Црква „Св. Богородица Пештанска“ - Пештани
Света Богородица Пештанска — македонска пештерна црква која се наоѓа во непосредна близина на селото Пештани. Сочуваниот фреско - живопис претставува најголем сликарски ансамбл што е сочуван, воопшто, во една пештерна црква на брегот на Охридското Езеро. Денес, поради продирање на атмосферските влијанија во внатрешноста на оваа пештерна црква, се отежнува нејзината посистематска анализа. Исто така, отсуствуваат пишани документи за неа. Сепак, со стилска анализа на сликарската постапка, се доаѓа до сознание дека ова сликарство поседува повеќе карактеристични одлики на Охридската сликарска школа од шеесеттите години на 14 век и е сродно со сликарството во Марковиот манастир.[1] Фреско-декорацијата е изведена директно врз нерамната површина на карпите и сцените се прилагодени на нивниот облик. Помеѓу најзначајните композиции се сцените од Големите Празници: "Благовештението", "Рождеството", "Сретението Христово", "Крштевањето", "Влегувањето во Ерусалим", "Распетието", како и претставите на светите воини и лекари и најпочитуваните светители во Охрид, светите Климент и Наум Охридски.
Света Богородица Пештанска
| |
Фреска во црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Пештанска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Пештани |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ Grozdanov, Cvetan (1980). Ohridskoto dzidno slikarstvo od XIV vek. Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata.
Надворешни врски
уреди„Црква „Св. Богородица Пештанска“ - Пештани“ на Ризницата ? |