Јазици на Индија
Јазиците во Индија припаѓаат на неколку јазични групи, а најголемите од нив се индоевропските јазици, индоариските (кои ги зборуваат 72% од Индијците) и дравидските јазици (кои ги зборуваат 25% од Индијците). Другите јазици кои се зборуваат во Индија им припаѓаат на австро-азијатски, тибето-бурмански и неколку ситни јазични групи и изолирани јазици.
Главен службен јазик на Република Индија е стандардниот хинди, додека пак англискиот е втор службен јазик. Уставот на Индија вели дека „службен јазик на Унијата ќе биде хинди со писмото деванагари.“ Ниту Уставот на Индија ниту индиските закони не одредуваат национален јазик, што е поддржана одлука од страна на високиот суд. Но, јазиците наведени во Осмиот распоред на индискиот устав се нарекуваат, без правна основа, национални јазици на Индија.
Поединечните мајчини јазици во Индија бројат неколку стотици, според пописот од 1961 се разликуваат 1.652 јазици (според 415 списоци на „Етнолог“). Според пописот на Индија од 2001 година, 29 јазици зборуваат повеќе од еден милион говорители, 122 повеќе од 10.000. Три милениуми на јазичен контакт довеле до значително меѓусебно влијание помеѓу четирите јазични групи во Индија и Јужна Азија. Два контактни јазици одиграле важна улога во историјата на Индија. Тоа се персискиот и англискиот.
Историја
уредиСеверно-индиските јазици од индоевропската група еволуирале од стариот индоариски јазик како санскрит, по пат на блиските индоариски пракритски јазици и апабрамша на средниот век. Не постои консензус за точното време кога се појавиле современите северно-индиски јазици како хинди-урду, бенгалски, маратски, гуџарати, сараики, пунџаб, асамски, синди и орија, но општо прифатен е периодот на 1000-тата година од овој век. Секој јазик имал различни влијанија, на пример хинди-урду (хиндустаски) бил под силно влијание на персискиот јазик.
Дравидските јазици на јужна Индија имале независна историја од санскритот. Главните дравидски јазици се тамилскиот, телушкиот, канадскиот и малајалскиот. Иако дравидски по потекло, над осумдесет отсто од зборовите во малајалскиот и телушкиот се чисто санскритски. Телушкото писмо може да го репродуцира целиот спектар на санскритската фонетика, без губење од оригиналноста на текстот. Австро-азијатските и тибето-бурманските јазици на североисточна Индија, исто така имаат долгогодишна независна историја.
Бројност
уредиДијалектолозите ги разликуваат термините "јазик" и "дијалект" врз основа на меѓусебна разбирливост. Индискиот попис користи две посебни класификации на свој уникатен начин: (1) „јазик“ и (2) „мајчин јазик “. Мајчините јазици, се групирани во рамките на секој "јазик". Многу „мајчини јазици“ кои се така дефинирани можат да се сметаат за јазици, а не за дијалекти, според јазичните стандарди. Ова посебно важи за голем број "мајчини јазици" со десетици милиони говорители, кои се официјално групирани под "јазикот" хинди.
Индискиот попис од 1961 година се забележани 1.652 различни јазици во Индија (вклучувајќи ги и јазициците кои не потекнуваат од потконтинент). На пописот во 1991 година се забележани 1.576 класифицирани "мајчини јазици" според Етнолошкиот список има 415 живи "Јазици во Индија" (од 6.912 во светот).
Според пописот во 1991 година, 22 „јазици“ имале повеќе од милион говорници, 50 имале повеќе од 100.000 и 114 имале повеќе од 10.000 говорители. Останатите бројат вкупно 566.000 говорители (од вкупно 838.000.000 Индијци во 1991).
Според пописот од 2001 година, 29 'јазици' имаат повеќе од еден милиони говорители, 60 имаат повеќе од 100.000 и 122 имаат повеќе од 10.000 говорници.
Владата на Индија им има дадено статус на службен јазик на 22 јазици на „Осмиот распоред". Бројот на јазици на кој им е даден овој статус се зголеми низ политички процес. Некои јазици со голем број на говорители сè уште го немаат овој статус, најголемиот од нив е бхили со 9,6 милиони говорители (рангиран 14-ти), по кој следи со гонди со 2,7 милиони говорители (рангиран 18-ти) и Khandeshi со 2,1 милиони говорители (рангиран 22-ри). Од друга страна, 2 јазици, со помалку од 2 милиони говорители неодамна беа вклучени во „Осмиот распоред“ од главно политички причини: Манипури со 1,5 милиони говорители (рангиран 25-ти) и Бодо со 1,4 милиони говорители (рангиран 26-ти). Од културно-историски причини санскритот е на официјалната листа, иако само 14 илјади луѓе тврдат дека тоа е нивни јазик, но многу поголем број го учат во училиште како класичен јазик на Индија.
Јазични групи
уредиИндиските јазици припаѓаат на повеќе јазични групи. Најголема од нив во однос на говорители е индоевропската група, претежно застапена во индоариска гранка (брои околу 700 милиони говорители, или 69% од населението), но тоа исто така ги вклучува и малцинските јазици како персиски, португалски или француски и англиски како лингва франка. Кашмирскиот и другите дардиски јазици, кои се дел од индоиранската или можеби индоариската група, имаат 4,6 милиони говорители во Индија.
Втора најголема јазична група е Дардската, која брои околу 200 милиони говорители, односно 26%. Јазични групи со помал број на говорители се австро-азијатската и бројни мали тибето-бурмански јазици, со околу 10 за првата и 6 милиони говорители за втората група, односно вкупно 5% од населението.
Јазиците онган на јужните Андамански Острови ја формираат петтата јазична група; велико-андаманските јазици се изумрени освен еден високо загрозен јазик со значително намален број на говорители. Исто така постои и познатиот изолиран јазик, јазикот нихали. Јазикот или јазиците шомпен е/се слабо докажани и некласифицирани. Сентинелскот јазик е сосема непознат.
Повеќето јазици во Индиската република се напишани со писма кои потекнуваат од брахми, како што се деванагари, бенгалски, орија, тамилски, канада и други писма, иако урду се пишува со изведеница од арапското писмо, а неколку мали јазици, како што е сантали, имаат независни писма.
Службени јазици
уредиСлужбени јазици на Република Индија се стандардниот хинду и англиски јазик. Врз основа на член 343 (1), „службениот јазик на Унијата е хинду со деванагари писмо." Одделни држави можат да си регистрираат свои службени јазици, во зависност од нивната јазична демографијата. На пример, државата Махараштра го има за официјален само јазикот маратски, државата Андра Прадеш го има телугу како единствен службен јазик, државата Тамил Наду го има тамил како единствен службен јазик и држава Карнатака го има канадскиот како нејзин единствен службен јазик, а државата Џаму и Кашмир ги имаат кашмирскиот, урду и догри како свои службени јазици.
Членот 345 на Индискиот устав предвидува во признавањето на "службени јазици" на унијата да биде вклучен стандардниот хинду или еден или повеќе јазици што се усвоени од државното законодавство како службени јазици. Според дваесет и првиот амандман на Уставот од 1967 година, државата признава 14 официјални регионални јазици. Според Осмиот распоред и Седумдесет и првиот амандман, направено е вклучување на јазиците синди, конкани, манипури и непалски, и со тоа зголемување, бројот на официјални регионални јазици на Индија достигнува до 18. Одредени држави, чии граници се претежно направени со социо-лингвистичка поделба, имаат слобода да одлучат кој јазик ќе го користат за својата внатрешната администрација и образование.
Во следната табела се прикажани службените јазици, освен англискиот, утврдени во Осмиот распоред во мај, 2008 година:
Јазик | Група | Говорители (во 2001, во милиони | Држави |
---|---|---|---|
Асамски | источна индоариска | 13 | Асам, Арунчал Прадеш |
Бенгалски | источна индоариска | 83 во Индија | Западен Бенгал, Трипура, Андамани и Никобари и исто така некои региони на Асам |
Бордо | Тибето- Бурманска | 1,4 | Асам |
Догри | северозападна индоариска | 2,3 | Џаму и Кашмир |
Гуџарати | западна индоариска | 46 | Дадра и Нагар Хавели, Даман и Диу Гуџарат |
Стандарден Хинду | централна индоариска | Непознато | Андамани и Никобари, Аруначал Прадеш, Бихар, Чандигар, Чатисгар, на националната територија на главниот град Делхи, Харајана, Химачал Прадеш, Џарканд, Мадја Прадеш, Раџастан, Утар Прадеш и Утаранчал |
Канада | дравидска | 38 | Каматака |
Кашмирски | индоариска дардиска | 5,5 | Џаму и Кашмир |
Конкани | јужна индоариска | 2,5 (7,6 според Етнолог) | Гоа, Каматака, Махараштра, Керала |
Матхили | источна индоариска | 12 (32 во Индија во 2000 според Етнолог) | Бихар |
Малајам | Дравидска | 33 | Керала, Андамани и Никобари, Лакадиви, Територија Пондишери |
Манипури | Тибето-бурманска | 1,5 | Манипур |
Маратски | јужна индоариска | 72 | Махараштра, Гоа, Дадра и Нагар Хавели, Даман и Диу, Мадја Прадеш, Каматака |
Непали | северна индоариска | 2,9 во Индија | Сиким, Западен Бенгал, Асан |
Орија | источна индоариска | 33 | Ориса |
Панџаби | северозападна индоариска | 29, во Индија | Чандигар, Делхи, Харајана, Пенџаб |
Санскрит | индоариска | 0,01 | Нерегионални |
Сантали | Мунда | 6,5 | Племето Сантал на Чота Нагпур платото (кое се состои од државите Бихар, Чатисигарх, Џарканд, Ориса) |
Синди | северозападна индоариска | 2,5 во Индија | Нерегионални |
Тамил | дравидска | 61 | Тамил Наду, Андамани и Никобари, Територија Пондишери |
Телугу | дравидска | 74 | Андамани и Никобари, Андра Прадеш, Територија Пондишери |
Урду | централна индоариска | 52 во Индија | Џаму и Кашмир, Андра Прадеш, Делхи, Бихар, Утар Прадеш |
Официјални класични јазици
уредиВо 2004 година, Владата на Индија прогласи дека јазиците што исполниле одредени услови може да добијат статус на "класични јазици на Индија". Јазици кои досега се прогласени за класични се тамилскиот (во 2004), санскрит (во 2005), канада и телугу (во 2008).
Во 2005 година, санскрит, кој веќе имаше посебен статус во член 351 од Уставот на Индија како примарен изворен јазик за развој на официјалниот стандарден хинду јазик, исто така беше прогласен за класичен јазик, тоа беше проследено со слично прогласување за канада и телугу во 2008 година, врз основа на препораките на комисија од јазични експерти составена од Министерството за култура при Владата на Индија.
Во 2006 година во соопштението за медиумите, министерот за туризам и култура Амбика Сони за „Раја Сабха“ ги соопшти следниве критериуми за утврдување на критериумите според кој еден јазицик може да се смета за "класичен јазик":
"Голема старост на првите текстови забележани во историјата во периодот од 15000-2000 години, текстови од античката литература, кои се сметаат за вредно наследство од генерации говорници; литературна традиција која е оригинална и не е позајмена од друга говорна заедница; Бидејќи класичниот јазик и литературата се разликуваат од модерните, може да постои и дисконтинуитет помеѓу класичниот јазик и неговите подоцнежни форми или неговите никулци."
Регионални јазици
уредиВо Британска Индија, англискиот беше единствениот јазик кој се употребуваше за административни цели, како и во високото образование. Кога Индија стана независна во 1947 година, индиските законодавци беа исправени пред предизвикот да одберат јазик за официјална комуникација, како и за комуникација меѓу различните јазични региони низ цела Индија. Имаа неколку опции на располагање:
- Службен јазик да биде "хинду", кој мнозинството луѓе (40%) го идентификувале како мајчин јазик, иако само мал дел од овие "хинду" говорители зборувале правилно хинду.
- Другите јужни Индијци, посебно Тамилците, и оние од Мизорам и Нагаланд, го претпочитален англискиот како официјален медиум за комуникација.
- И хинду и англискиот јазик да бидат прогласени за службени јазици и на секоја држава да и биде дадена слобода да го избере службениот јазик на државата.
Практични проблеми
уредиДа се избере хинду за службен јазик претставува сериозен проблем за секој човек чиј „мајчин јазик“ не е хинду. Ова може да биде голем товар за децата кои мораат да учат стандарден хинду само за да преминат на следното образовно ниво. Ова е затоа што сите образовни бироа во Индија ја прифатија потребата за обучување на луѓето за еден заеднички јазик. Има многу поплаки дека во Северна Индија, говорителите кои не зборуваат хинду имаат значителни потешкотии само заради јазикот.
Исто така, заради бројното население кое е засегнато (Индија е втора земја по населеност во светот), голем предизвик е да се најде решение.
Основани се локални официјални комисии за јазик и се преземаат разни чекори во насока на намалување на тензиите и напнатоста.
Јазични конфликти
уредиПостојат неколку значајни конфликти околу јазичните права во Индија.
Првиот голем лингвистички конфликт, познат како Анти-хинду агитациите на Тамил Наду, се случи во Тамил Наду против имплементацијата на хинду како единствен службен јазик во Индија. Политичките аналитичари го сметаат ова како голем фактор за донесување на ДМК на власт што доведе до симнувањето и речиси целосната елиминација на Конгресната партија во Тамил Наду. Силната културна гордост која се заснова на јазикот може да се најде и во други индиски држави како Бенгал, Махараштра, Карнатака и до одредено ниво и во Керала. За да го изразат своето неодобрување на наметнувањето на туѓиот јазик хинду на својот народ како резултат на централистичката влада која ги надмина своите уставни овластувања, владите на Махараштра и Карнатака ги направија своите државни јазици задолжителни во образовните институции.
Неодамна анти-хинду чувства беа изразени и во Мумбаи од Шив Сена и Махараштра Навнирман Сена.
Владата на Индија се обидува да овие конфликти со разни кампањи, координирани од Централниот институт за идниски јазици во Мајсур, огранок на Одделот за високо образование, од Бирото за јазик при Министерството за развој на човечки ресурси.
Писма
уредиРазличните индиски јазици имаат соодветни писма. Јазикот маратски се пишува со писмото деванагари. Повеќето други јазици се пишуваат со писмо кое е специфично за нив, на пример бенгали со писмо бенгали, пунџаби со писмо гурмукши и шахмуки, орија со уткал липи, гујарати со гујарати итн. Урду, а понекогаш и кашмирски, сараки и синди се пишуваат со изведени верзии на персо-арапското писмо. Со овој еден исклучок, писмата на идниските јазици се со индиско потекло. (Видете ИСО 15919 во врска со романизацијата на Индиските јазици)