Оревокршачка (кујнски прибор)
Оревокршачка[1][2] — кујнски прибор што се користи за кршење ореви, и поопшто сушени јаткасти плодови, како што се бадеми, лешници, итн.
Принцип на работа
уредиРаботата на оревокршачката главно користи три физички начела:
Иако оваа алатка, или подобро кажано, кујнски инструмент, кој се користи и на трпеза, има релативно ограничена употреба, има широк спектар на изработки кои се разликуваат не само по физичките начела што се користат, туку и по употребените материјали и по фигуративната орнаментика.
Најстарата постапка е несомнено онаа со удар. Неа ја користат приматите за да кршат ореви со два камена. Истата традиционално се користи во областите за производство на ореви за време на вадењето на јатките, што се состои од удирање на оревите со отсечен и добро одмерен удар, со помош на дрвен чекан, за да се скрши лушпата и да се извлечат недопрените јатки.
Најраспространета постапка е кршење со клешта, која го користи ефектот на лост, но има два недостатоци. Прво не овозможува прецизно дозирање на притисок што носи ризик да ги здроби јатките и да се распрскаат остатоците од лушпата.
Оревокршачката на винт, која се наоѓа поретко, овозможува постепено кршење на лушпата, но нејзината употреба не е практична.
Оттука, пронаоѓачите предложиле подобрувања на оревокршачката, од кои многу се патентирани. Материјалите што се користат се исто така многу разновидни: метал (железо, челик, алуминиум, бронза, бакар, легури , итн.), дрво од различни видови, особено маслиново дрво, пластични материјали и смоли.
Оревокршачките се рачни инструменти, но во Соединетите Држави има електрични оревокршачки кои ја пукаат многу тврдата лушпа на некои сушени плодови.
Одредени оревокршачки кои функционираат на начелото на лост, изрботени од дрво и бојадисани, кои прикажуваат ликови (војници, кралеви, итн.) традиционално се произведуваат во Германија во Рудните Планини. Тие станале украсни и колекционерски предмети.
Во оваа слика на Џон Еверет Миле, британски предрафаелитски сликар и илустратор од XIX век, ликот во преден план лево користи оревокршачка. Сликата е насликана во 1849 година, но се верува дека сцената, која ја илустрира песната на Џон Китс, Изабела или Садот со босилек, е одвива во средниот век.
Галерија
уреди-
Оревокршачка со завртки од овошно дрво
-
Англиска бронзена оревокршачка која претставува фантастично животно, доверлив слуга
-
Оревокршач од не’рѓосувачки челик
Украсни оревокршачки
уредиОвие дрвени фигурини, првично наречени на германски Nussbeisser, почнале да се прават околу 1650 година во Берхтесгаден и од 1735 година во Зонеберг. Во Рудните Планини, производството на фигурини „оревокршачка“ станало широко распространето во втората половина на 19 век, со центар на Сејфен. Често лицата на оревокршачката наликуваат на тогашните власти (шумар, полицаец, крал, хусар итн.).