Португалски креолски јазици

Поругалските креолски јазицикреолски јазици коишто го користат португалскиот како основен јазик.

Потекло

уреди

Образување на јазиците

уреди

Португалското прекуморско истражување во периодот на Големите географски откритија довело Португалската Империја да воспостави трговски пунктови, утврдувања и колонии во Африка, Азија и Америка. Контактот на португалскиот јазик со домородните јазици овозможило создавање на пиџински јазици, коишто започнале да се користат како лингва франка во подрачјата со португалско влијание. Со тек на време, многу од овие пиџински јазици биле прифатени од страна на месното население и со тоа станале стабилни креолски јазици. Овие креолски јазици се или биле зборувано главно од страна на потомците на Португалците, домородните народи и понекогаш некои други народи кои ја населувале територијата на колониите на Португалската Империја.

Како што обично се случува со најголемиот број креолски јазици, лексиката на овие креолски јазици потекнува од нивните прајазици, а во најголема мера од португалскиот; додека граматиката на секој креолски јазик е главно оригинална и се одликува со мали и незначителни сличности со синтаксата на португалскиот или на супстратскиот јазик.

До неодамна, креолските јазици биле сметани за „изопачени“ дијалекти на португалскиот коишто не заслужуваат да им се обрнува внимание. Како последица на тоа, има мал број на материјали со детали за нивното образување. Почнувајќи од 20. век, зголеменото проучување на креолските јазици од страна на јазичарите довело до унапредување на неколку теории. Според моногенетската теорија на пиџинските јазици, пиџинскиот јазик наречен „западноафрикански пиџински португалски“ се претпоставува дека бил зборуван во периодот од 15. до 18. век во утврдувањата основани од страна на Португалците на брегот на Западна Африка. Ваквата варијанта била почетна точка за сите пиџински и креолски јазици. Ова донекаде објаснува зошто португалската лексика се среќава во многу креолски јазици, но уште поважно го објаснува и присуството на бројните граматички сличности меѓу таквите јазици. Пример е предлогот na, со значење „во“ и/или „на“, којшто веројатно потекнува од португалското na, со значење „во“ и употреба пред именки во еднина од женски род.

Потекло на името

уреди

Португалскиот збор за „креолски“ е crioulo, којшто потекнува од глаголот criar (со значење „крева“, „подига“), и суфиксот -oulo, чиешто потекло е дискутабилно. Првобитно, поимот се употребувал за да се разлкуваат припадниците на етничките групи, кои биле родени и израснати во колониите, од оние кои биле родени во својата татковина. Така, поимот во Африка често се користел за разликување на лицата кои биле родени локални и целосно или делумно биле од португалско потекло од оние родени во Португалија; во Бразил, пак, поимот се користел и за разликување на црнците од африканско потекло родени локално од оние кои биле донесени од Африка како робови.

Со тек на време, сепак, ваквата родова смисла се изгубила и зборот crioulo или изведените зборови од него станале имиња на некои горногвинејски заедници и нивните јазици: Гвинеобисајците и нивниот горногвинејски креолски, Зелено'рќаните и нивниот зелено'ртски креолски, коишто денес силно придонесуваат кон намалување на важноста на официјалниот стандарден португалски во овие две земји.

Классификација

уреди
Африка
Индија
  • индо-португалски креолски (Indo-Portuguese Creole) — јазик на индо-португалските христијански метиси во поранешните португалски колонии на брегот на Индија;
    • нортеиро (Norteiro) — северно наречје;
      • дамански дијалект (Daman Indo-Portuguese, Língua da Casa) — Даман; околу 2.000 говорници;
      • дијалект диу (Diu Indo-Portuguese; língua dos velhos) — Диу; неколку стотини говорници;
      • кристи (Kristi, Korlai Creole Portuguese, Korlai Portuguese, No Ling) — во селото Корлаи (сојузна држава Махараштра);
    • кералско наречје
    • короманделско наречје — до 19. век;
    • бенгалско-португалско наречје — до почетокот на 20. век;
  • шриланечки португалски креолски (Sri Lanka Indo-Portuguese, Ceylonese Portuguese Creole, Sri Lanka Portuguese Creole) — граѓани и ќафири во Шри Ланка; околу 3.500 говорници;
  • кшерденски; 3.000 говорници.
Кина (Sino-Portuguese Creoles)
  • макајски (макајски португалско-креолски јазик; Macaense, Macaista Chapado, Patuá Macanese, Macau Creole) — неколку стотини говорници во Макао и дијаспората.
Малајски архипелаг
Индокина

Во Индокина се зборувале неколку одамна изумрени креолски јазици:

Америка

Во Америка португалскиот послужил како еден од основните лексички извори (заедно со шпанскиот) за папјаменто и имал значаен придонес во образувањето на сарамаканскиот јазик.

Освен тоа, португалскиот се јавува како извор на граматичката структура на мешаниот јазик купопја (кафундо), кој како таен јазик го користат 12 лица во селото Кафундо во бразилската сојузна држава Саун Пауло. Како чинители на лексиката на овој јазик послужиле банту-јазиците, а пред сè умбунду (Ангола).

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Ibero-Asian Creoles. Comparative Perspectives. Edited by Hugo C. Cardoso, Alan N. Baxter and Mário Pinharanda Nunes. [Creole Language Library, 46]. Amsterdam — Philadelphia: John Benjamins Publishing Company, 2012. xi, 375 pp. ISBN 978 90 272 5269 2 / ISBN 978 90 272 7320 8.

Надворешни врски

уреди