Список на планини на Месечината

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Планини на Месечината)

Ова е список на именувани планини на Месечината.

Наведените висини се разликуваат, зависно од изворот. Во 1960-тите Военокартографската служба на САД се служеле со појдовница 1.737.988 метри од средиштето на Месечината. Во 1970-тите Одбранбената картографска агенција применувала појдовница од 1.730.000 метри. Топографските податоци од леталото „Клементина“ објавени од 1990-ти поаѓаат од 1.737.400 метри.

Оваа табела не е сеопфатна и не ги содржи највисоките точки на Месечината. Податоците од „Клементина“ покажуваат опсег од 18.100 м меѓу најниското и највисокото место. Највисоката точка, која е на обратната страна од Месечината, е околу 6.500 метри повисока од планината Хајгенс, која вообичаено се смета за највисока планина (како самостојна планина).

Планините и венците носат имиња на земски планини, истакнати научници, лични имиња од разни култури, како и кратери во нивната околина.[1]

Планини

уреди

Ова е табела на самостојни планини или масиви.

Име Латински Местоположба Пречник
(км)
Висина
(км)
Потекло на името
Агнес Mons Agnes 18°40′N 5°20′E / 18.66° СГШ; 5.34° ИГД / 18.66; 5.34 0,65 0,03 грчко женско име
Ампер Mons Ampère 19°19′N 3°43′W / 19.32° СГШ; 3.71° ЗГД / 19.32; -3.71 30 3,0 францускиот физичар Андре Мари Ампер
Андре Mons André 5°11′N 120°34′E / 5.18° СГШ; 120.56° ИГД / 5.18; 120.56 10   француско машко име
Ардешир Mons Ardeshir 5°02′N 121°02′E / 5.03° СГШ; 121.04° ИГД / 5.03; 121.04 8   персиско машко име
Аргеј Mons Argaeus 19°20′N 29°01′E / 19.33° СГШ; 29.01° ИГД / 19.33; 29.01 50   планината Ерџијес во Мала Азија
Бредли Mons Bradley 21°44′N 0°23′E / 21.73° СГШ; 0.38° ИГД / 21.73; 0.38 30 4,2 англискиот астроном Џејмс Бредли
Виноградов[2] Mons Vinogradov 22°21′N 32°31′W / 22.35° СГШ; 32.52° ЗГД / 22.35; -32.52 25 1,4 рускиот хемичар Александар Виноградов
Витрувиј Mons Vitruvius 19°20′N 30°44′E / 19.33° СГШ; 30.74° ИГД / 19.33; 30.74 15 2,3 блискиот кратер Витрувиј
Волф Mons Wolff 16°53′N 6°48′W / 16.88° СГШ; 6.80° ЗГД / 16.88; -6.80 35 3,5 филозофот Кристијан Волф
Ганау Mons Ganau 4°47′N 120°35′E / 4.79° СГШ; 120.59° ИГД / 4.79; 120.59 14   африканско машко име
Граутхаузен Гама Mons Gruithuisen Gamma 36°34′N 40°43′W / 36.56° СГШ; 40.72° ЗГД / 36.56; -40.72 20   блискиот кратер Граутхаузен
Граутхаузен Делта Mons Gruithuisen Delta 36°04′N 39°35′W / 36.07° СГШ; 39.59° ЗГД / 36.07; -39.59 20   блискиот кратер Граутхаузен
Делајл Mons Delisle 29°25′N 35°47′W / 29.42° СГШ; 35.79° ЗГД / 29.42; -35.79 30   блискиот кратер Делајл
Дилип Mons Dilip 5°35′N 120°52′E / 5.58° СГШ; 120.87° ИГД / 5.58; 120.87 2   индиско машко име
Дитер Mons Dieter 5°00′N 120°18′E / 5.00° СГШ; 120.30° ИГД / 5.00; 120.30 20   германско машко име
Есам Mons Esam 14°37′N 35°43′E / 14.61° СГШ; 35.71° ИГД / 14.61; 35.71 8   арапско машко име
Ла Ир Mons La Hire 27°40′N 25°31′W / 27.66° СГШ; 25.51° ЗГД / 27.66; -25.51 25 1,5 францускиот астроном Филип де Ла Ир
Маралди Mons Maraldi 20°20′N 35°30′E / 20.34° СГШ; 35.50° ИГД / 20.34; 35.50 15 1,3 блискиот кратер Маралди
Монблан Mons Blanc 45°25′N 0°26′E / 45.41° СГШ; 0.44° ИГД / 45.41; 0.44 25 3,6 планината Монблан на Алпите
Моро Mons Moro 11°50′S 19°50′W / 11.84° ЈГШ; 19.84° ЗГД / -11.84; -19.84 10   италијанскиот научник Антон Моро
Пенк Mons Penck 10°00′S 21°44′E / 10.0° ЈГШ; 21.74° ИГД / -10.0; 21.74 30 4,0 германскиот географ Албрехт Пенк
Пико Mons Pico 45°49′N 8°52′W / 45.82° СГШ; 8.87° ЗГД / 45.82; -8.87 25 2,4 шпански збор за „врв“
Питон Mons Piton 40°43′N 0°55′W / 40.72° СГШ; 0.92° ЗГД / 40.72; -0.92 25 2,3 врвот Ел Питон на планината Теиде, Тенерифе
Римкер Mons Rümker 40°46′N 58°23′W / 40.76° СГШ; 58.38° ЗГД / 40.76; -58.38 70 0,5 германскиот астроном Карл Римкер
Усов Mons Usov 11°55′N 63°16′E / 11.91° СГШ; 63.26° ИГД / 11.91; 63.26 15   рускиот геолог Михаил Усов
Хајгенс Mons Huygens 19°55′N 2°52′W / 19.92° СГШ; 2.86° ЗГД / 19.92; -2.86 40 4,7 холандскиот астроном Кристијан Хајгенс
Ханстен Mons Hansteen 12°11′S 50°13′W / 12.19° ЈГШ; 50.21° ЗГД / -12.19; -50.21 30   блискиот кратер Ханстен
Хедли Mons Hadley 26°41′N 4°07′E / 26.69° СГШ; 4.12° ИГД / 26.69; 4.12 25 4,6 англискиот пронаоѓач Џон Хедли
Хедли Делта Mons Hadley Delta 25°43′N 3°43′E / 25.72° СГШ; 3.71° ИГД / 25.72; 3.71 15 3,5 блиската планина Хедли
Херодот Mons Herodotus 27°30′N 52°56′W / 27.50° СГШ; 52.94° ЗГД / 27.50; -52.94 5   блискиот кратер Херодот

Планински венци

уреди
Име Латински Местоположба Протег
(км)
Потекло на името
Агриколини Планини Montes Agricola 29°04′N 54°04′W / 29.06° СГШ; 54.07° ЗГД / 29.06; -54.07 141 германскиот научник Георгиј Агрикола
Алпи Montes Alpes 48°22′N 0°35′W / 48.36° СГШ; 0.58° ЗГД / 48.36; -0.58 281 Алпите во Европа
Апенини Montes Apenninus 19°52′N 0°02′W / 19.87° СГШ; 0.03° ЗГД / 19.87; -0.03 401 Апенините во Италија
Архимедови Планини Montes Archimedes 25°23′N 5°15′W / 25.39° СГШ; 5.25° ЗГД / 25.39; -5.25 163 блискиот кратер Архимед
Јура Montes Jura 47°29′N 36°07′W / 47.49° СГШ; 36.11° ЗГД / 47.49; -36.11 422 венецот Јура во Европа
Кавказ Montes Caucasus 37°31′N 9°56′E / 37.52° СГШ; 9.93° ИГД / 37.52; 9.93 445 венецот Кавказ во Европа и Западна Азија
Карпати Montes Carpatus 14°34′N 23°37′W / 14.57° СГШ; 23.62° ЗГД / 14.57; -23.62 361 Карпатите во Европа
Кордиљери Montes Cordillera 17°30′S 79°30′W / 17.5° ЈГШ; 79.5° ЗГД / -17.5; -79.5 574 шпански збор за „планински венец“
Пиринеи Montes Pyrenaeus 14°03′S 41°31′E / 14.05° ЈГШ; 41.51° ИГД / -14.05; 41.51 164 Пиринеите во Европа
Прави Планини Montes Recti 48°18′N 19°43′W / 48.3° СГШ; 19.72° ЗГД / 48.3; -19.72 90 превод од латинскиот назив
Рифејски Планини Montes Riphaeus 7°29′S 27°36′W / 7.48° ЈГШ; 27.60° ЗГД / -7.48; -27.60 189 старогрчки назив на Урал, Русија
Рукови Планини Montes Rook 20°36′S 82°30′W / 20.6° ЈГШ; 82.5° ЗГД / -20.6; -82.5 791 англискиот астроном Лоренс Рук
Секиеви Планини Montes Secchi 2°43′N 43°10′E / 2.72° СГШ; 43.17° ИГД / 2.72; 43.17 50 блискиот кратер Секи
Таур Montes Taurus 27°19′N 40°20′E / 27.32° СГШ; 40.34° ИГД / 27.32; 40.34 172 венецот Таур во Мала Азија
Тенерифски Планини Montes Teneriffe 47°53′N 13°11′W / 47.89° СГШ; 13.19° ЗГД / 47.89; -13.19 182 островот Тенерифе
Харбингер Montes Harbinger 26°53′N 41°17′W / 26.89° СГШ; 41.29° ЗГД / 26.89; -41.29 90 англиски збор за „предвесник“ (harbinger)
Хемус Montes Haemus 17°07′N 12°02′E / 17.11° СГШ; 12.03° ИГД / 17.11; 12.03 560 старогрчкиот назив на Стара Планина во Бугарија
Шпицбершки Планини Montes Spitzbergen 34°28′N 5°13′W / 34.47° СГШ; 5.21° ЗГД / 34.47; -5.21 60 сличноста на Шпицбершките Острови по изглед

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Номенклатурни правила на Меѓународниот астрономски сојуз“. Посетено на 7 ноември 2009. (англиски)
  2. До 1977 г. била наречена Ојлер (Mons Euler), по швајцарскиот научник Леонард Ојлер.

Надворешни врски

уреди