Пане Поп Коцев
Пане Поп Коцев ( 1880 во Ваташа — ) — деец на ТМОРО и учесник во Тиквешкото востание.[1]
Животопис
уредиОсновно образование завршил во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Немајќи средства за да го продолжи образованието се вработил како учител во село Прждево во учебната 1898/99 година. Пане Поп Коцев веднаш по доаѓањето во Прждево се ангажирал во организирање на населението од ова село кон идеите на ТМОРО. Тој е еден од иницијаторите за формирање на револуционерен комитет во с.Прждево од четворица членови. Во 1900 година бил уапсен по обвинение дека илегално купувал оружје за потребите на организацијата од ова село, по што бил сурово измачуван и осуден на 8 месеци затвор. Набргу бил ослободен со изјава на неговиот адвокат дека бил малолетен и заведен. Од 1901 до 1905 година Пане Поп Коцев го продолжува своето образование на Солунската машка гимназија, каде што членувал во револуционерниот кружок на гимназијата. Во летото 1905 година по борбата кај селото Ресава, бил уапсен заедно со уште десетмина ваташани. Во втората половина на 1905 година се вклучил во четата на војводата Пешо Самарџиев и учествувал во поголем број акции против турските воени и полициски сили во Тиквешијата. Во август 1905 година учествувал во борбата кај месноста Трника, близу селото Мрежичко во која му биле нанесени сериозни загуби на турскиот аскер. Во 1913 година учествувал во Тиквешкото востание и бил член на Главниот штаб на востанието.[1]
Ќерката на Пане Поп Коцев е сопруга на првоборецот Мито Хаџивасилев Јасмин, а негов син е новинарот Велко Поп Коцев. Семејството на Поп Коцеви е познато по тоа што ја чувале пушката на Мустафа Кемал Ататрук, која им ја предала фамилијата Ајзовски од селото Дабниште.[2][3][4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 425. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ „Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште“. Независен Весник. 2021-04-18. Посетено на 2024-07-06.
- ↑ „Приказна за куќата во која е спасен животот на Ататурк во кавадаречко Дабниште“. Кајгана. Посетено на 2024-07-06.
- ↑ „Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк“. kanal5.com.mk. 18 април 2021.