Аугуст Маке

германски сликар

Август Маке (германски: August (Robert Ludwig) Macke; Мешеде, Вестфалија 1887Перт-ле-Ирли, Марна, 1914) бил германски сликар, припадник на движењето експресионизам.

Август Маке
Роден 3 јануари 1887
Мешеде, Вестфалија, Германија
Починал 26 септември 1914(1914-09-26) (возр. 27)
Перт-ле-Ирли, Марна, Франција
Познат Сликарство

Животопис

уреди

Маке студирал помеѓу 1904 и 1906 во Диселдорф, а потоа кај Л. Коринт во Берлин. Во [1907] година отпатувал за првпат во Париз, каде што дошол во контакт со импресионизмот и фовизмот. Бил многу импресиониран од чистите бои кои се нанесувале на платно, независно од предметот којшто се сликал. Неговиот почетен импресионистички стил еволуирал под влијание на Анри Матис површинско нанесување боја со слободни потези на четка. Со помош на Франц Марк станал член на уметничката група Синиот јавач и учествувал во 1911/1912 на изложбите на групата. Под тоа влијание, но и под влијание на орфизмот на Роберт Делоне неговите дела, привремено добиле кубистички и футуристички елементи. Маке не одел до потполна апстракција. Во тематски поглед се занимавал главно со претставување на луѓето и нивната околина, сликање на паркови и сцени на улица, но, исто така и со претставување на архитектура на градови и пејзажи. Во 1914 година пошол заедно со Паул Кле и Л. Моаје во Тунис. Неговите акварели кои биле создадени во таа прилика се со јасен, светол колорит и весела прочистеност. Истата година, тој бил мобилизиран и загинал на фронтот.

Избрани дела

уреди

Надворешни врски

уреди