Ореовица
Ореовица или Ореховица (грчки: Πευκοδάσος, Певкодасос, до 1927 година Ορέβιστα, Оревиста) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.
Ореовица | |
---|---|
Координати: 41°02′N 22°35′E / 41.033° СГШ; 22.583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 577 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на пет километри северно од Ругуновец и околу 61 километар северозападно од Солун, крај самиот лев брег на реката Вардар[2]. Ореовица е расположена на надморска височина од 150 метри[2]. Тоа претставувало самостојна општина со вкупна површина на општинскиот атар од 14 км2[2].
Историја
уредиКон крајот на XIX век, во селото во 1895 - 1896 година е основан комитет на ВМОРО. Во минатото, селото Ореовица било мешана населба во која живеело македонско и турско население, при што во статистиките на К’нчов од 1910 се споменува со 230 Македонци и 490 Турци, Бранков бројот на Македонците го качува на 256, додека Милоевиќ ја регистрира со 35 македонски и 30 турски куќи[2]. Како последица на настаните од Првата светска војна во 1914 голем број Македонци се иселиле во Бугарија, а преостанатите жители Турци во 1924 година, по сила на Лозанската конвенција се иселиле во Турција, а на нивно место властите населиле бегалски семејства од Понд[2].
Стопанство
уредиОсновните производи на селото се памукот и пченицата, додека сточарството е слабо развиено[3].
Население
уредиВо пописот од 1913 година селото е евидентирано со 502 жители, додека во 1920 година само со 45 жители[3]. Со населувањето на бегалски семејства од Понд, бројот на жителите во 1928 нараснува на 354, во 1940 се искачува на 790, во 1951 благо опаднал на 711, во 1961 повторно пораснал на 782, за да опадне во 1971 на 475, во 1981 на 609, а во 1991 да опадне на 569 жители[3].
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 790 | 711 | 782 | 475 | 609 | 569 | 637 | 577 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Иселеништво
уредиПод притисок на грчките власти во Бугарија биле иселени македонските семејства, а во турските во Турција.
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ — дело на истакнатиот мајстор Андон Китанов
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 56. ISBN 9989-9819-4-9.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Кукушки округ (XI/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 111.