Список на месечеви мориња

список на статии на Викимедија

Ова е список на месечеви мориња (латински: maria), кои претставуваат големи и темни базалтни низини на Месечината. Опфатени се и други базалтни низини, вклучувајќи еден „океан“ (oceanus), како и образби од видовите „езеро“ (lacus), „блато“ (palus) и „залив“ (sinus). Овие секако не се истоветни на нивните земски пандани, кои содржат вода. Денешниот номенклатурен систем е воведен во 1651 г. од италијанскиот астроном Џовани Батиста Ричоли.[1] Ричолиевата карта ја нацртал неговиот сонародник Франческо Марија Грималди, во чија чест е наречен и еден позначаен кратер.

Нашата страна на Месечината со имињата на поважните мориња и кратери.
Нашата страна на Месечината со имињата на поважните мориња и кратери.

Мориња и океан

уреди
Месечеви мориња
Име Латински Г.Ш. Г.Д. Пречник
(км)
Змиско Море Mare Anguis 22,6° С 67,7° И 150
Источно Море Mare Orientale 19,4° Ј 92,8° З 327
Јужно Море Mare Australe 38,9° Ј 93,0° И 603
Море на Брановите Mare Undarum 6,8° С 68,4° И 243
Море на Ведрината Mare Serenitatis 28,0° С 17,5° И 707
Море на Влагата Mare Humorum 24,4° Ј 38,6° З 389
Море на Дождовите Mare Imbrium[2] 32,8° С 15,6° З 1.123
Море на Кризите Mare Crisium 17,0° С 59,1° И 418
Море на Нектарот Mare Nectaris 15,2° Ј 35,5° И 333
Море на Облаците Mare Nubium 21,3° Ј 16,6° З 715
Море на Островите Mare Insularum 7,5° С 30,9° З 513
Море на Пареите Mare Vaporum 13,3° С 3,6° И 245
Море на Плодноста Mare Fecunditatis 7,8° Ј 51,3° И 909
Море на Работ Mare Marginis 13,3° С 86,1° И 420
Море на Спокојот Mare Tranquillitatis 8,5° С 31,4° И 873
Море на Студот Mare Frigoris 56,0° С 1,4° И 1.596
Море на Умноста Mare Ingenii 33,7° Ј 163,5° И 318
Московско Море Mare Moscoviense 27,3° С 147,9° И 277
Пенесто Море Mare Spumans 1,1° С 65,1° И 139
Смитово Море Mare Smythii 1,3° С 87,5° И 373
Спознаено Море Mare Cognitum 10,0° Ј 23,1° З 376
Хумболтово Море Mare Humboldtianum 56,8° С 81,5° И 273
Океан на Бурите Oceanus Procellarum 18,4° С 57,4° З 2.568

Езера

уреди

Покрај морето, доста застапена е и образбата наречена месечево езеро (lacus), која претставува помала базалтна низина од слично потекло:

Месечеви езера
Име Латински Г.Ш. Г.Д. Пречник
(км)
Езеро на Времето Lacus Temporis 45,9° С 58,4° И 117
Езеро на Добрината Lacus Bonitatis 23,2° С 43,7° И 92
Езеро на Есента Lacus Autumni 9,9° Ј 83,9° З 183
Езеро на Жалоста Lacus Doloris 17,1° С 9,0° И 110
Езеро на Заборавот Lacus Oblivionis 21,0° Ј 168,0° З 50
Езеро на Зимата Lacus Hiemalis 15,0° С 14,0° И 50
Езеро на Истрајноста Lacus Perseverantiae 8,0° С 62,0° И 70
Езеро на Летото Lacus Aestatis 15,0° Ј 69,0° З 90
Езеро на Мекоста Lacus Lenitatis 14,0° С 12,0° И 80
Езеро на Надежта Lacus Spei 43,0° С 65,0° И 80
Езеро на Омразата Lacus Odii 19,0° С 7,0° И 70
Езеро на Превосходството Lacus Excellentiae 35,4° Ј 44,0° З 184
Езеро на Пролетта Lacus Veris 16,5° Ј 86,1° З 396
Езеро на Радоста Lacus Gaudii 16,2° С 12,6° И 113
Езеро на Раскошот Lacus Luxuriae 19,0° С 176,0° И 50
Езеро на Самотијата Lacus Solitudinis 27,8° Ј 104,3° И 139
Езеро на Смртта Lacus Mortis 45,0° С 27,2° И 151
Езеро на Соништата Lacus Somniorum 38,0° С 29,2° И 384
Езеро на Среќата Lacus Felicitatis 19,0° С 5,0° И 90
Езеро на Стравот Lacus Timoris 38,8° Ј 27,3° З 117

Заливи и блата

уреди

Сродни површински облици на Месечината се „заливот“ (sinus) и блатото (palus):

Месечеви заливи и блата
Име Латински Г.Ш. Г.Д. Пречник
(км)
Блато на Гниежот Palus Putredinis 26,5° С 0,4° И 161
Блато на Епидемиите Palus Epidemiarum 32,0° Ј 28,2° З 286
Блато на Сонот Palus Somni 14,1° С 45,0° И 143
Залив на Верноста Sinus Fidei 18,0° С 2,0° И 70
Залив на Виножитата Sinus Iridum 44,1° С 31,5° З 236
Залив на Грубоста Sinus Asperitatis 3,8° Ј 27,4° И 206
Залив на Жегата Sinus Aestuum 10,9° С 8,8° З 290
Залив на Љубовта Sinus Amoris 18,1° С 39,1° И 130
Залив на Слогата Sinus Concordiae 10,8° С 43,2° И 142
Залив на Средината Sinus Medii 2,4° С 1,7° И 335
Залив на Росата Sinus Roris 54,0° С 56,6° З 202
Залив на Успехот Sinus Successus 0,9° С 59,0° И 132
Залив на Честа Sinus Honoris 11,7° С 18,1° И 109
Луников Залив Sinus Lunicus 31,8° С 1,4° З 126

Во некои списоци се води и Блатото на Маглите (Palus Nebularum) 38,0° СГШ, 1,0° ИГД. Меѓутоа, треба да се напомене дека овој назив не е признаен од Меѓународниот астрономски сојуз.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Moore, Patrick (1983). The Guinness book of astronomy facts and feats. Enfield, Middlesex: Guinness Superlatives Ltd. стр. 25. ISBN 0-85112-258-2.
  2. „Moon Mare/Maria“. Gazetteer of Planetary Nomenclature. USGS Astrogeology. Посетено на 2010-08-20.

Извори

уреди
  • Ewen A. Whitaker, NASA Catalogue of Lunar Nomenclature, NASA RP-1097, 1982, no ISBN.
  • Ben Bussey and Paul Spudis, The Clementine Atlas of the Moon, Cambridge University Press, 2004, ISBN 0-521-81528-2.
  • Antonín Rükl, Atlas of the Moon, Kalmbach Books, 1990, ISBN 0-913135-17-8.
  • Ewen A. Whitaker, Mapping and Naming the Moon, Cambridge University Press, 1999, ISBN 0-521-62248-4.

Надворешни врски

уреди