Торесов Проток
Торесов Проток — (англиски: Torres Strait) проток помеѓу Австралија и Меланезискиот остров Нова Гвинеја. На најтесносното место неговата ширина изнесува 150 км. На југ од него се наоѓа Полуостровот Кејп Јорк, најсеверната точка од австралиското копно. На север е Западната покраина од Папуа Нова Гвинеја. Името го добил по шпанскиот морепловец Луис Ваз де Торес, кој пловел низ теснецот во 1606 година.
Торесов Проток Torres Strait | |
---|---|
Торесов Проток со островите | |
Подрачје | Индиски Океан–Тихи Океан |
Координати | 9°50′S 142°30′E / 9.833° ЈГШ; 142.500° ИГД |
Вид | Проток |
Сливни земји | Австралија Папуа Нова Гвинеја |
Во 1980-тите домородното население решило да создаде свое име за подрачјето. Тие се решиле за името Зенад Кес (Zenadh Kes), кој е вештачки акроним.[1]
Историја
уредиПрвиот Европеец за кој се знае дека поминал низ протокот бил Луис Ваз де Торес, шпански морепловец, заменик командант во шпанската експедиција предводена од Педро Фернандес де Кеирош, кој пловел од Перу до Јужниот Тихи Океан во 1605 година. Откако Кеирош се вратил во Мексико, Торес го продолжил планираното патување до Манила преку Молучките Острови. Тој пловел по јужниот брег на Нова Гвинеја и го открил теснецот кој сè уште го носи неговото име. Ова откритие подоцна било внесено на шпанските карти на Тихиот Океан и ќе ја овозможи експедицијата на Џејмс Кук во Австралија. Не е познато дали Торес со својот екипаж стигнал до австралиското копно покрај кое што само четири месеци претходно пловел Вилем Јансон (кој пак не го забележал Торесовиот теснец). Исто така нема записи кои потврдуваат дека Торес го здогледал брегот на големата копнена маса јужно од протокот,[2] а на раните шпански карти правилно го прикажуваат брегот на Нова Гвинеја, но ја нема Австралија.
Во 1769 година, шкотскиот географ Александар Далримпл, додека преведувал некои шпански документи одземени на Филипините во 1762 година, го пронашол сведочењето на Луис Ваз де Торес во кое наведува премин јужно од Нова Гвинеја.[3] По ова Далримпл во 1770–1771 година го објавил своето дело „Историска збирка од неколку патувања и откритија во јужниот дел на Тихиот Океан“, кое предизвикало интерес за тврдењето дека постои неоткриен континент. Далримпл го именувал теснецот по Торес. Далримпл бил разочаран што наместо него Џејмс Кук бил назначен за командант на експедицијата која подоцна (во 1770 година) ќе стигне и ќе го нацрта источниот брег на Австралија.
Во 1770 година, Џејмс Кук го обиколил Кејп Јорк, свртел на југозапад и стигнал до Островот Посесион. Од врвот на еден рид, му сигнализирал на бродот дека може да види пловен премин низ опасниот теснец. Подоцна кога дознал дека Французите поминале преку Тихиот Океан пред него, Кук ја пренапишал оваа сигнализација како церемонија за поседување,[4] наведувајќи дека источниот брег на Австралија ѝ припаѓа на британската круна.[5]
Во 1978 година, со договор меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја била утврдена поморската граница во Торесовиот Проток.[6]
Географија
уредиТоресовиот Проток го поврзува Коралното Море на исток со Арафурското Море и Карпентарискиот залив на запад. Иако е важен меѓународен морски пат, водата е многу плитка (длабочина од 7 до 15 м),[7] и е еден вид на лавиринт од гребени и острови кои ја отежнуваат навигацијата. Бродовите влегуваат во Торесовиот Проток преку Адолфовиот Канал, кој на југоисток го поврзува (протокот) со лагуната на Големиот Корален Гребен. Во тесните канали помеѓу островите и гребените има силни плимни струи, а големите песочни дини под морето ја менуваат својата местоположба.[8] Во Торесовиот Проток има околу 580 корални гребени со вкупна површина од 2400 квадратни километри, а на тоа подрачје се наоѓаат најпространите лежишта на морска трева во светот.[9]
Во протокот има неколку групи на острови со заедничко име Островите на Торесовиот Проток. Овој архипелаг има 274 острови, а 17 од нив се постојано населени. Острови се разликуваат по својата топографија, екосистем и создавање. Оние кои се најблиску до брегот на Нова Гвинеја се ниски, формирани од алувијални седиментни наслаги.[10] Многу од западните острови се ридски и стрмни, составени претежно од гранит и се најсеверни врвови на Големиот Разводен Венец. Со покачувањето на нивото на морето по завршувањето на леденото добаовие врвови станале острови. Средишните острови се претежно корални островчиња, а островите во источниот дел се од вулканско потекло.
Луѓе, култура и јазици
уредиДомородно население на островите во Торесовиот Проток се Островјаните од Торесовиот Проток, една од двете етнички групи на домородните австралиски народи. Островјаните од Торесовиот Проток се разликуваат и од Папуанците од соседната Нова Гвинеја и од Австралиските Абориџини, но се тесно поврзани со и со двете етнички групи.[11]
Со пописот во Австралија од 2016 година, било забележано дека на островите живеат 4.514 луѓе.[12]
Во литературата
уредиТоресовиот Проток се споменува во „Дваесет илјади милји под морето“ од Жил Верн како опасен проток во кој подморницата „Наутилус “ заглавила накратко.
Поврзано
уреди- Острови во Торесовиот Проток
- Островјани од Торесовиот Проток
- Острови на Торесовиот Проток
- Договор за Торесовиот Проток - договор меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја со кој се поставува поморската граница меѓу двете нации во Торесовиот Проток
Наводи
уреди- ↑ Акронимот ZENADTH KES е изведен од зборовите zey (југ), naygay (север), dagam (место/страна), thawathaw (брег) и kes (премин/проток). Денешниот правопис е изменет во Zenadh Kes
- ↑ Hilder, Brett (1980). The voyage of Torres: the discovery of the southern coastline of New Guinea and Torres Strait by Captain Luis Baez de Torres in 1606 (PDF). St. Lucia, Queensland: University of Queensland Press. ISBN 070221275X. OCLC 911315041. Посетено на 2021-01-31.
- ↑ In his 1853 book, The Three Colonies of Australia, Samuel Sidney expressed it thus: "During our war with Spain we captured Manilla by storm, and in the archives of that city Mr. Alexander Dalrymple, the historiographer of the British Admiralty, discovered a copy of the letter to the King of Spain, which had been deposited there by Torres. Dalrymple, with that right feeling which should inspire all men of science, did justice to the discoverer by inscribing on the official maps issued from his department, against the intricate passage between Australia and New Guinea, 'Torres Straits.'" (page 14). Britain held Manila#Spanish period briefly from 1762 to 1764 at the end of the Seven Years' War.
- ↑ Beaglehole, J.C. (1955). The journasls of Captain James Cook, Vol. I. Cambridge: Hakluyt Society. стр. 387–388. ISBN 0851157440.
- ↑ Cameron-Ash, M. (2018). Lying for the Admiralty: Captain Cook's Endeavour Voyage. Sydney: Rosenberg. стр. 180–189, 190–197. ISBN 9780648043966.
- ↑ for a detailed map see „Australia's Maritime Zones in the Torres Strait“ (PDF). Australian Government – Geoscience Australia. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 October 2014. Посетено на 2008-04-13.,
for the agreement see „Treaty between Australia and the Independent State of Papua New Guinea concerning sovereignty and maritime boundaries in the area between the two countries, including the area known as Torres Strait, and related matters, 18 December 1978“ (PDF). United Nations. Посетено на 2008-04-13. - ↑ Harris, P. T. (1988). „Sediments, bedforms and bedload transport pathways on the continental shelf adjacent to Torres Strait, Australia—Papua New Guinea“. Continental Shelf Research. 8 (8): 979–1003. doi:10.1016/0278-4343(88)90058-1.
- ↑ Hemer, M. A.; Harris, P. T.; Coleman, R.; Hunter, J. (2004). „Sediment mobility due to currents and waves in the Torres Strait–Gulf of Papua region“. Continental Shelf Research. 24 (19): 2297–2316. doi:10.1016/j.csr.2004.07.011.
- ↑ Coles, R.G., McKenzie, L.J. and Campbell, S.J. (2003). "The seagrasses of eastern Australia" In: Green EP; Short FT; and Spalding MD. (eds) The World Atlas of Seagrasses
- ↑ Harris, P.T., 1995. "Muddy waters: the physical sedimentology of Torres Strait," in: Bellwood, O., Choat, H., Saxena, N. (Eds.), Recent Advances in Marine Science and Technology '94. James Cook University of North Queensland, Townsville, Qld., pp. 149-160
- ↑ David, B.; McNiven, I.; Manas, L.; Manas, J.; Savage, S.; Crouch, J.; Neliman, G.; Brady, L. (2004). „Goba of Mua: archaeology working with oral tradition“. Antiquity. 78 (299): 158–172. doi:10.1017/S0003598X00093005.
- ↑ „2016 Census QuickStats: Torres Strait Island (R)“. Australian Bureau of Statistics. Архивирано од изворникот на 2021-12-06. Посетено на 6 December 2021.