Пал Ердеш
Пал Ердеш, исто така и Пол Ердеш, (Будимпешта, 26 март 1913 — Варшава, 20 септември 1996) — исклучително плоден (и славно необичен) унгарски математичар, кој работел со стотици соработници на проблеми од комбинаториката, теоријата на графовите, теоријата на броеви, класичната анализа., теоријата на апроксимации, теоријата на множества и теоријата на веројатноста.
Пал Ердеш Paul Erdős | |
---|---|
Пал Ердеш во 1992 | |
Роден(а) | 26 март 1913 Будимпешта, Австроунгарија |
Починал(а) | 20 септември 1996 Варшава, Полска | (возр. 83)
Националност | Унгарска |
Полиња | Математика |
Установи | |
Образование | Универзитет Лоранд Етвеш |
Докторски ментор | Липот Фејер |
Докторанди | |
Познат по | Многу голем број резултати и претпоставки (повеќе од 1.500 статии) и многу голем број соавтори (повеќе од 500) |
Поважни награди | Волфова награда (1983/84) Колова награда (1951) |
Животопис
уредиРоден е во Будимпешта, Унгарија . Претходните деца на неговите родители (Ана и Лајош Ердеш) починале на 3 и 5 години, па Пал бил син единец. И двајцата негови родители биле еврејски математичари, од интелектуалната заедница.[2] На 3 години научил да собира, а на 4 за пријателите и членовите на семејството пресметувал колку се стари во секунди. Ердеш рано се истакнал како надарено дете, а наскоро во математичките кругови почнале да го сметаат за гениј.
Во 1934 година ја добил титулата доктор по математика. Заради подемот на антисемитизмот, истата година се преселил во Манчестер, Англија, каде што отишол како гостин-предавач. Во 1938 година добил позиција во Америка, на Универзитетот Принстон. Во тоа време тој почнал да ја развива својата навика да патува од кампус до кампус. Тој не останувал долго на едно место, а до крајот на животот патувал од една до друга математичка институција.
Работите не му значеле многу на Ердеш, повеќето од неговите лични работи можеле да се сместат во куфер, што било во склад со неговиот патувачки живот. Наградите и другите заработки обично им ги донирал на луѓе на кои им била потребна помош или во разни добротворни цели. Поголемиот дел од својот живот го поминал како скитник, патувајќи меѓу научни конференции и домови на колеги низ светот. Тој обично се појавувал на вратата од куќата на некој колега и му велел „мозокот ми е отворен“, останувајќи доволно долго за да подготви неколку трудови заедно со домаќинот, пред да продолжи понатаму неколку дена подоцна. Често го прашувал моменталниот соработник кого следен да посети. Неговиот стил на работа хумористично го опишувале како обиколка на верижен список.
Неговиот колега Алфред Рењи рекол: „математичарот е машина за претворање на кафето во теореми “, а Ердеш пиел кафе во големи количини. (Овој цитат често му се припишува на Ердеш, но негов автор е веројатно Рењи.) По 1971 година и покрај загриженоста на неговите пријатели тој земал и амфетамини. Еден од тие пријатели, Роналд Грејем, се обложил во 500 долари дека Ердеш нема да може да престане да ги зема таблетите еден месец. Ердеш го добил облогот, но се пожалил дека математиката е уназадена за еден месец: „Претходно, ако погледнев во празен лист хартија, мојот ум ќе се наполнеше со идеи“. Сега, сЕЕЕ што гледам е празен лист хартија“. Кога го добил облогот, Ердеш веднаш продолжил да зема амфетамини.
Ердеш се изразувал необично: зборувал за Книгата, замислена книга, во која Бог ги запишал најдобрите и најелегантните докази на математичките теореми. На едно предавање во 1985 година, рекол: „Не мора да верувате во Бога, но треба да верувате во Книгата“. Тој самиот се сомневал во постоењето на Бог, кого го нарекол врховен фашист (СФ - ), но го обвинил СФ дека ги сокрил неговите чорапи и унгарските пасоши и дека ги чувал најелегантните математички докази за себе. Кога ќе видел особено убав математички доказ, ќе извикал: „Ова е од Книгата!“.
Следат уште примери од неговиот чуден говор: децата ги ословувал како епсилони (во математика произволно мал број поголем од нула), жените биле шефови, а мажите робови. За луѓето кои престанале да се занимаваат со математика зборувал како да се умрени, за умрените зборувал како заминале; алкохолните пијалаци биле отров; музиката - бука; математичкото предавање било проповед. Исто така, сите земји за кои сметал дека не им овозможуваат слобода на поединците сЕЕЕ додека овие не загрозуваат некој друг ги нарекувал империјалистички. На пример, САД биле семостан (по Чичко Сем), Советскиот Сојуз бил џостан (по Јосиф Сталин - на англиски Џозеф), а Израел бил израел. За својот епитаф го предложил текстот: „Конечно престанав да станувам поглуп“.
Починал во акција, од срцев удар, на 20 септември 1996 година, на 83-годишна возраст, додека присуствувал на конференција во Варшава. Ердеш никогаш не се оженил, ниту пак оставил потомство. По заминувањето на Ердеш, била објавена книгата Докази од Книгата, со намера да биде збирка од најубавите математички докази, во духот на Ердеш.
Математичка работа
уредиЕрдеш бил еден од најактивните математичари во однос на објавување дела во историјата на математиката. Само Леонард Ојлер бил поплоден од него. Напишал околу 1.500 математички трудови, повеќето од нив со соавтори. Имал околу 500 соработници и цврсто верувал дека математиката е социјална активност (и очигледно ја применувал на овој начин).
Од неговите придонеси посебно се истакнуваат развојот на Рамзиевата теорија и примената на веројатносната метода. Ердеш нашол доказ за Бертрановиот постулат, за кој се покажало дека е многу поелегантен од изворниот на Чебишев. Исто така, заедно со Атле Селберг, нашол елементарен дока за Теоремата за простите броеви.
Соработници
уредиМеѓу честите Ердешеви соработници биле:
- Јусеф Алави (Yousef Alavi)
- Бела Болобаш (Béla Bollobás)
- Стефан Бур (Stefan Burr)
- Фан Чунг (Fan Chung)
- Ралф Фодри (Ralph Faudree)
- Рон Грејем (Ron Graham)
- Андрас Ђарфаш (András Gyárfás)
- Андрас Хајнал (András Hajnal)
- Ерик Милнер (Eric Milner)
- Јанош Пах (János Pach)
- Карл Померанс (Carl Pomerance)
- Ричард Радо (Richard Rado)
- Алфред Рењи (Alfréd Rényi)
- Војтех Редл (Vojtech Rődl)
- Сесил Русо (C. C. Rousseau)
- Андраш Саркози (Andras Sárközy)
- Дик Шелп (Dick Schelp)
- Миклош Шимоновиц (Miklós Simonovits)
- Вера Шош (Vera Sós)
- Џоел Спенсер (Joel Spencer)
- Ендре Семереди (Endre Szemerédi)
- Пол Туран (Paul Turán)
- Питер Винклер (Peter Winkler)
Ердешев број
уредиЗаради огромниот обем на работа, неговите пријатели го смислиле Ердешевиот број како шеговита почест на Ердеш. Самиот Ердеш го има бројот 0, додека неговите непосредни соработници (оние со кои Ердеш објавил барем еден труд) го имаат бројот 1. Соработниците на носителите број 1 имаат Ердешев број 2 итн. Некои проценки велат дека 90% од активните математичари во светот имаат Ердешев број помал од 8. На шега се вели дека познатиот бејзбол играч Хенк Арон го има Ердешовиот број 1, бидејќи и двајцата потпишале исто топче за бејзбол кога Универзитетот Ејмори им ги доделил двете почесни дипломи во ист ден.
Наводи и белешки
уреди- ↑ „Mathematics Genealogy Project“. Посетено на 13 August 2012.
- ↑ Будимпештанската еврејска заедница од таа доба дала барем уште шестмина големи мислители освен Ердеш: Еуген Вигнер, физичар и инженер; Едвард Телер, физичар; Лео Силард, физичар; Џон фон Нојман, математичар и полимат; Денеш Габор, физичар; и Ѓерѓ Лукач, филозоф.