П’клиште
П’клиште — село во Општина Ранковце.
П’клиште | |
Поглед на малкуте стари куќи во селото П’клиште | |
Координати 42°15′21″N 22°2′53″E / 42.25583° СГШ; 22.04806° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Ранковце |
Население | 16 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15041 |
Надм. вис. | 1200 м |
П’клиште на општинската карта Атарот на П’клиште во рамките на општината | |
П’клиште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во крајниот северозападен дел на Општина Ранковце. Селото е високопланинско со куќи од раштркан тип, сместено на надморска височина од 1150 до 1250 метри.
Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 20 километри, од кое води асфалтен пат.
Историја
уредиНаселбата потекнува од доцноантичко време, што се гледа од наоѓалиштата Селиште и Градаш.
Селото во последниот период се преобразува во туристичка населба, при што од страна на општината бил донесен урбанистички план и се отпочнала постапката за продавање на плацеви за изградба на викендички. Планот опфаќа површина од осум хектари.[2]
Стопанство
уредиСелото има претежно шумарско-поледелска дејност и најмногу се одгледува компир и житарици, додека од добиток, претежно говеда и овци.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[3]
Бројот на населението во селото отсекогаш бил мал, но денес селото е на прагот на целосно раселување, при што со пописот од 2002 година се запишани само 30 жители.[4] Сите се Македонци, а по вероисповед православни христијани.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 200 | 225 | 236 | 198 | 125 | 62 | 50 | 30 | 16 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиП’клиште е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во П’клиште се: Петровци (7 к.), Падинци (14 к.) и Чурчици (2 к.), сите овие родови се доселенички со непозната старина. Родот Петровци е најстар во селото и го знаат следното родословие: Ќиро (жив на 60 г. во 1973 година) Кузман-Карафил-Спасо-Величко-Иван, основачот на родот кој се доселил.[9]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Со непознато потекло: Скандалци (2 к.)
- Доселеници: Петровци (7 к.) доселени се околу 1783 година од селото Долна Трница во Горна Пчиња (денес во Србија); Пичаровци (1 к.) доселени се исто така од Долна Трница, околу 1805 година; Ќурчијци (3 к.) доселени се во 1809 година од селото Талашманце кај Кратово; Падинци (16 к.) доселени се околу 1825 г. од селото Нерав во Горна Пчиња. Уште подалечно потекло имаат од околината на Прешево во Србија; Пешинци (1 к.) доселени се околу 1865 година од селото Станча.[10]
Самоуправа и политика
уредиСелото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце. Во рамките на општина Крива Паланка се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото припаѓало на Општина Герман, во која покрај Радибуш се наоѓало и селото Герман. Самата Општина Герман била дел од Кривопаланечката околија. Општината Герман постоела и во периодот 1950-1952 година.
Галерија
уреди-
Споменик од НОБ во селото
-
Поглед на новите куќи во селото
-
Дел од главниот пат во селото
-
Главниот пат низ селото
-
Табла со името на селото на самиот влез
-
Дел од старите куќи во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Цветковска, Жаклина (6 септември 2012). „Во П'клиште се гради еколошки рај“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 14 јануари 2016.[мртва врска]
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (ХАЗУ). Кривопаланачка област. Загреб. стр. 293–294. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.