Црква „Св. Ѓорѓи“ - Подгорјани

црква во Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија

Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
40°50′3″N 24°1′20″E / 40.83417° СГШ; 24.02222° ИГД / 40.83417; 24.02222
МестоПодгорјани, Правишко
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1847
Управа
Архијерејско намесништвоОрфанско
ЕпархијаПравишка

Опис уреди

Оваа камена црква е изградена во 1847 г., што се гледа од натписот на јужниот надворешен ѕид до страничниот влез на храмот. Архитектонски таа е трикорабна базилика. Од северниот дел е вкопана 1,6 м, од запад 1,2 м, од исток 1 м и од југ 0,35 м. Оградена е со камен ѕид. Внатрешната висина на храмот (во средишната купола) изнесува 10 м, а површината му е 400 м2. Покривот е со закосувања од исток и запад. На западниот ѕид подоцна е додадена припрата од тули. Над западниот дел има женска црква, преправана во 1950-тите.[1]

Внатре има вреден резбан иконостас, кој заедно со резбаниот амвон е изработен во 1930-тите — периодот на економски расцут на селото поради високото производство на ориентални тутуни. Северниот кораб е посветен на св. Атанасиј, а јужниот на св. Илија. Корабите са одделени со колонада. Иконите на иконостасот се дело на Галачишката школа.[1]

На западниот ѕид во 1882 г. (напишана во средината на северната фасада) е изградена камена камбанарија висока 14 м и со основа од 3,50 × 3,50 м.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ποδογόριανη ή Ποδοχώριον. Посетено на 27 декември 2015.
  2. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου - Ποδοχωρίου“. Ιερατικοί Στοχασμοί. Посетено на 14 септември 2016.