Портал:Биографија/Одбрана статија/2007/јули
Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (31 август, 1863, Муром – 27 септември, 1944, Париз) (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горский ⓘ) го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е во Муром во Владимирската област, Русија, а по звање бил хемичар.[1] Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.
Своите првобитни истражувања резултирале со патенти слајдови и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската Империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.
Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание.
- ↑ Фотограф на царот: Сергеј Михајлович Прокудин-Горски Библиотека на Конгресот. Пристапено на 13 август 2006