Палмеш
Палмеш (грчки: Καστανούσσα, Кастануса; до 1926 г. Πάλμες, Палмес[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[3]
Палмеш Καστανούσσα | |
---|---|
Координати: 41°16.39′N 22°53.38′E / 41.27317° СГШ; 22.88967° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 270 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 635 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиИсторија
уредиВо Отоманското Царство
уредиПалмеш изборно се наоѓало во јужното подножје на Беласица.[4] Мештаните претходно биле христијани, кои го примиле исламот во немирни години за да се заштитат.[3]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
„ | Палмиш, неколку маала на З од Порој, 6 часа пат по подножјето на Беласица и Круша. Приближно 200 куќи, сите Македонци-муслимани. Зборуваат македонски со мала разлика од Порој;[5] се облекуваат во особена црвена облека-антерија и потури. Доаѓаат на пазар во Порој со риба од Дојранското Езеро.[6] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Палмеш (Палмешъ) било село со 1.150 Македонци-муслимани.[7][8]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 1.047 жители, а во 1920 г. во него се попишани 988 лица.[3]
Во 1924 г. жителите, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 512 жители (144 семејства).[9]
След Втората светска војна Палмеш е преместен на југ, јужно од железницата.[4][10]
Во 1940 г. населението пораснало на 829 жители.[3] Тоа настрадало во Граѓанската војна и било повлечено во полските села. По војната дел од жителите се вратиле во Палмеш. Нешто подоцна од стратешки причини (како погранично место), селото било повлечено 3 км појужно, во новоизградени куќи близу железницата.[3]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Прокритес Маала | Προκρίτες Μαχαλάς | Ерипија Прокритон | Ερείπια Προκρίτων[11] | урнатините на старото село |
Фундуклук[4] | Φουντουκλούκ | Лептокариес | Λεπτοκαρυες[11] | месност на Круша Ј од Палмеш[4] |
Дова Тепе[4] | Στενά Δοβά Τεπέ | Дијавасис Кастанусис | Διάβασις Καστανούσσης[11] | возвишение на Круша (394 м) ЈИ од Палмеш и теснец меѓу Круша и Беласица И од Палмеш[4] |
Ах Чешме[4] | Άχ Τσεσμέ | Аспри Вриси | Άσπρη Βρύση[11] | извор С од Палмеш[4] |
Капер[12] | Κάπερ | Ризомата | Ριζώματα[11] | месност на ССИ од Палмеш[12] |
Бубалук Каја[12][4] | Μπουμπαλούκ Βαγιά | Сидироврахос | Σιδηρόβραχος[11] | месност на Беласица на ССИ од Палмеш[12][4] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 829 | 649 | 859 | 652 | 597 | 611 | 733 | 592 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 204. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Нарекувајќи ги „Помаци“ и нивниот јазик „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 860.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Porróïa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 Топографска карта ЈНА 1:100.000.