Оливер Андонов

македонски политичар

Оливер Андонов (р. 27 февруари 1971[1] во Скопје) — македонски политичар и поранешен Министер за внатрешни работи на Република Македонија. Оваа функција ја извршувал само еден ден,[2][3] односно во периодот од 1 септември 2016 година до 2 септември 2016 година.

Оливер Андонов
Министер за внатрешни работи
На должноста
1 септември 2016 – 2 септември 2016
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Емил Димитриев
Претходник Митко Чавков
Наследник Оливер Спасовски
Лични податоци
Роден(а) 27 февруари 1971(1971-02-27)(53 г.)[1]
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Татјана Андонова
Деца 2
Занимање Универзитетски професор по Безбедност
Вероисповед православна
Македонец

Образование

уреди

Оливер Андонов е роден во Скопје, но живеел во Крива Паланка, каде завршил основно образование, додека средно образование завршил на Военото училиште во Задар и Сараево.[2][3] Се стекнува со подофицерски чин водник и стапува на служба во ЈНА на 15 јули 1989 година.[1]

Во 1999 година дипломира на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнува со звањето професор по одбрана- дефендолог[1].

Во 2007 година магистрирал на постдипломските студии по одбрана, безбедност и мир и развој во насоката мир и развој на тема „Етнополитичката мобилизација и нејзиното влијание врз конфликтниот процес во Република Македонија“.[1] Студиите ги завршува со прсечна оценка 9,25.[1]

Во 2010 година станува и доктор на науки одбранувајќи ја дисертацијата на тема „Моделот на рано предупредување на ЕУ и неговото влијание врз безбедносната политика на РМ“ на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј”.[1][2][4]

Како резултат на своето континуираното образование д-р Оливер Андонов зборува Српски, Бугарски и Англиски јазик, учествува на бројни семинари, симпозиуми и конференции поврзани со Безбедност и Политички науки.

Оливер Андонов е автор на повеќе од 30 научни трудови во областа на безбедност како и автор и соавтор на повеќе книги поврзани со безбедност, мир, разрешување на конфликти и политички теми.

Професионална кариера

уреди

По завршувањето на средното училиште, започнал да работи во гарнизонот во Крагуевац. Како припадник на ЈНА учествува во воениот конфликтот во Хрватска, но по осамостојувањето на Македонија во 1991 стапува во служба на АРМ. Со осамостојувањето на Македонија започнува да работи во кумановскиот гарнизон на АРМ како командир на топографско одделение. Потоа работи и како командир на извидувачки вод во артилериска дивизија.[2] Во периодот од 1992 година до 2004 година, има работено на повеќе командни и штабни должности во АРМ во гарнизоните Куманово, Штип и Скопје.[1]

Во текот на воениот конфликт во 2001 година Оливер Андонов како поручник во АРМ активно учествува.

Во 2003 година започнува да работи на Воената академија како командир на вод и предавач. Во период од 2004 до 2006 година работи во граничната полиција на Република Македонија на границата со Република Грција. Во 2006 бил преместен во МВР како главен инспектор на криминалиситичката полиција.[2]

Од 2004 до крајот на 2009 година, има работено на повеќе должности во МВР во граничната полиција и криминалистичката полиција во Секторите за внатрешни работи во Скопје и Куманово.[1]

Во периодот од 2007 до 2009 година покрај работата во криминалистичката полиција Оливер Андонов ангажиран е како насловен асистент по предметот разрешување на конфликти на Факултетот за безбедност во Скопје на Универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.[1]

По напуштањето на службата во МВР започнува да работи како асистент на Европскиот универзитет во Скопје како асистент по предметите „Обука во стрелање со лично оружје“, „Разрешување на конфликти“, „Детективска тактика во летни услови“ и „Обука во стрелање со лично оружје-2.“[4][5]

Потоа е избран за доцент на МИТ Универзитетот.

Од 2009 до 2011 година е асистент по предметите разрешување на конфликти и обука во стрелање, како и наставник под менторство по предметот детективска тактика во летни услови, на Европскиот универзитет во Скопје на Факултетот за детективи и криминалистика.

Од 2011 до 2016 работи на МИТ Универзитет каде се стекнал со звањето доцент во февруари 2013.

Потоа е избран за доцент на Воената академија на катедрата по безбедност. Само неколку месеци по овој избор академската работа ја става во мирување поради тоа што е избран за министер за внатрешни работи.[2] Од април месец до август 2017 година ја извршува функцијата директор на ЈП Јасен. Во август 2018 година избран е за вонреден професор на Воената академија "Генерал Михаило Апостолски".[1]

Политичка кариера

уреди

Оливер Андонов станува член на ВМРО-ДПМНЕ во 1996 година во Општинскиот Комитет Куманово од каде ги започнал своите политички активности. Во 2004 година преминува во ВМРО-Народна (на Љубчо Георгиевски) од каде, со текот на времето, многу луѓе преминале во ВМРО-ДПМНЕ.[2]

Во периодот на политичката криза во 2015 и 2016 година Оливер Андонов бил еден од најгласните бранители на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.[3][6]

При расправата во Собранието (на 1 септември 2016) за предлогот на Владата Оливер Андонов да биде избран за министер на внатрешни работи тогашниот претседател Емил Димитриев вели:[7][8]

Се работи за поранешен припадник на АРМ, потоа на МВР, а во делот на науката, сите негови постдипломски и докторски студии се во областа на безбедноста. Се работи за човек кој покрај тоа што работел во МВР, со својот научен кредибилитет и постигнувања во безбедноста ќе даде максимум за што е можно попрофесионално извршување на функцијата министер за внатрешни работи[7][8][9]

Истата вечер со 65 гласови Оливер Андонов е изгласан за нов министер за внатрешни работи.[9] Функцијата Министер за внатрешни работи ја извршувал еден ден, бидејќи веќе од 2ри септември 2016тата година започнала да функционира Пржинската влада која имала за цел спроведување на изборите на 11 декември 2016. Во оваа Пржинска влада Оливер Андонов ја извршувал функцијата дополнителен заменски министер за внатрешни работи се до јануари 2017 година.

Неколку дена пред настаните на 27 април 2017 (види: Упад во Собранието на Македонија) поставен е за директор на ЈП „Јасен.“[10][11] Според изворите назначувањето е извршено еден ден откако огласот е објавен:[11][12][13]

Назначувањето на Андонов за директор на Јасен доаѓа во време кога неделникот Фокус објави дека токму резерватот Јасен ќе биде место од каде ќе се командува со апсење на пучистите, откако во земјава ќе биде прогласена воена состојба. Според сценариото што го објавува неделникот, постои план шефот на државата Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојба доколку мнозинството во парламентот избере спикер што би водело кон избор на нова влада. За да се спречи таквиот развој на настаните – се разработело сценарио за прогласување на вонредна состојба.[11]

Еден ден пред Упадот во Собранието, на 27 април 2017 во однос на пишувањата по медиумите дека резерватот Јасен ќе биде местото од каде ќе се командува по прогласувањето на воената состојба за Радио Слободна Македонија Андонов вели:[14][15]

Небулозни спинови кои имаат за цел да предизвикаат страв кај граѓаните.“
и
Понекогаш опозицијата... односно више не знаме и дали се опозиција бидејќи така се однесуваат чудно луѓето. Ке бидам поконкретен, Социјалдемократскиот сојуз и неговите медиуми спинуваат тотални измислици за тоа дека нешто посебно се случува, во Јасен.“[14]
По конгресот во Валандово на кој за претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран Христијан Мицкоски, Оливер Андонов е координатор на партиските комисии и член на кабинетот на Мицкоски. По изборите 2020 година политичките видувања на Андонов и Мицкоски се разидуваат и од септември 2022 година Андонов ја предводи фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.[16]

Улогата во признавањето на МПЦ од страна на СПЦ

уреди

Оливер Андонов преставува еден од најдобрите познавачи на црковните прашања. Ова свое познавање за прв пат македонската јавност има можност да го увиди во емисијата Late Night Show на новинарот Миленко Неделковски. Во ова телевизиско гостување Оливер Андонов ги соочува своите аргументи со српските колеги Александар Раковиќ и професорот Мишина[17]. Подоцна во текот на 2022 година Оливер Андонов имал важна улога во целиот процес кој кулминираше со признавање на МПЦ од страна на СПЦ во текот на мај 2022 година, за што потврда во телевизиско гостување на овие информации даде и Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар[18]

Литература

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 (10 мај 2017). „Р Е Ф Е Р А Т ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: ОДБРАНА, НАУЧНА ОБЛАСТ: ЕТИОЛОГИЈА НА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ" ВО СКОПЈЕ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ШТИП“ (PDF). Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“, Скопје. Посетено на 25 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 'Влатко СТОЈАНОВСКИ' (13 јули 2017). „Архива: Академската кариера на Оливер Андонов – доцент со слаб просек“. Медиа плус Фокус“ ДООЕЛ. Посетено на 11 ноември 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 'Ј.М.' (25 септември 2016). „Колку вреди Оливер Андонов?“. Фактор Портал ДОО Скопје. Посетено на 11 ноември 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 (14 февруари 2011). „Оливер Андов поставен за директор на ЈП „Јасен". Вечер.мк. Посетено на 12 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  5. 5,0 5,1 (22 февруари 2017). „Со криминалот ќе се справуваат и детективки“. Вечер.мк. Посетено на 12 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  6. 6,0 6,1 (2 септември 2013). „Андонов стана министер за внатрешни, се сликаше и веќе не е министер“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 11 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  7. 7,0 7,1 7,2 (1 септември 2016). „Димитриев: Андонов е човек со кредибилитет и максимално професионално ќе ја извршува функцијата“. metpress.com.mk. Посетено на 13 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  8. 8,0 8,1 8,2 (1 септември 2016). „Димитриев: Андонов е човек со кредибилитет и максимално професионално ќе ја извршува функцијата“. Република.мк. Архивирано од изворникот на 2021-02-10. Посетено на 13 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  9. 9,0 9,1 9,2 (1 септември 2016). „Оливер Андонов е нов министер за внатрешни работи“. NETPRESS.COM.MK. Посетено на 13 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  10. 10,0 10,1 (24 април 2017). „Човековата безбедност во современиот свет“. А1он.мк. Архивирано од изворникот на 2018-03-12. Посетено на 12 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 (24 април 2017). „Оливер Андонов нов директор на ЈП Јасен?“. Телевизија 24. Посетено на 12 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  12. 12,0 12,1 „Андонов и официјално именуван за директор на Јасен“. Радио Слободна Европа. 26 април 2017. Посетено на 12 мај 2017.
  13. 13,0 13,1 „Оливер Андонов е именуван за директор на резерватот "Jaсен". „Alsat M“. 26 април 2017. Посетено на 13 ноември 2017.
  14. 14,0 14,1 14,2 (26 април 2016). „Андонов: Фимските сценарија се дегутантни, Јасен останува природен резерват“. Радио Слободна Македонија. Посетено на 13 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  15. 15,0 15,1 (26 април 2016). „Андонов: Филмските сценарија се дегутантни, „Јасен" останува природен резерват“. Република.мк. Архивирано од изворникот на 2021-01-29. Посетено на 13 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  16. „Фракција за ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели партијата е посилна и пообединета“. МИА. Архивирано од изворникот на 2022-12-14. Посетено на 2022-12-14.
  17. milenko 4 12 2015, Посетено на 2022-12-14
  18. ШТО НЕ Е ЈАСНО? (25.10.2022) ГОСТИН: г. Петар - митрополит преспанско-пелагониски на МПЦ-ОА, Посетено на 2022-12-14
  19. (24 април 2016). „Андонов: Не знам дали сум нов директор на „Јасен". Вечер.мк. Посетено на 13 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  20. „Андонов: Не знам дали сум нов директор на „Јасен". „Медиа плус Фокус“ ДООЕЛ, издавач на неделникот „Фокус“. 26 април 2017. Посетено на 13 noemvri 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  21. (13 април 2016). „Список на помилувани од Иванов“. Вечер.мк. Архивирано од изворникот на 2017-01-01. Посетено на 12 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  22. (23 април 2016). „Андонов: Странскиот фактор сака да ја искористи кризата“. Вечер.мк. Посетено на 12 ноември 2018.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
Политички функции
Претходник
Митко Чавков
Министер за внатрешни работи на Македонија
2016
Наследник
Оливер Спасовски