Окрузи во Париз

(Пренасочено од Окрузи на Париз)

Градот Париз се дели на 20 општински окрузи (фр. arrondissements municipaux). Овие се разликуваат од департманските окрузи, кои се поситни единици на стоте департмани. Во случајот на Париз секогаш се работи за општински окрузи, изворно наречени и арондисмани (изговор [aʁɔ̃dismɑ̃] на француски).

Окрузи во Париз
Управа
Земја Франција
Регион Ил де Франс
Департман Париз
Кантони 20
Општини 1
Префектура Париз
Статистики
Површина¹ 105 км²
Население
 - 1999 2.125.246
 - Густина 20240/км²
Местоположба
¹ Податоци од Земјишниот регистар на Франција, во кој не се вбројуваат езера, бари, ледници > 1 км² и речни устија.

Округот се означува со двете последни бројки од париските поштенските броеви (75001 до 75020).

Опис

уреди

Дваесетте окрузи се распоредени во надесна спирала, почнувајќи од средината на градот, со тоа што првиот е на Десниот брег на реката Сена (Rive Droite). На овој начин се поделени и градовите Лион и Марсеј.

 
План на окрузите во Париз со двете шуми


На списокот се наведени окрузите со нивната местоположба во однос на реката Сена - Десен брег на Сена (Д) или Лев брег на Сена (Л) (островите Ил де ла Сите и Сен-Луј во IV, и делумно во I округ):

Округ Име Површина (км²) Население
(попис 1999)
Население
(проц. 2005)
Густина (2005)
(жит/км²)
Најнаселен (год.)
I (Д) Лувр 1,826 16.888 17.700 9.693 пред 1861
II (Д) Бурс 0,99219.585 20.700 20.867 пред 1861
III (Д) Темпл 1,171 34.248 35.100 29.974 пред 1861
IV (Д) Отел-де-Вил 1,601 30.675 28.600 17.864 пред 1861
V (Л) Пантеон 2,541 58.849 60.600 23.849 1911
VI (Л) Луксембург 2,154 44.919 45.200 20.984 1911
VII (Л) Пале-Бурбон 4,088 56.985 554.00 13.552 1926
VIII (Д) Елисе 3,881 39.314 38.700 9.972 1891
IX (Д) Опера 2,179 55.838 58.500 26.847 1901
X (Д) Анкло-Сан-Лорен 2,892 89.612 88.800 30.705 1881
XI (Д) Попенкур 3,666 149.102 152.500 41.598 1911
XII (Д) Реји 16,324¹
6.377²
136.591 138.300 21.687² 1962
XIII (Л) Гоблен 7,146 171.533 181.300 25.371 20055
XIV (Л) Обсерватоар 5,621 132.844 134.700 23.964 1954
XV (Л) Вожирар 8,502 225.362 232.400 27.335 1962
XVI (Д) Паси 16,305³
7.8464
161.773 149.500 19.0544 1962
XVII (Д) Батињол-Монсо 5,669 160.860 160.300 28.277 1954
XVIII (Д) Бит-Монмартр 6,005 184.586 188.700 31.424 1931
XIX (Д) Бут-Шомон 6,786 172.730 187.200 27.586 20055
XX (Д) Менилмонтан 5,984 182.952 191.800 32.052 1936

Белешки:
1. Со Венсанската шума
2. Без Венсанска шума
3. Со Булоњската шума
4. Без Булоњската шума
5. Официјална проценка од 2005 г. Во овие окрузи населението може сè уште да се зголемува.

Секој округ понатаму се дели на четврти, односно, квартови. Така, Париз има 80 „административни четврти“ (quartiers administratifs), секој со полициска станица. Четвртите се наведени на табела на страницата fr:Quartiers administratifs de Paris.

Историја

уреди

Пред 1860

уреди
 
Мапа која ги покажува 12-те поранешни окрузи. Околната област во сиво ја покажува големината на Париз после експанзијата во 1860.

На 11 октомври 1795, Париз бил поделен на 12 окрузи. Тие биле нумерирани од запад кон исток, со броевите 1-9 на десниот брег на Сена, и 10-12 на левиот брег.

Секој округ бил поделен на четири квартови, што одговарало на 48 првични окрузи формирани во 1790.

После 1860

уреди

На 1 јануари 1860, во времето на Наполеон III имало нова територијална поделба. Претходните 12 окрузи биле преуредени со новата поделба со што се добиле денешните 20 окрузи.

Поврзано

уреди
  • Paris, je t'aime, филм составен од петминутни извадоци од секој париски округ.

Надворешни врски

уреди