Освојување на Тунис (1574)
Целосното османлиско освојување на Тунис се случило во 1574 година, во текот на т.н. Османлиско-хабсбуршки војни. Овој настан го дал почетокот на уште една ера од муслиманското владеење на Северна Африка. Со оваа битка се ставило крај на шпанската Реконквиста која била започнала од страна на Изабела I Кастиљска и Фернандо II Арагонски[1].
Освојување на Тунис | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
напад на османлиската флота кај Ла голета во 1574 година. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Шпанска империја | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Филип II од Шпанија | Селим II | ||||||
Сила | |||||||
вкупно војска: 7,000 | 250-300 воени бродови вкупно војска: 100,000 |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
6,700 убиени, 300 заробени. | 25,000 убиени |
Заднина
уредиТунис првично бил освоен од страна на Османлиите во 1534 година, на чие чело се наоѓал Хајредин Барбароса. Во 1535 година, светиот римски цар Карло V успеал Тунис да го поврати под своја контрола. По победата кај Лепанто, Хуан Австриски повторно успеал да го зазеде Тунис, кој претходно бил под османлиска контрола од 1569 година.[1][2].
Освојување
уредиВо 1574 година, Вилхелм I Орански и Шарл IX се обидиле да добијат поддршка од страна на Османлиското Царство на чело со Селим II, со цел да се отвори нов фронт против шпанскиот император Филип II од Шпанија[3]. Во своето писмо, османлискиот султан одговорил со позитивен резултат.[4]. Така, во 1574 година била испратена голема флота кон Тунис[4]. Во Битката кај Ла Голета, Селим привлекол една флота која се состоела од околу 300 воени бродови и околу 75.000 војници[5], Османлиската флота била под команда на Синан Паша у Алуџ Али[6]. Вкупната сила на Османлиите броела околу 100.000 војници.[6]. Османлиската војска ги нападнала Ла Голета и Тунис. Овие региони биле бранети од околу 7.000 војници. На 24 август паднала Ла Голета. Последните христијански војници во една мала тврдина кај Тунис се предала на 3 септември 1574 година[6].
Хуан Австриски се обидел да ја ослободи опсадата со својата флота. Тој тргнал од Сицилија и Наполи, но неговиот поход бил неуспешен поради невремето[7] The Spanish crown, being heavily involved in the Netherlands and short of funds was unable to help significantly.[7]. Шпанија не била во можност да помогне на градот, главно поради финансиската криза. Во целина, Османлиите имале жртви од околу 25.000 војници наспроти 6.700 христијани. Околу 300 христијани успеале да побегнат од местото.
Оваа битка го означил крајот на христијанската власт во Северна Африка.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 The new Cambridge modern history R. B. Wernham, p.354
- ↑ The Encyclopedia of world history Peter N. Stearns, William Leonard Langer, p.366 [1][мртва врска]
- ↑ Parker, p.61
- ↑ 4,0 4,1 Parker, p.61
- ↑ Cervantes in Algiers by María Antonia Garcés, p.220
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Garcés, p.220
- ↑ 7,0 7,1 Garcés, p.221