Пинакотека на современата уметност

Пинакотека на современата уметност или скратено Пинакотека на современата (германски: Pinakothek der Moderne) — уметничка галерија во Минхен отворена во 2002 година. Во овој музеј се сместени уметнички дела од современата уметност на 20 и 21 век и со изложбена површина од 22.000 м², тој е еден од најголемите музеи на современата уметност во светот. Ова е трет музеј кој ја комплетира уметноста на Минхен, веднаш до Старата пинакотека (уметнички дела од средниот век до крајот на 18 век) и Нова пинакотека (дела на уметници од 19 век).

Пинакотека на современата
Pinakothek der Moderne
Пинакотека на современата, надворешност
Карта
ОснованСептември 2002
МестоМинхен, Германија
ТипМузеј на современата уметност
ФондУметност, архитектура, дизајн, графика
Мреж. местоOfficial website
Влезниот хол под куполата со пречник од 30 м.

Историја

уреди
 
Музеј за дизајн во Пинакотека на современата
 
Внатрешноста на уметничкото крило на Пинакотека на современата

Зградата има права фасада во која преовладуваат тенки сиви и бели бетонски столбови и ѕидови отворени со големи прозорци, кои носат рамен покрив. Секој од четири агли на зградата, поврзани со средишната ротонда, се посветени на друга збирка: уметност (Kunst), архитектура (Architektur), дизајн (Design) и графика (Graphik).

Зградата на Пинакотеката на современата уметност ја проектирал германскиот архитект Стефан Браунфелс уште во 1990-тите, а била отворена по седум години градба во септември 2002 година. Изградбата доцнела заради бирократски поплаки за изгледот и цената (чинела 120 милиони долари, а поради изгледот мештаните ја нарекуваат „картонска кутија“), но на крајот проблемите биле решени благодарение на приватните дарувања.[1]

Во 2004 година, фондацијата Данер го финансирала отворањето на постојана изложба за накит, збирката накит Данер, која содржи дела на повеќе од стотина меѓународни златари.

Збирка

уреди

Збирката на музејот главно се состои од збирка уметнички дела од 20 век од минхенскиот „Дом на уметноста“ (Haus der Kunst), збогатена со дела од Националната баварска збирка на современа уметност „(Sammlung Moderne Kunst)“ и се смета за еден од најважните и најпосетуваните музеи на современата уметност во Европа.

Збирката од 1945 година нагло растела со собирање на т.н „Изопачена уметност“ која била прогонувана од нацистите, но и од приватни донации. Така, во музејот се застапени многу уметнички правци и движења од 20 век, како што се: експресионизам, кубизам, фовизам, нова стварност, Баухаус, надреализам, апстрактен експресионизам, поп-арт, минимализам итн.

Во музејот се изложени дела на познати уметници како: Пабло Пикасо, Анри Матис, Салвадор Дали, Рене Магрит, Жоан Миро, Франц Марк, Макс Бекман, Василиј Кандински, Енди Ворхол и многу други уметници.

Хронолошка галерија на избрани дела

уреди

Музејот има и една од најголемите светски збирки на применетата уметност и дизајн со околу 70.000 експонати. Збирката е основана во 1925 година, а најголемиот дел е изложен во подрумот на музејот. Некои од поважните предмети се:

Наводи

уреди
  1. Desmond Butler, A Home for the Modern In a Time-Bound City, New York Times 10. studenoga 2002. (англиски) Pristupljeno 18. kolovoza 2017.

Надворешни врски

уреди