Мешан јазик
Мешан јазик или измешан јазик е јазик кој настанал преку мешање на два изворни јазика, најчесто преку двојазичноста, па како резултат на тоа не постои можност новата јазична форма да се класифицира како дел од едниот или другиот јазик или јазични семејства. Иако овој често се земал предвид во историската лингвистика уште од XX век, чисти случаи на јазична мешавина, која не е исто со јазична замена или јазично позајмување, се многу ретки. Мешањето на јазиците најчесто се сретнува во средини или случаи со мешани етнички групи. Јазично мешање на повеќе од два јазика не е забележано.
Дефиниција
уредиСпоред јазичарот Гилад Цукерман, „секој јазик е измешан до одреден степен“[1] но само неколку јазици се мешано во вистинската смисла на зборот.
Мешан јазик се разликува од пиџин по тоа што во случаи каде има јазично мешање говорниците кои го создаваат јазикот ги зборуваат изворните јазици скоро како мајчини. Од другата страна пак, кога се создава пиџин, говорниците имаат слабо познавање на јазиците кои дошле во контакт. Пиџинот се создава поради потреба за комуникација и луѓето ги комбинираат елементите од двата изворни јазика само за да се разберат во одредени случаи, но не и да ги научат соодветно.
Кај мешаните јазици не е лесно да се одделат изворните јазици. Мешаните јазици се разликуваат од креолските јазици во тоа што не можат да се разграничат јазиците и немаат еден „јазичен родител“. Креолските јазици тежнеат да создадат попроста граматика заснована на изворниот јазик, но мешаните јазици ги зачувуваат граматичките елементи од изворните јазици.
Примери
уредиКако мешани јазици се сметаат:
- мичифски јазик, мешавина од француски и криски јазик.
- алеутско-медновски јазик, мешавина од руски и алеутски јазик.
- кападокиско-грчки јазик, мешавина од грчки и турски.
- мбугуски јазик, мешавина од банту и источнокушитски јазици.
- Медија ленгва, мешавина од кечуански и шпански јазик.
- лесен варлпириски јазик, мешавина од австралиско-креолски и варлпириски јазик.
- гуринџи-креолски јазик, мешавина од австралиско-креолски и гуринџиски јазик.
- ероминчела, мешавина од ромски и баскиски.
- бонински мешан јазик,мешавина од бонински и англиски[2].
Поврзано
уредиНаводи
уредиКористена литература
уреди- Bakker, Peter (1997). A Language of Our Own: The Genesis of Michif, the Mixed Cree-French Language of the Canadian Metis. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-509712-2.
- Bakker, P., and M. Mous, eds. (1994). Mixed languages: 15 case studies in language intertwining. Amsterdam: IFOTT.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Matras, Yaron and Peter Bakker, eds. (2003). The Mixed Language Debate: Theoretical and Empirical Advances. Berlin: Walter de Gruyter. ISBN 3-11-017776-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Mous, Maarten. 2003. The making of a mixed language: The case of Ma'a/Mbugu. Creole language library (No. 26). Amsterdam: J. Benjamins Pub. Co.
- Sebba, Mark (1997). Contact Languages: Pidgins and Creoles. MacMillan. ISBN 0-333-63024-6.
- Thomason, Sarah and Terrence Kaufman (1988). Language Contact, Creolization, and Genetic Linguistics. University of California Press. ISBN 0-520-07893-4.
- Zuckermann, Ghil'ad (2009). "Hybridity versus Revivability: Multiple Causation, Forms and Patterns." Journal of Language Contact, Varia 2:40-67.
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |