Ошинув Долни
Ошинув Долни (полски: Osinów Dolny, германски: Niederwutzen) — село во општината Цедиња на Грифинскиот Округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска. Сместено е на брегот на реката Одра, веднаш до самата граница со Германија која оди по неа.[2] Лежи околу 6 км југозападно од Цедиња, 50 км југозападно од Грифино и 70 км југозападно од војводската престолнина Шчеќин. По својата местоположба, ова е најзападното населено место во Полска.
Ошинув Долни Osinów Dolny | |
---|---|
село | |
Поранешната хартиена фабрика во селото | |
Земја | Полска |
Војводство | Западнопоморско |
Округ | Грифински |
Општина | Цедиња |
Население (2011)[1] | 205 |
Пошт. бр. | 74-520 |
Повик. бр. | (+48) 91 |
Рег. таб. | ZGR |
Селото има население од 205 жители (2011) [1]. Преку границата во Германија се наоѓа местото Хоенвуцен, на патот од Хојна (порано Кенигсберг во Нојмарк) за Бад Фрајенвалде во Бранденбург, Германија.
Сè до 1945 г. селото ѝ припаѓало на покраината пруската покраина Бранденбург во рамките на Германија. Од 1936 до 1939 г. во местото работела хартиена фабрика, која подоцна е затворена. Денес погоните служат како затворен пазар.
Стопанство
уредиМалото стопанство Ошинув Долни ужива значаен промет од Германци кои ја преминуваат границата во набавка на поевтини производи и услуги уште од самото отворање на граничниот премин во 1993 г. Во поново време, местото шеговито се нарекува „Село на фризерите“ (Dorf der Friseure) поради тоа што преку половина од мештаните се занимаваат со фризерство, мнудејќи евтини потсрижувања за германските посетители од преку границата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Податоци за Ошинув Долни за 2011 г. — Полска во бројки (полски)
- ↑ „Централна статистичка служба“. 2008-06-01.
Надворешни врски
уреди- Ошинув Долни на Ризницата ?
- Историја на хартиената фабрика во Нидервуцен (Ошинув Долни) (германски)