Педро Фернандес де Кеирос
Педро Фернандес де Кеирос (шпански: Pedro Fernández de Quirós) (1563–1614) бил португалски морепловец во служба на Шпанија. Најпознат е по неговите патувања за откривање на места во Тихиот Океан, особено патувањето на Алваро де Мендања де Неира во периодот од 1595 до 1596, и по експедицијата која што ја водел (1605-1606 година) која го преминала Тихиот Океан во потрага по Тера Австралис.
Педро Фернандес де Кеирос | |
---|---|
Слика од де Кеирос | |
Роден(а) | 1565 Евора, Португалија |
Починал(а) | 1615 Панама |
Националност | Португалец |
Занимање | Морепловец |
Познат(а) по | Шпански откритија во Тихиот Океан |
Биографија
уредиКеирос (или Кеирош како што се потпишувал) е роден во Евора, Португалија во 1563 година.[1][2] Кеирос како млад човек стапил во служба на шпанската морнарица и станал искусен морепловец и навигатор.[1]
Во април 1595 година, му се придружил како главен пилот на Алваро де Мендања де Неира на неговото патување за колонизација на Соломонските Острови.[3] По смртта на Мендања во октомври 1595 година, Кеирос ја презел командата и го спасил единствениот преостанат брод од експедицијата, кој пристигнал на Филипините во февруари 1596 година.[3]
Потрагата по Тера Австралис
уредиКеирос на Филипините останал осумнаесет месеци, по што во 1598 година, преку Мексико, се вратил во Шпанија.[4] Откако се вратил во Шпанија, побарал од кралот Филип III да поддржи уште едно негово патување во Тихиот Океан, со надеж дека ќе најде голем јужен континент и да го прогласи за шпански.[4] Кеирос, исто така, го посетил Рим во 1600 година, каде што ја добил поддршката од папата Климент VIII за понатамошни истражувања.
Во март 1603 година, на Кеирос му било дозволено да се врати во Перу за да организира друга експедиција, која требало да ја пронајде Тера Австралис, митската „голема јужна земја“ и да ја присвои за Шпанија и за Црквата. Кеирос во Западни Индии доживеал бродолом, но стигнал до Перу во март 1605 година.[5] Групата на Кеирос од 160 мажи на три брода, Сан Педро и Сан Пабло (150 тони), Сан Педро (120 тони) и Лос Трес Рејес го напуштиле Каљао на 21 декември 1605 година.[6]
Во јануари 1606 година, експедицијата стигнала до Островот Хендерсон и Островот Дуси, а потоа и до Ракаханга (Северни Кукови Острови) и Островите Буен Виахе (Бутаритари и Макински Острови) во денешната островска држава Кирибати.[7] Исто така, можно е експедицијата да го здогледала Тахити и други острови во архипелагот Туамоту. Кеирос за малку ги промашил Маркиските Острови, како и Нов Зеланд, поради промената планираната маршрута.[8]
Во мај 1606 година, експедицијата пристигнала до островите кои подоцна ќе се нарекуваат Нови Хебриди, а денес познати како независна држава Вануату. Кеирос застанал на голем остров за кој сметал дека е дел од јужниот континент и го нарекол Австралија дел Еспириту Санто.[9] Овој остров сè уште се нарекува Еспириту Санто. Тој овде сакал да основа колонија, која ќе се вика Нов Ерусалим.
По шест недели, бродовите на Кеирос пловеле по морето за да го истражат крајбрежјето. Ноќта на 11 јуни 1606 година, Кеирос во Сан Педро и Сан Пабло се одвоил од другите бродови поради лоши временски услови и не можел (или барем така подоцна рекол) да се врати и да се укотви во Еспириту Санто. Всушност, екипажот се побунил, а неповолните временски услови им го овозможиле бегството. Капетанот на Сан Педро и Сан Пабло, Диего де Прадо, кој бил запознат со плановите на екипажот веќе се префрлил на бродот Торес, а истото го сторил и хирургот на експедицијата. Бродот на Кеирос потоа заминал за Акапулко во Мексико, каде што пристигнал во ноември 1606 година.[10]
Две недели подоцна, неговиот поткомандант Луис Ваз де Торес, откако залудно го барал Кеирос, претпоставил дека Кеирос (или поточно екипажот на неговиот брод) решил да си замине,[11][12][13] и го напуштил Еспириту Санто. Торес во мај 1607 година стигнал до Манила, (центарот на Шпанските Источни Индии), а попатно го нацртал јужното крајбрежје на Нова Гвинеја пловејќи низ теснецот меѓу Австралија и Нова Гвинеја што денес го носи неговото име. Торес не знаел колку бил блиску до северниот брег на Австралија - веднаш зад хоризонтот од неговата рута.[14]
Подоцнежен живот
уредиПедро Фернандес де Кеирос се вратил во Мадрид во 1607 година. Сметан како чудак, следните седум години ги поминал во сиромаштија, пишувајќи бројни извештаи за своето патување и молејќи го кралот Филип III за пари за ново патување. Тој за седум години на кралот му испратил преку 65 писма.[15][16] Конечно бил испратен во Перу со писма за препорака, но кралот немал намера да финансира нова експедиција, бидејќи кралскиот совет се плашел дека Шпанија не може да си дозволи нови откритија на Тихиот Океан.[14][15] Кеирос починал на пат, во Панама, во 1614 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)“, Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, Посетено на 2019-01-17
- ↑ „The Spanish quest for Terra Australis“. Discover Collections. State Library of New South Wales. Архивирано од изворникот на 17 August 2013. Посетено на 20 August 2013.
- ↑ 3,0 3,1 „Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)“, Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, Посетено на 2019-01-17"Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)", Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, retrieved 2019-01-17
- ↑ 4,0 4,1 „Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)“, Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, Посетено на 2019-01-17"Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)", Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, retrieved 2019-01-17
- ↑ „Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)“, Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, Посетено на 2019-01-17"Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)", Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, retrieved 2019-01-17
- ↑ Estensen, M. (2006) Terra Australia Incognita; The Spanish Quest for the Great South Land, p.111-113. Allen & Unwin, Australia ISBN 978-1-74175-054-6
- ↑ Maude, H.E. (1959). „Spanish Discoveries in the Central Pacific: A Study in Identification“. The Journal of the Polynesian Society. 68 (4): 284–326. Архивирано од изворникот на 2018-02-10. Посетено на 2021-12-29.
- ↑ „Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)“, Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, Посетено на 2019-01-17"Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)", Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, retrieved 2019-01-17
- ↑ Sir Clements Markham (ed.), The Voyages of Pedro Fernandez de Quiros, 1595 1606, Hakluyt Society, 1904, Vol.1, pp.251, 478; Brendan Whyte, “Australia or Austrialia? A Correction”, The Globe, no.69, 2011, p.51; Rupert Gerritsen, "A Note on Australia or Austrialia", The Globe, no.72, 2013, pp.23-30; Margaret Cameron-Ash, "Juggling ‘Australia’, ‘Austrialia’ and ‘New Holland’", The Globe, no.73, 2013, pp.29-38.
- ↑ „Prado y Tobar - Relacion sumaria del del descubrimto. que enpeco pero fernandez de quiros...y le acabo El capan don diego de prado...con asistencia del capan luis baes de torres“. Library Catalogue. State Library of New South Wales. 1614–1615. Full text available here
- ↑ From Torres' letter to the Spanish king written in Manila in 1607: From within this bay, and from the most sheltered part of it, the Capitana departed at one hour past midnight, without any notice given to us, and without making any signal. This happened the 11th of June. And although the next morning we went out to seek for them, and made all proper efforts, it was not possible for us to find them, for they did not sail on the proper course, nor with good intention. So I was obliged to return to the bay to see if by chance they had returned thither. And on the same account we remained in this bay fifteen days, at the end of which we took Your Majesty's orders and held a consultation with the officers of the frigate. It was determined that we should fulfil them, although contrary to the inclination of many, I may say of the greater part; but my condition was different from that of Captain Pedro Fernandez de Quiros. Quoted in The Discovery of Australia by George Coolingridge
- ↑ From the relation of Don Diego de Prado: at nine we made signal with a torch and they replied, at twelve we repeated it and they did not reply, at one we made it with two torches alight on the topmast and they did not reply [...] Seeing that the capitana (Queirós' ship) did not appear they suspected that it had become a wreck; I told them that they need not search, for the crew had determined to mutiny if they saw an opportunity, the wind had invited them and they had mutinied. [...] seeing then that the capitana did not appear Luis Baes de Torres went in the boat, well equipped, along the coast of the bay to the north and the launch along the other coast, hugging the land because if the vessel had made shipwreck they would find plenty of pieces of planks along the coast, and if they found nothing it would be certain that they had mutinied. They found nothing, and went up to the top of the headlands which were fairly high and saw nothing
- ↑ Translation of Torres’ report to the king in Collingridge, G. (1895) The Discovery of Australia p.229-237. Golden Press Edition 1983, Gradesville, NSW. ISBN 0-85558-956-6. Full text available online: The Discovery of Australia, chapter 39: Relation of Luis Vaez de Torres
- ↑ 14,0 14,1 „Maritime Exploration of Australia: Pedro Fernandez De Quiros“. www.australiaforeveryone.com.au. Посетено на 2019-01-17.
- ↑ 15,0 15,1 „Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)“, Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, Посетено на 2019-01-17"Quiros, Pedro Fernandez de (1563–1615)", Australian Dictionary of Biography, National Centre of Biography, Australian National University, retrieved 2019-01-17
- ↑ „Maritime Exploration of Australia: Pedro Fernandez De Quiros“. www.australiaforeveryone.com.au. Посетено на 2019-01-17."Maritime Exploration of Australia: Pedro Fernandez De Quiros". www.australiaforeveryone.com.au. Retrieved 2019-01-17.