Попис на населението во ФНРЈ во 1948 година

Попис на населението во ФНРЈ во 1948 година – попис на населението кој го извршил Државниот статистички уред на Сојузната планска комисија во 1948 година. Пописниот образец содржел 13 прашања и упатство за пополнување. Основната цел била да се направи попис заради процена на воените последици и штети. Бројот на жители е наведен според тогашната методологија. Републиките и покраините се делеле на градови и срезови.[1]

Национален состав на населението во ФНРЈ според пописот од 1948година

Според овој попис Југославија имала 15.772.098 жители и бил видлив демографската загуба во текот на Втората светска војна. Според резултатите од истражувањето од 1964 година, Југославија во Втората светска војна изгубила 597.323 лица или околу 4% од населението. По републики, најмногу жртви имала Хрватска: 194.749 погинати и исчезнати цивили и партизани или 32,6% од вкупното население. Босна и Херцеговина имала 177.045 жртви (29,6%), Србија без покраините 97,728 (16,4%), Војводина 41.370 (6,9%), Словенија 40.791 (6,8%), Македонија 19.706 (3,3%), Црна Гора 16.903 (2,8%), а Косово 7.927 (1,3%), додека за 1.744 лица не се знаело нивното републичко потекло.[2] Според процентот на погинатите, најмногу имала Босна и Херцеговина, околу 7% од вкупното население, а најмалку Косово, околу 1%. Сојузниот статистички уред навел дека без војна Југославија би имала околу 18,3 милиони жители, но дека сепак бројот на жители од последниот попис во 1931 година сепак е зголемен за 1,3 милиони или 9,1%.[3]

Пописот од 1948 година по првпат ги вклучил подрачјата Истра и словенското приморје околу Трст кои претходно ѝ припаѓале на Италија.[3] Во образецот било предвидено муслиманите со југословенско етничко потекло да дадат некој од следните одговори: Србин-муслиман, Хрват-муслиман или неопределен-муслиман, со тоа што Србите-муслимани биле вклучени во Србите, Хрватите-муслимани во Хрватите и Македонците-муслимани во Македонци, додека неопределените-муслимани биле искажани посебно, што предизвикало некои конфузии. Со следните пописи на муслиманите им бил признат статус на народ. Освен во Хрватска (14.545 помалку жители), сите останати рпублики забележале раст на населението.[3] Од вкупно 15,77 милиони жители, најмногу имало во Србија: 6.527.966 или 41,4%. Косово имало 727.820 жители (498.242 Албанци или 68,4%, 171.911 Срби или 23,6%[4]), Војводина 1.663.212 жители (Срби 841.246 или 50,6%, Унгарци 428.932 или 25,8%, Хрвати 134.232 или 8,1%[5]), а Србија без покраините 4.134.934 жители (Срби 3.810.573 или 92,2%, Албанци 33.289 или 0,8% и други[6]).

Во Хрватски имало 3.779.858 или 24% од населението на Југославија. Хрвати имало 2.975.339 или 78,7%, Срби 543.795 или 14,4%.[7] Босна и Херцеговина имала 2.565.277 жители, од кои 1.136.116 Срби (44,3%), 788.403 Муслимани/Бошњаци (30,7%), 614.123 Хрвати (23,9%) и други.[8] Македонија броела 1.152.986 жители (789.648 Македонци или 68,4%, 197.389 Албанци 17,1%), Словенија 1.391.873 (1.350.459 Словенци или 97%, 16.069 Хрвати или 1,2%), а Црна Гора 377.189 (342.008 Црногорци или 90,7%, 19.425 Албанци или 5,1% и други).

Пет градови имале повеќе од 100.000 жители, шест преку 50.000 и 17 преку 20.000. Вкупното градско население изнесувало 1,94 милиони или 12,3%,[9], а селското 13,83 милиони или 87,7%. Најголеми градови биле Белград (367.816 жители),[10] Загреб (279.623 жители),[10] Љубљана (115.095 жители) и Сараево (113.769 жители).

Национален состав на населението

уреди
Национален состав на населението на ФНРЈ, 1948 година
Република/покраина вкупно Срби Хрвати Словенци Македонци Црногорци неопр. муслимани Бугари Чеси Словаци
ФНРЈ 15.772.098 6.547.117 3.784.353 1.415.432 810.126 425.703 808.921 61.140 39.015 83.626
НР Србија 6.527.966 4.823.730 169.864 20.998 17.917 74.860 17.315 59.472 6.760 73.140
* НР Србија – без покраини 4.136.934 3.810.573 30.342 13.492 8.301 16.221 6.586 55.894 2.755 1.106
Град Белград 367.816 299.498 24.331 9.463 5.265 7.686 1.218 327 2.026 959
* Војводина 1.663.212 841.246 134.232 7.223 9.090 30.589 1.050 3.501 3.976 72.032
Град Нови Сад 75.158 36.520 8.417 910 298 544 142 54 382 2.069
* Косово и Метохија 727.820 171.911 5.290 283 526 28.050 9.679 77 29 2
Град Приштина 19.631 5.119 105 15 108 1.142 60 2 3 0
НР Хрватска 3.756.807 543.795 2.975.399 38.734 1.387 2.871 1.077 637 28.991 10.097
Град Загреб 279.623 13.125 241.007 17.054 430 795 209 332 1.674 167
НР Словенија 1.391.873 7.048 16.069 1.350.149 366 521 179 35 1.063 82
Град Љубљана 115.095 1.441 2.377 109.681 74 136 48 7 303 14
НР Босна и Херцеговина 2.565.277 1.136.116 614.123 4.338 675 3.094 788.403 94 1.978 274
Град Сараево 113.769 40.914 26.486 1.408 323 1.846 39.328 49 530 24
НР Македонија 1.152.986 29.721 2.090 729 789.648 2.348 1.560 889 130 29
Град Скопје 87.654 5.872 986 425 51.819 770 405 275 74 11
НР Црна Гора 377.189 6.707 6.808 484 133 342.009 387 13 93 4
Град Титоград 10.338 287 133 58 23 9.567 32 7 18 0
Национален состав на населението на ФНРЈ, 1948 година
Република/покраиина Руси Русини/Украинци Албанци Унгарци Германци Романци Власи Италијанци Турци Роми останати и неп.
ФНРЈ 20.069 37.140 750.431 496.492 55.337 64.095 102.953 79.575 97.954 72.736 19.883
НР Србија 13.329 22.667 532.011 433.701 41.460 63.130 93.440 863 1.914 52.181 9.214
* НР Србија – без покраини 7.819 553 33.289 4.686 9.442 3.849 93.440 632 523 33.366 4.065
Град Белград 5.144 287 1.137 3.427 3.409 323 4 441 77 90 2.704
* Војводина 5.148 22.083 480 428.932 31.821 59.263 0 192 76 7.585 4.693
Град Нови Сад 761 887 44 21.000 1.390 382 0 33 16 57 1.252
* Косово и Метохија 362 31 498.242 83 197 18 0 39 1.315 11.230 456
Град Приштина 45 2 11.442 20 5 3 0 4 65 1.274 217
НР Хрватска 3.210 6.397 635 51.399 10.144 743 1 76.093 13 405 4.779
Град Загреб 1.070 181 261 1.058 595 45 1 466 5 0 1.148
НР Словенија 796 170 216 10.579 1.824 71 0 1.458 5 46 1.196
Град Љубљана 220 34 65 57 298 9 0 171 2 0 158
НР Босна и Херцеговина 1.316 7.883 755 532 1.174 71 1 964 80 442 2.964
Град Сараево 552 84 418 122 338 22 1 136 56 0 1.132
НР Македонија 1.141 0 197.389 219 360 77 9.511 56 95.940 19.500 1.649
Град Скопје 557 0 5.209 113 152 16 665 27 13.928 5.796 554
НР Црна Гора 277 23 19.425 62 375 3 0 141 2 162 81
Град Титоград 42 0 45 4 61 1 0 58 0 0 2

Наводи

уреди
  1. Novak 1954.
  2. Vladimir Žerjavić. „Yugoslavia: Manipulations with the Numbers of Second World War Victims“. Hrvatski informativni centar. Архивирано од изворникот на 2012-07-16. Посетено на 23. августa 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Šimek-Škoda 1948, str. 153.
  4. Petričević 1983, str. 165.
  5. Petričević 1983, str. 127.
  6. Petričević 1983, str. 146.
  7. Jordan 1989, str. 27.
  8. Kasapović 2005, str. 81.
  9. Šimek-Škoda 1948, str. 155.
  10. 10,0 10,1 Seferagić 1988, str. 96.

Литература

уреди
  • Jordan, Peter (1989). Atlas Ost- und Südosteuropa: Bevölkerung aktuelle Karten zu Ökologie, Bevölkerung und Wirtschaft. Population : up-to-date ecological, demographic and economic maps, Opseg 2. Österreichisches Ost- und Südosteuropa-Institut. ISBN 9783443285265.
  • Kasapović, Mirjana (2005). Bosna i Hercegovina: podijeljeno društvo i nestabilna država. Politička Kultura. ISBN 9789536213948.
  • Petričević, Jure (1983). Nacionalnost stanovništva Jugoslavije: nazadovanje Hrvata i manjina, napredovanje Muslimana i Albanaca: Opseg 5 iz Knjižnica Sloboda. Verlag Adria.
  • Seferagić, Dušica (1988). Kvaliteta života i nova stambena naselja: Knj.6 iz Biblioteka Revije za sociologiju. Sociološko društvo Hrvatske. ISBN 9788681175040.
  • Šimek-Škoda, K (1948). „Popis stanovništva Jugoslavije godine 1948“. Hrvatski geografski glasnik, Vol ноември -12. No јануари јуни 1950.