Пијанка (род)

род растенија
Пијанка (род)

Пијанка или ’ржена трева (научLolium) — род треви од семејството на ливадарките (Pooideae).[2][3]

Пијанка
Обична пијанка (Lolium perenne)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
клад: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Потсемејство: Ливадарки
Род: Пијанка
L.
Синоними[1]

Растат во снопчест облик, и се домородни во Европа, Азија и Северна Африка, а подоцна се воведени и во Австралија, Америка и разни океански острови. Растението е природно диплоидно, со 2n=14, и е во блиско сродство со ливадарката (Festuca).[4][5][6][7]

Иако го носи слично алтернативно име, оваа трева е сосем различна од ’ржта, која е житарка.

Дива лулка (Lolium temulentum)

Видови

уреди

Постојат следниве видови пијанки:[1][8]

  • Lolium arundinaceum (Schreb.) Darbysh.висока ливадарка (Евроазија + Северна Америка, од Португалија + Канарските Острови до Хималаите + Синѓанг; одомаќинета во Источна Азија, Австралија, Северна + Јужна Америка, разни острови)
  • Lolium canariense Steud. — канарска ливадарка (Канарски Острови, Зелен ’Рт)
  • Lolium giganteum Lam.џиновска ливадарка (Евроазија, од Ирска до Кина; Биоко)
  • Lolium × hybridum Hausskn. (Асам, Бутан)
  • Lolium mazzettianum (E.B.Alexeev) Darbysh. (Сечуан, Јунан)
  • Lolium multiflorum Lam.повеќецветна ливадарка (Евроазија + Северна Африка, од Португалија + Канарските Острови до Хималаите; одомаќинета во Источна Азија, Австралија, Северна + Јужна Америка, разни острови)
  • Lolium perenne L. - обична (повеќегодишна) пијанка (Евроазија + Северна Африка, од Азорите до Кашмир; одомаќинета во Источна Азија, Австралија, Северна + Јужна Америка, разни острови)
  • Lolium persicum Boiss. & Hohen.персиска пијанка (од Сокотра до Кина; одомаќинета на раштркани места во САД + Канада)
  • Lolium pratense (Huds.) Darbysh.ливадска ливадарка (Евроазија + Северна Африка, од Исланд + Азорите до Кашмир + Јакутија; одомаќинета во Источна Азија, Австралија, Северна + Јужна Америка, разни острови)
  • Lolium remotum Schrank (Индиски Потконтинент; одомаќинета на раштркани места во Европа + Северна Азија)
  • Lolium rigidum Gaudinтврда пијанка (Евроазија + Северна Америка, од Португалија + Канарските Острови до Кина; одомаќинета на раштркани места во Австралија + Америка)
  • Lolium saxatile H.Scholz & S.Scholz (Канарски Острови)
  • Lolium temulentum L.дива лулка (Евроазија + Северна Америка, од Португалија + Канарските Острови до Кина; одомаќинета на раштркани места во Австралија + Америка)

Одгледување и употреба

уреди

Постојат низа видови пијанки имаат значајна улога во хортикултурата како растение за тревниците, а во земјоделството се ценат поради нивната хранливост при напасување добиток и добивање сено. Се садат и по падините, со цел да се спречи ерозија на почвата. Во Нов Зеланд претставува главна напасна трева, каде секоја година се произведуваат 10 милиони килограми семе. Постојат низа разновидни сорти. Најзначаен видов што служи за фуража и во тревниците се обичната или повеќегодишна пијанка (Lolium perenne). Како и многу студеновременски треви, живее во симбиоза со ендофитни габи, и тоа од видовите Epichloë или Neotyphodium, обете од семејството на гламниците (Clavicipitaceae).[9][10]

Некои видови како дивата лулка (L. temulentum) важат за штетен коров кој несузбиен предизвикува огромни штети врз посевите како пченицата и други житарки. Тврдатата пијанка (L. rigidum) им задава постојани проблеми на земјоделците во јужна Австралија поради отпорноста на хербициди.[11] Покрај тоа, поленот на пијанките е голем предизвукувач на алергија кај населението. Во 2006 г. во Мисисипи се пријавени случаи на пијанки отпорни на глифосат.[12]

Поради оваа жилавост, пијанката е застапена како покривно растение на тениските игралишта, од кои попознати се Сеанглискиот клуб за тенис на трева и крокет и игралиштето „Вимблдон“ каде што се одржуваат познатите првенства.[13][14]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Lolium“. Светски контролен список на избрани растителни семејства (WCSP). Кралски ботанички градини во Кју. Invalid |mode=CS1 (help) (англиски)
  2. Linnaeus, Carl von. 1753. Species Plantarum 1: 83 in Latin
  3. Lolium. Tropicos. Missouri Botanical Garden.
  4. Europaea: Lolium
  5. Liu, Liang; Phillips, Sylvia M., Lolium, Flora of China, 22 – преку eFloras.org, Ботаничка градина на Мисури, Сент Луис и Хербариуми на Харвард, Кемриџ Invalid |mode=CS1 (help)
  6. Cope, Thomas A., Lolium, Flora of Pakistan – преку eFloras.org, Ботаничка градина на Мисури, Сент Луис и Хербариуми на Харвард, Кемриџ Invalid |mode=CS1 (help)
  7. Altervista Flora Italiana, genere Lolium
  8. Lolium — пребарување на The Plant List (англиски)
  9. Schardl CL, Leuchtmann A, Spiering MJ (2004). „Symbioses of grasses with seedborne fungal endophytes“. Annu Rev Plant Biol. 55: 315–340. doi:10.1146/annurev.arplant.55.031903.141735. PMID 15377223.
  10. Cheplick GP (2011). „Endosymbiosis and population differentiation in wild and cultivated Lolium perenne (Poaceae)“. American Journal of Botany. 98 (5): 829–38. doi:10.3732/ajb.1000226. PMID 21613060.
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-18. Посетено на 2019-07-31.
  12. Nandula VK, Poston DH, Eubank TW, Koger CH and Reddy KN, Differential response to glyphosate in Italian ryegrass (Lolium multiflorum) populations from Mississippi. Weed Tech 21: 477–482 (2006).doi 10.1614/WT-06-168.1
  13. Bletchly, Rachael (24 јуни 2007). „The Wonders of Wimbledon Fortnight“. People. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2012. Посетено на 8 јули 2009..
  14. „The Championships“ (PDF). Wimbledon. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 февруари 2012. Посетено на 15 јули 2009.

Надворешни врски

уреди