Ориана Габриела Сабатини, позната и само како Ориана (Буенос Аирес, 19 април 1996), е актерка, пејачка и модел во Аргентина. Најпозната е по улогата на Азул во теленовелата Aliados.

Ориана Сабатини
Ориана Сабатини во реклама за Елвиев, 2019 година
Роден(а)Ориана Сабатини Фулоп
19 април 1996
Буенос Аирес, Аргентина
Националност Аргентина
Активен2011-наваму
СопружникПауло Дибала (2018)

Животопис

уреди

Родена е во 1996 година, како ќерка на Освалдо Сабатини, аргентински глумец и претприемач, и Катерин Фулоп, глумица од Венецуела; има сестра по име Тицијана. Таа, исто така, е внука на познатата поранешна тенисерка Габриела Сабатини.

Од 2014 до 2017 година била во врска со Хулијан Серано, нејзин колега од серијата Aliados. Од летото 2018, Ориана е во врска со фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, со кој живеат во Торино, Италија.

Кариера

уреди

Својата уметничка кариера ја започнала од рана возраст, одејќи на часови по пеење, пијано и театар. Студирала две години на институтот Хулио Чавес и една година во Њујоршката филмска академија. За првпат на телевизија се појавила во 2011 година во уругвајската теленовела Porque te quiero así, во улогата на Росио.

2013: Aliados

уреди

Во 2013 година, Сабатини станува главен женски лик во серијата Aliados , со продуцентот Крис Морена и Telefe емитувана низ Латинска Америка на Фокс, каде што ги играла ликовите на Луз Азул и Медина. Исто така е добитник на наградата "Најдобар дебитант" на Детскиот Избор на Аргентина во 2013 година.

Филмографија

уреди

Филмови

уреди

Телевизија

уреди

Дискографија

уреди

Синглови

уреди
  • 2014Love is Louder (со Хулијан Серано)
  • 2017Love Me Down Easy
  • 2017 – Stay Or Run
  • 2018What U Gonna Do
  • 2018 – False Start
  • 2019El Último Tango

Надворешни врски

уреди