Висорамнина

рамен предел на височина
(Пренасочено од Платоа)

Висорамнина или плато [1] — рамнина или благо брановидна област на повисоки места, обично над 200 м.[2]

Висорамнината Рораима во Јужна Америка
Висорамнински предел кај Витолиште во Мариово

Најголеми висорамнини во Македонија се Витачево, Мариово и Пелагонија, од кои за типична се смета само Витачево.

Настанок

уреди

Настанокот на висорамнините може да се должи на повеќе геотектонски процеси, including надигање на вулканска магма, избивање на лава и ерозија од вода и ледници. Магмата надоаѓа во обвивката и го надига карпестото тло, со што големите рамни површини се издигаат во височина. Висорамнината може да настане и од лавата што излегува и се шири од пукнатините во кората. Друг начин на образување е по пат на ерозија во планинските венци предизвикана од ледници. Водата исто така може да предизвика ерозија на планините, зарамнувајќи ги.

Видови висорамнини

уреди

Висорамнините се делат според нивното окружување. Постојат следниве видови:

  • меѓупланинска висорамнина — околена со планини: овој тип на висорамнини се највисоки во светот. Таква е Тибетската Висорамнина.
  • пиемонтска висорамнина — од една страна граничи со планини а од другата со низина или море. Потекнува од ваквиот релјеф, својствен за регионот Пиемонт во северозападна Италија.
  • континентална висорамнина — обиколена од сите страни со рамници и мориња.
  • вулканска висорамнина — настануваат со вулканска активност. Таков пример е висорамнината Витачево.[3]
  • расцепкана висорамнина — мошне разронета висорамнина, испресечена со реки и тесни долини.

Најголеми висорамнини во светот

уреди

Најголема и највисока висорамнина во светот е Тибетската Висорамнина, наречена „покривот на светот“. Зафаќа површина од 2.500.000 км2 и има просечна надморска височина од 5000 м.

Втора по големина е Деосај во покраината Гилгит-Балтистан, Пакистан. Има просечна висина од 4.114 м.

На трето место се наоѓа Поларната Висорамнина (Антарктичка Висорамнина), што го опфаќа најголемиот дел од средиштето на Антарктикот. Тука нема планини, туку само огромни купишта мраз од по 3000 м.

Најголема во Европа е висорамнината Хардангервида во Норвешка.

Најголема висорамнина во Северна Америка, Колорадо, со површина од 337.000 км2. Колорадо, Јута, Аризона и Ново Мексико.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „плато“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. висорамнинаДигитален речник на македонскиот јазик
  3. Интересни географски факти за Македонија кои не сте ги знаеле[мртва врска] — портал „Факултети“
  4. Leighty, Dr. Robert D. (2001). „Colorado Plateau Physiographic Province“. Contract Report. Defense Advanced Research Projects Agency (DOD) Information Sciences Office. Посетено на 2007-12-25.

Надворешни врски

уреди