Горгиев мост

мост во Правишко, Егејска Македонија

Горгиев мост (грчки: Γεφύρι στου Γοργία) — стар камен мост во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија.

Горгиев мост
Γεφύρι στου Γοργία
Координати40°50′12.59″N 24°1′20.99″E / 40.8368306° СГШ; 24.0224972° ИГД / 40.8368306; 24.0224972
ПреминуваКриорема
МестоПодгорјани, Правишко, Егејска Македонија
СледенЛазидев мост
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Распони1
Местоположба
Карта

Мостот се наоѓа во месноста Цирифм на 200 м над Лазидевиот мост, во непосредна близина на Подгорјанскиот амам. Ги поврзува двете селски маала, кои се раздвоени од реката Криорема.[1]

Лакот е направен претежно од тесен камен и има камења надградени со украси, а лакот од горната страна е оштетен. Површината на мостот е покриена со бетон.[1]

Околу 200 м повисоко од мостот се наоѓаат остатоците од друг камен мост, кој се урнал во средината на XX век.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Γεφύρι στου Γοργία (Ποδοχώρι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 7 март 2024.