лоши Деца — македонска панк рок, ои и стрит панк музичка група од Скопје. Првите почетоци на групата датираат кон крајот на деведесеттите години на XX век, со првиот настап во 1998/97 година. На почетокот настапувале под името Солунски атентатори, а официјално под името „Лоши деца“ настапуваат од 2001 година. Го негуваат брзиот панк рок, ои и стрит панк звук со изразити гитарски солажи, бас-линии и тапани, а текстовите на песните се во духот на животот на улицата, Oi! и скинхед движењето, другарувањето со пиво, борбата на работничката класа и Македонија. Музичко влијание црпат од англиските ои панк групи, како: како Cock Sparrer, Cockney Rejects, Infa Riot, The Business, The Addicts, Blitz и др. Во 2003 оствариле победа на Лузер Фест по што настапувале како прва група на фестивалот „Таксират“, на кој повторно настапиле и во 2013 година, како прва предгрупа на култната британска панк група The Exploited. Групата има настапувано на самостојни концерти ширум Македонија, и тоа: во МКЦ, на Школка во парк, во скопските клубови „Вулкан“, „Кастро“, „Хавана“, на фестивалите „Рок фест“, „Пиволенд“ и „Велесфест“. Исто така, „Лоши деца“ настапиле и на фестивалот Exit во Нови Сад.[1]

Лоши Деца
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровипанк рок, ои панк, стрит панк
Период на активност(1997/98 прв настап) 2001–денес
Членови
Ивица Маневски - Жица (вокал/тапани)
Марјан Јанковски - Мане (гитара)
Златко Лазаров - Кикир (бас-гитара)
Поранешни членови
Гоце Зозински (тапани)
Емил Тодоров (гитара)
Саво Потевски (бас-гитара)
Дејан Јовановиќ - Зеко (гитара)
Горан Михајловски - Петел (тапани)
Александар Пешевски (гитара)

ДискографијаУреди

Групата има објавено два студиски албума:[1]

  • „Начин на живот“, 2003
  • „Борбата продолжува“, 2012

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА – ЛОШИ ДЕЦА ГО ОТВАРААТ ТАКСИРАТ 15“. Никулец. 22 декември 2013. Посетено на 7 октомври 2016.