Подгорјани
Подгорјани, Подгорени или Подохор (грчки: Ποδοχώρι, Подохори; до 1926 г. Ποδογόριανη, Подогорјани[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 608 жители.
Подгорјани Ποδοχώρι | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°49.54′N 24°1.30′E / 40.82567° СГШ; 24.02167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавала |
Општина | Кушница |
Општ. единица | Орфан |
Надм. вис. | 320 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 608 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено на јужните падини на планината Кушница, југозападно од Правишта. Има два стари камени моста — Лазидевиот[3] и Горгиевиот.[4]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСелото некогаш било населено со Македонци, за што сведочи неговото македонско име.
На крајот од XIX век Подгорјани било турско-грчко село во Правишката каза. Подгорјанскиот амам датира од XVII век и прогласен е за споменик на културата во 1997 г.[5] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од 1847 г.[6] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Подгорјани:
„ | Будохор, христијанско село: 1 црква, 1 училиште. Жителите се Грци. Оддалечено е 1 час од градот.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 г. Подохоръ (Будохоръ) живееле 200 Турци и 450 Грци.[8]
Во Грција
уредиВо 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 1.035 жители, кое во 1920 г. се намалило на 530, веројатно како последица од Првата светска војна.[9] Во 1920-тите турското население е иселено и согласно Лозанскиот договор и во 1924 г. доведени се грчки доселеници од Мала Азија.[9] Во 1928 г. Подгорјани било мешано мештанско-дојденско село со 115 семејства сочинети од 390 жители.[10]
Население
уредиНаселението со време значително нараснало, но подоцна почнало забележително да опаѓа поради иселување во градовите. Подоцна во селот се сместени 60 семејства на Каракачани кои се занимаваат со сточарство.[9] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1336 | 1062 | 1128 | 835 | 725 | 702 | 665 | 608 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Месности
уредиИме | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Чинар Дере[11] | Τσινὰρ Ντερὲ | Платанорема | Πλατανόρεμα[12] | река ЈЗ од Подгорјани[11] |
Барес[11] | Μπάρες | Клисура | Κλεισούρα[12] | месност ЈЗ од Подгорјани[11] |
Ментешели[11] | Μεντεσελῆ | Спилија | Σπηλιὰ[12] | поранешно село ЈЗ од Подгорјани[11] |
Кавакија | Καβάκια | Левки | Λεύκη[12] | месност Ј од Подгорјани[11] |
Цркви
уреди- „Св. Ѓорѓи“ од 1847 г.
- „Св. Илија“
- „Св. Петка“
- „Св. Фануриј“ — параклис
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Πέτρινο γεφύρι του Λαζίδη (Ποδοχώρι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „Γεφύρι στου Γοργία (Ποδοχώρι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/ΚΗΡ/12906/319/25-9-1997 - ΦΕΚ 932/Β/22-10-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Посетено на 1 јули 2018. Занемарен непознатиот параметар|archiedate=
(help) - ↑ „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ποδογόριανη ή Ποδοχώριον. Посетено на 27 декември 2015.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 49.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 233. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
Надворешни врски
уреди- Подгорјани на Ризницата ?