Велко Поп Коцев
Велко Поп Коцев ( 1920 во Ваташа — 1998 во Скопје ) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија и познат новинар.[1]
Животопис
уредиЗавршил земјоделски факултет,[2] меѓутоа никогаш не работел како агроном. Во НОВ и револуцијата 1941-1945 година учествувал од самиот нејзин почеток. Присуствувал на формирањето и положил партизанска заклетва на 28 септември 1941 година во Раштани, меѓутоа од непознати причини одредот не се активирал.[1]
Тој бил припадник на првата генерација на македонски новинари. Во весникот Нова Македонија бил од самиот негов почеток, односно од 1944 година. На 9 март 1945, бил дел од екипата која ја пуштила во работа првата Разгласна станица во Кавадарци, чија цел била да го информира населението од Кавадарци за сите позначајни настани во земјата и во светот. Програмата ја подготвувале Александар Грков, Илија Каровски и Лазар Грозданов. Вестите ги подготвувале Васил Анастасов, Велко Поп Коцев и Киро Мукаетов, а со техниката раководелe Диме Мустеников-Перодршковиќ и Тодор Мурџев.[3][4] Бил долгогодишен уредник на надворешно-политичката рубрика, а бил и коментатор од Танзанија во 1984 година. Во меѓувреме бил главен уредник на неделникот „Народна кооперација” во 1984 година. Бил дописник на ТАНЈУГ (1962-1964) и директор за информации во Градското собрание во Скопје. Тој известувал за многу важни настани кои се случувале кај нас и во светот.[1]
Татко на Велко бил револуционерот Пане Поп Коцев. Неговата сестра била сопруга на првоборецот Мито Хаџивасилев Јасмин. Семејството на Поп Коцеви е познато по тоа што ја чувале пушката на Мустафа Кемал Ататрук, која им ја предала фамилијата Ајзовски од селото Дабниште.[5][6][7]
Починал во Скопје во 1998 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 432–433. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ „Монографија - СОУ Гимназија „Добри Даскалов" 1945-2010 by Gimnazija Kavadarci - Issuu“. issuu.com. 2013-09-23. стр. 135. Посетено на 2024-07-06.
- ↑ „На 9 март 1945 започнала со работа првата разгласна станица во Кавадарци“. www.ktv.mk. Посетено на 2024-07-06.
- ↑ „На денешен ден - Разглас во Кавадарци“. rtk.mk. 9 март 2017.
- ↑ „Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште“. Независен Весник. 2021-04-18. Посетено на 2024-07-06.
- ↑ „Приказна за куќата во која е спасен животот на Ататурк во кавадаречко Дабниште“. Кајгана. Посетено на 2024-07-06.
- ↑ „Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк“. kanal5.com.mk. 18 април 2021.